Ломбардија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ломбардија
Lombardia
—  Регион во Италија  —

Знаме

Грб
Земја Италија
Админ. центар Милано
Управа
 • Претседател Роберто Марони (Северна лига)
Површина
 • Вкупна 23.844 км2
Население (30-10-2012)
 • Вкупно 9.749.593 жит.
Демоним Ломбардијци
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
БДШ/ном. € 318.4[1] милијарди (2009)
БДП/жит € 33,500[2] (2008)
NUTS ITC
Портал www.regione.lombardia.it

Ломбардија (италијански: Lombardia, западноломбардиски: Lumbardìa, источноломбардиски: Lombardia) е еден од 20. региони на Италија. Главен град е Милано. Шестина од населението на Италија живее во Ломбардија и околу една петтина од БДП на Италија се произведува во регионот, правејќи го најнаселен и најбогат регион во државата и еден од најбогатите во цела Европа.[3] Главни туристички одредишта во регионот се историските, културните и уметничките градби во Милано (кој е второто туристичко одредиште во Италија),[4] Бреша, Мантова, Павија, Комо, Кремона, Бергамо, Сондрио, Леко, Лоди, Варезе, Монца и езерата Гарда, Комо, Маџоре и Изео.

Официјален јазик, како и во цела Италија, е италијанскиот. Традиционални локални јазици се различни дијалекти на ломбардискиот јазик (западно- и источноломбардиски), како и некои дијалекти емилијанскиот јазик, говорени во некои делови на покраините Мантова, Павија и Кремона. Според Истат, скоро 27% од Ломбардијците ги говорат и италијанскиот и ломбардискиот јазик; 9,1% само ломбардискиот, а 57,6% само италијанскиот.[5]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]