Бреша

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бреша
Brèsa
—  Општина  —
Città di Brescia
Панорама на Бреша

Знаме
Бреша се наоѓа во Италија
Бреша
Местоположбата на Бреша во Италија
Координати: 45°32′ СГШ 10°14′ ИГД / 
Земја Италија
Регион Ломбардија
Покраина Бреша (BS)
Месности Форначи, Сант’Еуфемија, Сан Поло, Ураго Мела, Сант’Ана, Момпјано
Управа
 • Градоначалник Адријано Пароли (PdL)
Површина
 • Вкупна 90,7 км2
Надм. вис. 149 м
Население (April 2011)
 • Вкупно 197.250 жит.
Демоним Брешанци
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Пошт. бр. 25100
Повик. бр. 030
Заштитник Св. Фаустино и Џовита
Слава 15 февруари
Портал Матична страница

Бреша (италијански: Brescia; ломбардски: Brèsa; латински: Brixia) е град и општина во регионот Ломбардија во северна Италија. Се наоѓа во подножјето на Алпите, помеѓу Мела и Навилјо. Тој е втор најголем град во Ломбардија, веднаш зад главниот град Милано. Бреша е позната како „Лавица на Италија“ (Leonessa d'Italia) поради десетте дена на популарното востание против Австријците во текот на пролетта во 1849.

Градот е административно седиште на истоимената покраина, една од најголемите во Италија, со околу 1,2 милиони жители. Античкиот град Бриксија (Бреша) бил важен регионален центар од предримско време. Бројни римски и средновековни споменици се зачувани, а меѓу попознатите се наоѓа замокот. Градот е центар на третата најголема индустриска зона во Италија, насочена кон машинската и автомобилската индустрија, како и производителите на огнено оружје. Компаниите обично се мали или средни претпријатија, често во семејна сопственост. Финансискиот сектор е исто така голем работодавец, додека туризмот е доста развиен поради близината на езерата Гарда и Изео, како и Алпите.

Меѓународни односи[уреди]

Во Бразил се наоѓа град наречен Нова Бреша. Името му е доделено од неговите први жители, кои потекнувале од Бреша.

Збратимени градови[уреди]

Бреша е збратимен со:

Извори[уреди]

 Оваа статија содржи текст од дело во јавна сопственост„“. Енциклопедија „Британика“ (XI). (1911). Cambridge University Press.
 Оваа статија содржи текст од дело сега во јавна сопственост„“. Католичка енциклопедија. (1913). Robert Appleton Company. [1]

Надворешни врски[уреди]