Молучко Море

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Местоположба на Молучкото Море во Југоисточна Азија
Карта на подрачјето

Молучкото Море (индонезиски: Laut Maluku) е море на територијата на Индонезија, во западниот дел на Тихиот Океан. Подрачјето е богато со корали и многу места за нуркање.

Местоположба[уреди]

Морето се граничи со Бандското Море на југ и Целебеското Море на север.

Островите во морето се Халмахера на североисток, Буру и Серам во средината и Сулавеси на запад. Островската група Талауд на север важи за граница на морето, иако самата Молучка морска плоча (тектонска плоча) се протега уште извесно растојание на север.

Според Меѓународната хидрографска организација (МХО), Молучкото Море е едно од водите на Источноиндискиот Архипелаг, со следниве граници:[1]

на север. Линија од североисточниот крај на Целебес [Сулавеси] преку островската група Сјау до јужниот ’рт на Сангир (3°21′ СГШ 125°37′ ИГД /  ), а оттаму до јужниот крај на групата Талауд, па преку нив до североисточниот крај (4°29′ СГШ 126°52′ ИГД /  ), а оттаму линија до Танџонг Сопи, северниот ’рт на островот Моротај.

на исток. По западниот брег на Моротај од Танџонг Сопи до Ваџабула на југ (2°17′ СГШ 128°12′ ИГД /  ), а оттаму линија до северниот ’рт на Халмахера и по западниот брег до Танџонг Либоло (најјужниот дел).

на југ. Линија од најјужната точка на Халмахера до северниот ’рт на островот Биса (Сетил), а оттаму до северниот крај на Голем Оби, преку овој остров до Танџонг Аке Ламо (југозападниот ’рт), а оттаму до Танџонг Дехеколано (источен крај на групата Сула), долж северните брегови до Танџонг Марикасу (западниот крај), а оттаму линија до југоисточниот ’рт на островот Бангај (1°43′ ЈГШ 123°36′ ИГД /  ).

на запад. Источните брегови на островите Бангај и Пеленг до Северен Банглакан (1°10′ ЈГШ 123°18′ ИГД /  ), а оттаму линија до ’ртот Боток (Целебес) (1°04′ ЈГШ 123°19′ ИГД /  ) во обиколка на брегот до ’ртот Пандџанг (0°39′ ЈГШ 123°25′ ИГД /  ) и до ’ртот Томбалилату (123°21' ИГД) на спротивниот брег, а оттаму пак по источниот брег до ’ртот Пујсан (североисточниот крај на Целебес).

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Граници на океаните и морињата, III издание“. Меѓународна хидрографска организација. 1953. http://www.iho-ohi.net/iho_pubs/standard/S-23/S23_1953.pdf. конс. 7 февруари 2010.  (англиски)