Џорџ Клуни
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Џорџ Клуни | |
Клуни на венецикиот филмски фестивал во 2009 |
|
| Роден(а) | Џорџ Тимоти Клуни 6 мај 1961 Лексингтон, Кентаки, САД |
|---|---|
| Занимање | актер, режисер, продуцент, сценарист |
| Активност | 1978–сегашност |
| Сопруг(а/и) | Талиа Балсам (1989-1993) |
Џорџ Тимоти Клуни (англиски: George Timothy Clooney) е американски актер и режисер, познат по улогата на др Дог Рос во серијата „Итно замрзнување“.
Содржина |
Биографија [уреди]
Роден е на 6 мај 1961 година во градот Лексингтон, во американската државата Кентаки. Татко му, Ник Клуни, е познат американски телевизиски водител. Џорџ Клуни се насочува кон актерската кариера откако не успева да се квалификува за место во безбол тимот „Синсинати редс“.
Клуни е висок 1,80 m и со години наоѓа добро место на скалилата за најубав или најелегантно облечен маж на годината.
Малку познат е фактот дека Џорџ Клуни е внук на познатата американска пејачка Розмари Клуни.
Стапува во брак на 15 декември 1989 со актерката Талин Болсам. По нивната тешка разделба решава да остане вечен ерген. Дури се обложува на 10 000 долари со актерките Мишел Фајфер и Никол Кидман, дека нема да се ожени повторно до 40-тиот роденден. Кога тоа не се случило го обновуваат облогот, но сега е двојно зголемен. Облогот е тоа дека Клуни нема да стане татко пред 50-тата година.
Избрана филмографија [уреди]
- „Итно замрзнување“ 1994-1999 (ТВ серија)
- „Од самрак до зори“ - 1996
- „Еден прекрасен ден“ - 1996
- „Миротворецот“- 1997
- „Бетмен и Робин“ - 1997
- „Надвор од контрола“ - 1998
- „Тројца кралеви“ - 1999
- „Совршена бура“ - 2000
- „Единаесетмина на Оушн“ - 2001
- „Неподносливо насилство“ - 2003
- „Дванаесетмина на Оушн“ - 2004
- „Сирија“ - 2005
- „Мајкл Клејтон“ - 2007
- „Тринаесетмина на Оушн“ - 2007
- „Високо на небото“ - 2009
Режисерска филмографија [уреди]
- Признание на еден опасен ум - 2002
- Добра ноќ и среќно - 2005
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Џорџ Клуни“ |
- Џорџ Клуни на Интернет Филмската база на податоци (англиски)