Национален парк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Национален парк во Аргентина
Националниот парк Јелоустон, САД
Планината Галичица во истоимениот национален парк во југозападна Македонија
Националниот парк Абиску, Шведска

Национален парк — заштитен природен или полуприроден предел во сопственост на владата на една земја. Во ваквото подрачје се забранети градежни потфати, експлоатација на природните ресурси и менување на теренот, а се дозволува негово користење за рекреација и еколошки активности. Првиот национален парк во светот е Јелоустон во САД, основан во 1872 г., иако самата идеја е постара. Според Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП или IUCN), и неговата Светска комисија за заштитени области, националните паркови се класификуваат како заштитени области од II категорија. Најголемиот национален парк во светот е Североисточен Гренланд, основан во 1974 г. Според МСЗП во светот постојат околу 7000 национални паркови (2010).[1]

Критериуми[уреди]

Во 1969 г. МСЗП донеле одлука дека едно место е национален парк ако има релативно големо подрачје со особени својствени карактеристики.[2] За национален парк се смета место:

  • со еден или повеќе екосистем кој не е материјално видоизменет со експлоатација и населување од човекот, каде раститтелните и животинските водиви, геоморфолошките места и живеалишта се од особен научен, образовен и рекреативен интерес и кои содржат природни предели со значителна убавина.
  • каде највисокиот надлежен орган во земјата спречил и отстранил експлоатација и населување во целата област штом може и да налага почитување и заштита на еколошките, геоморфолошките и естетските особености поради кои областа е прогласена за национален парк.
  • каде на посетителите им се дозволува влез, од посебни услови, за инспиративни, образовни, културни и рекреативи цели.

Во 1971 г. се донесени дополнителни критериуми за појасно утврдување на подобноста на една област:

  • површина од барем 1.000 хектари во секое подрачје каде важи заштитата
  • законски пропишана заштита
  • буџет и доволно кадар за успешна заштита
  • забрана за експлоатација на природните ресурси (вклучувајќи брани) во име на спорт, риболов, управни потреби, сместувања, услуги и тн.

Во Македонија[уреди]

Во Република Македонија има три национални парка:

Покрај ова, во постапка е прогласувањето на Шара за четврт национален парк.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. http://www.exmoor-nationalpark.gov.uk/2006_feb_3
  2. Gulez, Sumer (1992). A method of evaluating areas for national park status.

Надворешни врски[уреди]