Бенгалски Залив

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Местоположба на Бенгалскиот Залив во рамките на југоисточна Азија

Бенгалскиот Залив е залив, сместен на североисточната страна на Индискиот Океан, кој се граничи со бреговите на Индија, Бангладеш, Бурма и Шри Ланка. На запад граничи со полуостровот Индостан, на исток — со островската група Андамански и Никобарски Острови. На север од заливот се наоѓа историската област Бенгал (вклучувајќи ги во себе денешен Бангладеш и индиската држава Западен Бенгал), откаде му е и името.

Во Бенгалскиот Залив се вливат многу големи реки — Ганг, Брамапутра и Мегна, Кришна, Годавари, Кавери, Маханади, Иравади.

Најголеми пристаништа се — Ченај, Вишакапатнам, Пондишери, Калкута (Индија), Читагонг (Бангладеш). На североисточната страна на заливот, блиску до градот Кокс Базар (Бангладеш) се наоѓа најдолгата плажа на светот (120 км).