Комо
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Општина {{{name}}} | |
|---|---|
| — Општина — | |
| Земја | Италија |
| Регион | Ломбардија |
| Покраина | Комо (CO) |
| Месности | Понте Кијасо, Гарзола, Сањино, Монтеолимпино, Тавернола, Камнаго Волта, Лора, Престино, Бречија, Ребио, Чивиљио, Муџијо, Албате |
| Управа | |
| • Градоначалник | Стефано Бруни |
| Час. појас | CET (UTC+1) |
| • Лете (DST) | CEST (UTC+2) |
| Пошт. бр. | 22100 |
| Повик. бр. | 031 |
| Заштитник | Свети Абондио |
| Слава | 31 август |
| Портал | www.comune.como.it |
Комо (италијански: Como или Comm на локалниот дијалект на ломбардскиот јазик) е град во Ломбардија, Италија, 45 km северно од Милано. Градот се наоѓа на брегот на езерото Комо и е главен град на провинцијата Комо.
Содржина |
Историја [уреди]
Ридовите околу денешниот град биле населени уште во праисторијата, барем од бронзеното доба. Југозападно од градот, на пошумените ридови можат да се забележат наоди што сведочат за тие населби. Народот кој живеел во нив се нарекувал Оробии, кој бил келтско племе.
Околу I в. п.н.е. оваа територија потпаднала под римска власт. Првиот центар се наоѓал на околните ридови, но потоа бил преместен на неговата моментална местоположба по наредба на Јулиј Цезар, кој го исушил мочуриштето близу јужниот крај на езерото и го поставил планот на крепосниот град по типичниот шаблон на улици под прав агол. Новооснованиот град бил наречен Новум Комум и носел титула на муниципиум.
Во 774, градот се предал на Франките под водство на Карло Велики, и станал трговски центар.
Во 1127 Комо бил поразен по десетгодишна војна со соседниот град Милано. По неколку децении, со помош од Фредерик Барбароса, комаските се осветиле со тоа што го срамниле градот Милано (1162). Барбароса ја подржал изградбата на неколку одбрамбени кули околу градот, од кои денес постои само една, наречена Барадело.
Од тогаш па натаму, историјата на Комо ја следело историјата на војводството Милано, преку француската инвазија, потоа шпанската доминација сè до 1714, кога територијата потпаднала под австриска власт. Наполеон дошол во Ломбардија во 1796 и владеел со неа сè до 1815, кога таа повторно потпаднала под австриска власт со Виенскиот конгрес. Најпосле, во 1859, со доаѓањето на Џузепе Гарибалди, градот се ослободува од австријците и станува дел од новоформираното Кралство Италија под водство на Савојската династија.
На крајот на Втората светска војна, со неговото поминување низ градот во бегството за Швајцарија, Мусолини бил заробен и застрелан од локалните партизани во Џулино ди Мецегра, паланка на северниот брег на езерото Комо.
Етнички групи и имиграција [уреди]
| Поз. | Континент | Процент |
|---|---|---|
| 1 | Европа | 5.3% |
| 2 | Азија | 3.5% |
| 3 | Африка | 2.5% |
| 4 | Америка | 1.6% |
| 5 | Океанија | 0.1% |
Главни туристички атракции [уреди]
Знаменитости [уреди]
- Дуомо, изградена помеѓу XIV и XVIII в. Поврзана е со античкото градско собрание на градот, наречено „Бролето“.
- Сан Феделе, романескна црква од XII в.
- Бролето (античко градско собрание)
- Романескната црква Сант Абондио. Содржи прекрасни слики од XI в.
- Каза дел Фашио, најславното дело на Џузепе Терањи. Рана знаменитост на современата архитектура.
- Монументо аи Кадути (од Џузепе Терањи)
- Театро Социјале (од Џузепе Куси)
- Вила Олмо (излагања)
- Древни ѕидови (средновековни)
- Кастело Барадело, мал средновековен замок.
Музеи [уреди]
- Музеи Цивичи
- Музео Аркеологико „П. Џовио“
- Музео Сторико
- Пинакотека
- Темпио Волтијано, музеј посветен на делата на Алесандро Волта
- Музео дела Сета
- Музео Ликео класико „А. Волта“
- Вила Олмо (излагања)
Славни лица [уреди]
Стопанство [уреди]
Комското стопанство е традиционално индустриско - градот уживал светска слава заради производството на свилата. Во последно време туризмот е сè повеќе значајна гранка. Многу познати личности имаат куќи на бреговите на езерото Комо, како на пример Ерос Рамацоти, Мадона, Џорџ Клуни, Џани Версаче и Силвестер Сталоне. Ова значително го има зголемено меѓународниот профил на местото.
Универзитет [уреди]
- Университа дељи студи дел'Инсубрија - поло ди Комо (веб-сајт)
- Политекнико ди Милано - поло ди Комо (веб-сајт)
Превоз [уреди]
Сервицио Феровиаријо Реџонале го поврзува Комо со воз со другите позначајни места во Ломбардија (R линии). Услугите ги вршат Трениталија и Феровие Норд Милано и постојат две главни станици: Комо С. Џовани (Трениталија) и Комо Лаго (Феровие Норд Милано). Има уште една градска станица опслужувана од Трениталија (Албате) и три други градски станици опслужувани од Феровие Норд Милано (Комо Борги-Университа, Комо Камерлата и Грандате Бречија).
Најблиските аеродроми се Милано Малпенза и Лугано Ањо. До Милано Маплпенса се стигнува за 1 час со автобус или воз (Феровие Норд Милано), со промена на воз во Сароно.