Џани Версаче

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Џани Версаче (итал. Gianni Versace) е италијански моден креатор (Реџо Калабрија, 2 декември 1946 - Мајами Бич, 15 јули 1997) кој се смета за едно од најпознатите имиња на италијанската мода во светот. Неговиот моден правец успеал да направи успешен спој меѓу елегантниот и спортскот стил, меѓу машкиот и женскиот од друга страна и на тој начин дал свој печат во светската мода промовирајќи го италијанскиот дизајн и креација. Основач е на модната куќа Gianni Versace SpA, која денес е управувана од страна на неговото семејство.

Неговите креации прават спој од повеќе елементи, свила и кожа, метал и гума и мошне често се среќаваат ткаенини со печатени апликации и украси и везови во прв план. Никогаш не креирал модели повикувајќи се на носталгичните модни трендови, само во ретки случаи неговата фантазија успевала да ги поврзе старите мотиви со нова облека која дури и на тој начин преку извонредната изработка оддавала изглед на нешто сосем екстраваганто. Секогаш внимателен на сугестиите кои произлегувале од младата публика, Версаче се наметнал во светот на модата пред сѐ благодарение на својата генијалност која направила да биде поинаков од останатите креатори.


Биографија[уреди]

«Медуза Ронданини», симбол на Версаче

Џани Версаче се родил на 2 декември 1946 година во Реџо Калабрија и првите контакти со модата ги имал уште како дете, во ателјето на неговата мајка која по професија била кројачка.

Во 1972 година се преселува во Милано за да работи како дизајнер на облека, креирајќи ги своите први модели за Genny, Complice и Callaghan. Во 1975 година ја презентира својата прва колекција изработена од кожа за Complice.

На 28 март 1978 во Палатата дела Перманенте, во Милано, Џани Версаче ја промовира првата женска колекција на која стои неговито потпис.

Следната година Версаче, кој од секогаш водел грижа за своето реноме, започнува плодна соработка со американскиот фотограф Ричард Аведон (англ.Richard Avedon), и во 1982 ја добива наградата Златно Око за најдобар креатор во 1982/83 за женската колекција есен / зима. Токму во овој период Версаче започнува да ги воведува во употреба оние метални елементи кои подоцна ќе станат еден вид класика во неговото модно творештво.

Во тоа време започнува долга серија на соработки со луѓе од театарскиот свет; соработува, всушност, со Миланската Скала, креирајќи ги костумите за Josephlegende од Рихард Штраус, за чија сценографија се погрижил Луиџи Веронези. Во 1983 ги креирал костумите за Lieb und Leid од Густав Малер и неговото име е протагонiст во É Design, при Павилјонот на Современа Уметност, каде што изложил една синтеза од неговите технолошки истражувања на полето на модата.

Излог на бутик од модната куќа Версаче во Фиренца

Следната година го промовира парфемот за мажи Versace l'Homme.

Во Париз, по повод европската промоција на парфемот, на изложбата на современа уметност се изложени делата на меѓународни уметници поврзани со името на Версаче и со неговиот моден стил. Младите отсекогаш биле еден од најголемите извори на инспирација за Џани Версаче, па така во 1983 година креаторот е поканет во Викторија и Алберт Музејот во Лондон да настапи на една конференција посветена на неговиот стил, а со цел да им зборува на голема група студенти и да ја промовира изложбата Уметност и Мода.

Во 1986 година Претседателот на Италија, Франческо Косига, му доделува свечена титула за неговото творештво; Нешнал Филд Музејот од Чикаго организира ретроспективна изложба посветена на работата на Версаче во последната деценија. Во Париз, на изложбата Џани Версаче Цел Мода, која ги илустрира резултатите од соработката меѓу Версаче и многу прочуени меѓународни фотографи како Аведон, Њутн, Пен, Вебер, Барбиери, Гастел; шефот на француската држава, Жак Ширак му доделува свечено признание за извонредите постигнувања на модното поле.

Во 1995 година Версус, модната линија наменета за млади од модната куќа Версаче, дебитира во Њујорк, а Џани Версаче ја финансира изложбата на висока мода во Метрополитен Музејот, како и онаа која била посветена на кариерата на Аведон. Џани Версаче соработува со англискиот пејач Елтон Џон со цел да ѝ помогне на фондацијата за истражување во борбата против Сидата која ја основал претходноспоменатиот пејач. Ричард Аведон, Брус Вебер и Стивен Мејсел) како и најславните манекенки во тој момент. За него настапувале: Линда Еванџелиста, Наоми Кембел, Клаудија Шифер, Кристи Тарлингтон, Стефани Сејмур, Синди Крафорд, Хелена Кристенсен и Кејт Мос.

Куќата на Версаче во Мајами Бич

Соработката со фотографот Ричард Аведон кулминирала со публикацијата на една збирка во која биле содржани сите најубави слики од рекламните кампањи на Версаче.

Постојано поврзан со светот на музиката и пријател на многу рок ѕвезди, Версаче дури три пати ја искористил пејачката Мадона како заштитно лице во своите рекламни кампањи (првиот пат таа била фотографирана од Стивен Мејсел, а следните два пати била насликана од Марио Тестино).

На 15 јули 1997 година светот бил шокиран кога ја чул веста дека Џани Версаче бил убиен на скалилата пред својата вила во Мајами Бич од страна на Ендру Кунанан, хомосексуалец и серијски убиец, кој бил обвинет за убиство на некои свои бивши клиенти и токму поради тоа полицијата долго време била во негова потрага.

На 9 јуни 2004 Елтон Џон му посветил концерт на убиениот креатор, организиран на стадионот во Реџо Калабрија.

Надворешни врски[уреди]