Ирско Море

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Релјефна карта на Ирското Море. Шпедитивните и патничките пристаништа се обележани со црвени точки. Исклучиво шпедитивните пристаништа се обележани со сини точки.

Ирското Море (ирски: Muir Éireann или Muir Meann; шкотски: Muir Eireann велшки: Môr Iwerddon, мански: Mooir Vannin, англиски: Irish Sea) е водна површина која ги дели островите Ирска и Велика Британија. Поврзано е со делот на Келтското Море од Атлантскиот Океан со Свети Ѓорѓиевиот Проток помеѓу Ирска и Велс, а на север со Северниот Канал помеѓу Северна Ирска и Шкотска што е дел од т.н. „Морско подрачје на Внатрешните Мориња вон западната обала на Шкотска“. Островот Ман се наоѓа во Ирското Море. Ова море е од големо значење за регионалното стопанство, трговија, шпедиција и транспорт, риболовот и електростопанството во облик на ветерна сила и атомски централи. Веќе долго време се одвива полемика во врска со градењето на 80-километарски железнички тунел кој би ги поврзал Британија и Ирска. Помеѓу Британија и Ирска годишно сообраќаат 12 милиони патници и 17 милиони тони трговска стока.

53°43′18″N 5°10′38″W / 53.72167°N 5.17722°W / 53.72167; -5.17722

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици