Веделово Море

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Веделовото море во оваа сателитска снимка на Антарктикот се наоѓа во горниот лев дел, што и се вика „заливот“ на Антарктикот.

Веделовото море е рабно море во Јужниот Океан, на брегот на Антарктикот. Веделовото море зафаќа површина од 8,245,000 км². Од север е опкружено со Јужните Шетландски Острови, Јужните Оркиниски Острови, Јужните Сендвички Острови, од запад и југозапад се наоѓа Антарктичкиот Полуостров, а од југ и југоисток се наоѓа Антарктичкото копно. Најголемата длабочина измерена во ова море изнесува 5.148 м. Просечната годишна температура на површинскиот слој изнесува помалку од 0°C, која во длабочините се зголемува. Морето е откриено од англичанецот Џејмс Ведел во 1823, по чие име го добило и морето.

Поврзано[уреди]