Балтичко Море
| Балтичко Море | |
|---|---|
|
|
|
| Местоположба | Европа |
| Координати | 58°N 20°E / 58°N 20°EКоординати: 58°N 20°E / 58°N 20°E |
| Макс. должина | 1.600 km (990 mi) |
| Макс. ширина | 193 km (120 mi) |
| Површина | 377.000 km2 (146,000 sq mi) |
| Прос. длабочина | 55 m (180 ft) |
| Водна зафатнина |
20.000 km3 ( 4,800 cu mi) |
Балтичкото Море се наоѓа во северна Европа и со Северно Море е поврзано со тесните протеци Скагерак и Категат кои се наоѓаат помеѓу Данска од една и Скандинавскиот полуостров од друга страна.
Поради неговата голема географска ширина, малите протоци со Северно Море кои не дозволуваат голема размена на вода, големиот прилив на слатка вода и ладната клима, ова море е едно од најслатките мориња на светот. Поедини негови делови во текот на годината се замрзнати. На неговите брагови излегуваат Данска, Шведска, Финска, Русија, Естонија, Летонија, Литванија, Полска и Германија. Според важноста на земјите кои овде се наоѓаат, како и според обемот на сообраќајот кој овде се одвива, Балтичкото Море може да се нарече „Северно“ Средоземно Море.