Јемтланд (округ)
| Јемтланд Jämtlands län |
|||
|---|---|---|---|
| — Округ — | |||
|
|||
| Земја | Шведска | ||
| Админ. центар | Естерсунд | ||
| Управа | |||
| • Управник | Брит Болин Олсон | ||
| • Совет | Окружен совет на Јемтланд | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 49.444 км2 | ||
| Население (31 март 2011)[1] | |||
| • Вкупно | 126.573 | ||
| Час. појас | CET (UTC+1) | ||
| • Лете (DST) | CEST (UTC+2) | ||
| БДП (ном.) | 27.628 милиони круни (2004) | ||
| БДП/жит | 215.000 круни | ||
| NUTS | SE322 | ||
Јемтланд (швед. Jämtlands län) е округ (län) во средна Шведска. Ги опфаќа покраините Јемтланд и Херједален, заедно со мали делови од Хелсингланд и Онгерманланд, како и незначително ситни ненаселени делчиња од Лапонија и Даларна. Округот зафаќа 49.443 км² или 12% од територијата на Шведска и е трет по големина во земјата. Административен центар е градот Естерсунд, кајшто е сместен окружниот одбор. На чело на одборот стои управник. Округот Јемтланд се граничи со окрузите Даларна, Јевлеборг, Вестернорланд и Вестерботен во Шведска и норвешките окрузи Северен Тренделаг и Јужен Тренделаг.
Јемтланд е формиран во 1810. Првично ги опфаќал само покраините Јемтланд и Херједален, поради што штитот (грбот) ги комбинира само грбовите на тие две покраини.
Содржина |
Покраина [уреди]
Округот Јемтланд главно се состои од покраините Јемтланд и Херједален, со мали делови од Хелсингланд и Онгерманланд и мали ненаселени делчиња од Лапонија и Даларна.
Управа [уреди]
Главна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник. Јемтланд има и окружен совет (Jämtlands Läns Landsting).
Демографија [уреди]
Округот е ретко населен, со тоа што над една третина од населението е селско. Со тоа Јемтланд е второ по големина рурално подрачје во Шведска, веднаш по Готланд. Останатите две третини од луѓето живеат во густо населеното подрачје околу езерото Стуршен наречено „Стуршебигден“ (Storsjöbygden).
Општини [уреди]
Наводи [уреди]
Поврзано [уреди]
Надворешни врски [уреди]
- Окружен административен одбор на Јемтланд (шведски) (англиски)
- Окружен совет на Јемтланд (шведски)
- Јемтланд - службена страница (шведски) (англиски)
|
|||||||