Тиренско Море

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на Италија со Тиренското Море

Тиренското Море (итал. Mare Tirreno) е водна површина која преставува дел од Средоземното Море, т.е. делот западно од копното на Италија.

Географија[уреди]

Морето се граничи со Корзика и Сардинија на запад, Тоскана, Лацио, Кампанија, Базликата и Калабрија на исток и Сицилија на југ.

Најголемата длабочина на морето изнесува 3785 m.

Тиренското Море се наоѓа близу местото кадешто се среќаваат африканската и европската плоча, па затоа во неговите длабочини има цели планински вериги и активни вулкани. Во јужниот дел од морето се наоѓаат осумте Липарски Острови, северно од Сицилија.

Граници[уреди]

Според Меѓународната хидрографска организација, границите на Тиренското Море се следниве:[1]

Во Месинскиот Проток. Линија што го поврзува северниот крај на ’ртот Пачи (15°42' ИГД) со источниот крај на островот Сицилија, ’ртот Пелоро (38°16' СГШ).

На југозапад. линија што се протега од ’ртот Лилибео (најзападно во Сицилија) до јужниот крај на ’ртот Теулада (8°38' ИГД) во Сардинија.

Во протокот Бонифачо. Линија од западниот крај на ’ртот Теста (41°14' СГШ) во сардинија, па до југозападниот крај ’ртот Фено (41°23' СГШ) во Корзика.

На север. Линијата што ги поврзува ’ртот Корс (или Корзо, 9°23' ИГД) во Корзика, со островот Тинето (44°01′ СГШ 9°51′ ИГД /  ) и оттаму, низ островите Тино и Палмарија, па до ’ртот Сан Пјетро (44°03′ СГШ 9°50′ ИГД /  ) на крајбрежјето на Италија.

Излези[уреди]

Тиренското Море има пет излеза (од север кон југ):

Име[уреди]

Името на морето доаѓа од грчкиот поим за Етрурците, кои се сметале за доселеници од Лидија, предводени од кнезот Тирен.[2] Етрурците се населиле долж крајбрежјето на денешна Тоскана, и затоа морето се нарекувало уште и „Етрурско Море“.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Граници на океаните и морињата, III издание“. Меѓународна хидрографска организација. 1953. http://www.iho-ohi.net/iho_pubs/standard/S-23/S23_1953.pdf. конс. 6 февруари 2010.  (англиски)
  2. Потеклото на Етрурците, Универзитет на Сан Хозе (англиски)