Тоскана

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Катедралата Санта Марија дел Фјоре во Фиренца
Тоскана
Toscana
—  Регион во Италија  —

Знаме

Грб
Земја Италија
Админ. центар [[Фиренца]]
Управа
 • Претседател Енрик Роси (PD)
Површина
 • Вкупна 22.993 км2
Население (31-03-2012)
 • Вкупно 3.763.076 жит.
Демоним Тоскан
Граѓанство[1]
 • Италијанци 90%
 • Кинези 8%
 • Албанци 1%
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
БДШ/ном. € 106.1[2] милијарди (2008)
БДП/жит € 28,500[3] (2008)
NUTS ITC
Портал regione.toscana.it

Тоскана (италијански: Toscana) е еден од најголемите и најважни региони во Италија поради своето културно-историско и уметничко наследство. Сместена во Централна Италија, на северо-запад се граничи со Лигурија, на север со Емилија-Ромања, на исток со Марке и Умбрија, на југ со Лацио. Површината која го зафаќа овој регион на Апенинскиот Полуостров е 22.997 км² а името произлегло од првите жители кои ја населувале таа зона, Етрурците или Туски, кои му ги дале на регионот првите форми на територијална организација. По нив, регионот бил завземен од страна на Римјаните а по паѓањето на Римската Империја, Тоскана паднала под власт на Готите, Лонгобардите и на Каролинзите. Во средновековниот период биле основани независните општини кои не издржале под превласта на Фиренца со која управувало семејството Медичи. Тоскана се смета за лулката на италијанскиот јазик во која се родиле едни од најпознатите италијански уметници и поети. Освен тоа, Тоскана е своевиден регион-музеј: нејзините градови чуваат многубројни ремек дела како палати, цркви, галерии, кои привлекуваат туристи од целиот свет.

Главен град на регионот Тоскана е Фиренца, град кој е прочуен во светот по својата убавина и многубројните културно-историски споменици, но и по природната убавина. Во овој регион се сместени и други познати градови како Пиза, Сиена, Лука, Арецо и Ливорно.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Врвот Пизанино на Апуанските Алпи