Милано

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Милано
Milano
—  Општина  —
Поглед на Миланската катедрала

Знаме

Грб
Прекар(и): Главен град на моралот на Италија[1]
Милано се наоѓа во Италија
Милано
Местоположбата на Милано во Италија
Координати: 45°28′ СГШ 9°11′ ИГД / 
Земја Италија
Регион Ломбардија
Покраина Милано (MI)
Населен од Келтите како Медиоланум околу 400 п.н.е.
Управа
 • Градоначалник Џулијано Пизапија (SEL)
Површина
 • Вкупна 181,76 км2
Надм. вис. 120 м
Население (30 април 2013)[2]
 • Вкупно 1,295,723 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Пошт. бр. 20100, 20121–20162
Повик. бр. 02
Заштитник Амвросиј Медиолански
Слава 7 декември
Портал Матична страница

Милано (италијански: Milano; милански: Milan) е вториот најголем град во Италија и главен град на регионот Ломбардија. Самиот град има население од околу 1,35 милиони, додека неговата урбана област е петта најголема во рамките на ЕУ и најголема во Италија со проценето население од околу 5,2 милиони.[3] Големото ширење на градот кое следеле по повоениот економски бум во 1950-тите и 1960-тите и растот на пространата урбана област, наведуваат дека градот има влијание и надвор од неговите административни граници, создавајќи метрополитенска област од седум[4] до девет[5] милиони луѓе. Според Евростат, метрополитенската област има население од 8.071.271 луѓе во 2011.[6] Таа се вбројува во т.н. Сина банана, област во Европа со најмногу население и индустриска густина.[7]

Милано бил основан од Келтите. Подоцна, градот бил освоен од Римјаните, станувајќи главен град на Западното римско царство. Во текот на Средниот век, Милано се развил како трговски и банкарски центар.[8] Низ вековите бил освојуван и владеен од Франција, Хабсбуршка Шпанија и Австрија, до 1859 кога градот конечно бил припоен од новото Кралство Италија. Во текот на раните 1900-тите, Милано ја предводел индустријализацијата на младата нација, станувајќи економски, социјален и политички центар. Лошо погоден од уништувањата во Втората светска војна и по суровата нацистичка окупација, градот станал главен центар на италијанскиот отпор.[9] По војната, градот доживеал силен економски бум, привлекувајќи голем број на имигранти од руралната Јужна Италија.[10] Во текот на последните декади, Милано привлекува голем број на странски имигранти и денес повеќе од една шестина на неговото население е со странско потекло.[2]

Милано е главен индустриски, трговски и финансиски центар на Италија и водечки глобален град.[11] Во неговиот финансиски центар се наоѓа италијанската берза (Borsa Italiana) и седиштата на најголемиот дел на националните банки и компании. Градот е познат како еден од главните градови во светот на модата[12] и дизајнот[13]. Благодарение на неговите важни музеи, театри и знаменитости (вклучувајќи ја Миланската катедрала, петта најголема катедрала во светот и Санта Марија деле Грацие, украсена со слики на Леонардо да Винчи, дел од светското културно наследство) Милано привлекува повеќе од два милиони посетители секоја година.[14] Во него се наоѓаат бројни институции и универзитети, со повеќе од 185.000 студенти во 2011, т.е. 11 проценти во целата земја.[15] Градот е исто така познат по неколку меѓународни настани и саеми, како што се Миланската модна недела и Саемот за мебел, најголем од таков вид во светот,[16] и ќе биде домаќин на светскиот саем Експо 2015. Милано е дом на два големи фудбалски клубови, Милан и Интер.

Поврзано[уреди]

Портал „Италија

Наводи[уреди]

  1. Енциклопедија Британија. „Милано (Италија) - Енциклопедија Британика“. Britannica.com. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/382069/Milan#. конс. 3 јануари 2010. 
  2. 2,0 2,1 „Проценка за официјалното населние на Истат“. http://demo.istat.it/bilmens2013gen/index.html. конс. 14 октомври 2013. 
  3. „Демографија Светски урбани области“ (PDF). http://www.demographia.com/db-worldua.pdf. конс. 14 септември 2013. 
  4. ОЕЦД. „Competitive Cities in the Global Economy“ (PDF). http://194.30.231.7/xtra/media/files/var/cities.pdf. конс. 30 април 2009. 
  5. „EXPO 2015 Official Website – Milan, Italy“. http://en.expo2015.org/why-milan&TYPE=browse. конс. 26 мај 2012. 
  6. „Eurostat - Data Explorer“. Appsso.eurostat.ec.europa.eu. http://appsso.eurostat.ec.europa.eu/nui/show.do?dataset=met_pjanaggr3&lang=en. конс. 14 септември 2013. 
  7. Герт-Јан Хосперс (2002). „Beyond the Blue Banana? Structural Change in Europe's Geo-Economy“ (PDF). „42nd EUROPEAN CONGRESS of the Regional Science Association Young Scientist Session – Submission for EPAINOS Award 27–31 август 2002 – Дортмунд, Германија“. архивирано од оригиналот на 29 септември 2007. http://web.archive.org/web/20070929001624/http://www.ersa.org/ersaconfs/ersa02/cd-rom/papers/210.pdf. конс. 27 септември 2006. 
  8. Luca Molà (2000). „The Silk Industry of Renaissance Venice“. Baltimore: The Johns Hopkins University Press. стр. 6. ISBN 0-8018-6189-6. 
  9. Cooke, Philip (1997). „Italian resistance writing : an anthology“. Manchester: Manchester University Press. стр. 20. ISBN 0-7190-5172-X. 
  10. Ginsborg, Paul (2003). „A history of contemporary Italy : society and politics, 1943 - 1988“. New York: Palgrave Macmillan. стр. 220. ISBN 1-4039-6153-0. 
  11. „GaWC – The World According to GaWC 2010“. Lboro.ac.uk. 14 септември 2011. http://www.lboro.ac.uk/gawc/world2010t.html. конс. 10 јули 2012. 
  12. „The Global Language Monitor » Fashion“. Languagemonitor.com. http://www.languagemonitor.com/fashion/. конс. 1 јуни 2011. 
  13. „Милано, Италија“. Frogdesign.com. http://www.frogdesign.com/contact/milan.html-0. конс. 1 јуни 2011. 
  14. „Euromonitor International’s top city destinations ranking“. Euromonitor.com. http://www.euromonitor.com/euromonitor-internationals-top-city-destinations-ranking/article. конс. 1 јуни 2011. 
  15. „Универзитети и истражување во Милано“. Покраина Милано. http://www.provincia.milano.it/economia/en/saperne/milano_cifre/universita_ricerca/index.html. конс. 4 ноември 2012. 
  16. „Саем за мебел Милано“. Monocle.com. 30 април 2009. http://www.monocle.com/sections/design/Web-Articles/Milan-2009/. конс. 10 јули 2012. 

Надворешни врски[уреди]