Саргасово Море

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Саргасово Море

Саргасово Море — голем проток во Северниот Атлантски Океан во кој циркулацијата на водата оди надесно со три струи околу рабовите. Прва е Канарската Струја на исток што се движи кон југ, втора е Северната екваторијална струја на југ, што се движи кон запад, а третата е Голфската струја, на запад и север. Поради Кориолисовиот ефект, движењето на овие струи на преиферијата на морето ја носи океанската вода кон неговата средина. Поради тоа, средината на Саргасовото Море е на околу 1 м над нивото на водата по должината на источниот брег на САД. Летно време поголемото испарување во однос на дождот создава дебел слој на топла солена вода на средината на морето. Тоа го спречува подигањето на студената вода која е богата со хранливи состојки од морското дно, а недостигот на хранливи состојки влијае врз проречноста на планктонот. Меѓутоа покривката од морскиот плевел саргасум е живеалиште на голем број животни.[1]

Наводи[уреди]

  1. Dent, Lester (2007). Doc Savage Reprint #7: The Lost Oasis and The Sargasso Ogre. Nostalgia Ventures.ISBN 1-932806-71-7