Калмар (округ)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Калмар
Kalmar län
—  Округ  —

Грб

 
Земја Шведска
Админ. центар Калмар
Управа
 - Управник Свен Линдгрен
 - Совет Окружен совет на Калмар
Површина
 - Вкупна 11.171 km2 (4.313,1 sq mi)
Население (31 март 2011)[1]
 - Вкупно 233.168
 - Густина 20,9/km2 (54,1/sq mi)
Часовен појас CET (UTC+1)
 - Лете (DST) CEST (UTC+2)
БДП (ном.)
БДП/жит
NUTS SE213

Калмар (швед. Kalmar län) е округ (län) во јужниот дел на Шведска. Се граничи со окрузите Крунуберг, Јоншепинг, Блекинге и Естерјетланд. На исток во Балтичкото Море се наоѓа островскиот округ Готланд.

Окрузите во шведска се управни единици, додека пак покраините се подрачја од културно-историско значење. Округот Калмар географски го зафаќа источниот дел на покраината Смоланд и целиот остров Еланд.

Содржина

[уреди] Култура

Голем дел од подрачјето наречено Стура Алварет е прогласен за светско наследство на УНЕСКО. Јужниот дел на Еланд е живеалиште на разни ретки видови. Меѓу археолошките знаменитости на Еланд се вбројува ранопалеолитската населба Алби, гробиштата Гетлинге и тврдината Екеторп. На островот се наоѓа и природниот резерват Отенби.

[уреди] Управа

Сè до 1672 територијата на округот Калмар била дел од округот Крунуберг. Помеѓу 1680 и 1683 Блекинге бил дел од Калмар поради поморската база во Карлскруна.

Управата (Landshövding) на округот е сместена во градот Калмар. На чело на окружниот административен одбор (Länsstyrelse) стои управникот. Моментално таа функција ја извршува Свен Линдгрен.

Од 1997 општините и окружниот совет соработуваат преку посредно управуваниот Регионален совет на Калмар. Овој совет ги застапува регионалните интереси во однос на развој, раководи со планирањето на инфраструктурата, високото образование, културни проблематики и инвестиции.

[уреди] Општини

Kalmar Municipalities.png

Копнени:

На Еланд:

[уреди] Наводи

[уреди] Поврзано

[уреди] Надворешни врски


56°44′N 15°54′E / 56.733°N 15.9°E / 56.733; 15.9

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици