Целебеско Море

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Целебеското Море

Целебското Море или Сулавеси е дел од Тихиот Океан. Се наоѓа меѓу архипелагот Сулу и островите Минданао на север, источно од морето се наоѓаат островите Сангихе, островите Сулавеси се наоѓаат на југ и островите Борнео на запад. На југозапад, морето е поврзано со Јаванското Море преку Макасарскиот Проток. Целебското Море достигнува максимална длабочина од 6,200 м, долго е 837 км во правец исток-запад и 675 км во правец север-југ, со вкупна површина од 280.000 км². Целебското Море има голема разновидност на риби и морски животни. Морето има топла и бистра вода, овозможувајќи живот за околу 580 од 793 видови на корали, делфини, китови, морски желки, баракуда и други видови. Ова море е исто така богато со туна и жолта туна. Целебското Море е значаен транспортен пат за тргување во регионот. Морето е многу популароно место за длабоко нуркање и лукзусни крстарења. Морето е познато во светот по пиратството која ги погодува малите рибарски бродови како и големите бродови кои што носат контејнери (танкери).