Римини

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Римини
Rimini
—  Општина  —
Comune di Rimini
Piazza Tre Martiri
РиминиRimini се наоѓа во Италија
Римини
Rimini
Местоположбата на Римини
Rimini во Италија
Координати: 44°03′ СГШ 12°34′ ИГД / 
Земја Италија
Регион Емилија-Ромања
Покраина Римини (RN)
Месности Беларвија, Корполо, Марбело, Мирамаре ди Римини, Ривабела, Ривацура,Сан Фортунато, Сан Џулиано а Маре, Сан Вито, Санта Акилина, Санта Џустина, Торе Педрера, Висерба, Висербела
Управа
 • Градоначалник Алберто Равајоли (Демократска Партија)
Површина
 • Вкупна 134 км2
Надм. вис. 6 м
Население (21 декември 2009)
 • Вкупно 141.056 жит.
Демоним Риминеси
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Пошт. бр. 47921, 47922, 47923, 47924
Повик. бр. 0541
Заштитник Свети Гауденциј
Слава 14 октомври
Портал Матична страница

Римини (италијански: Rimini) е град од 141 505 жители. Тој се наоѓа на брегот на Јадранското море и е главен град на Емилија-Романга. Градот Римини е познат по туризам. Така наречената среќа за туризам на градот Римини започнала во ХХ век.

Географија

Територија

Римини е град кој е лоциран на Јадранскиот брег, и се наоѓа во југоисточниот регион на Емилија-Ромагна. Низ него течат реките: Ауса, Марано, Марацхиа. Реката Марацхиа истекува од Тиренските Планини па оди покрај античкиот пат што води од Римини до Сансеполцро. На крајот реката е рекултивирана, во минатото завршувала со мочуриште, но сега е голем парк, крстосува многу велосипедски патеки, има рекреативни области за деца и е вештачко езеро. Формата на каналот „слепи“ која е долга 500 метри долга и служи за одржување на градот-пристаниште. Тоа е италијански град кој е најблиску до Република Сан Марино, исто така тој е поврзан со автопатот кој е изграден со американски средства во Втората светска војна. Овој автопат се наоѓа на старата железничка Римини-Сан Марино. Исто така овој автопат се наоѓа покрај брег. Брегот изгледа како многу голема плажа и водите на кои излегува се многу плитки па затоа тој е особено поволен за капење и летен одмор. Првата фабрика во овој град е изградена во 1843 година. Подоцна овој град бил проширен со: ресторан, бар, тоалети и друго. Кон крајот на IX век Римини станал град во Италија во кој не може да се одолее убавината на плажите, импресивното казино, огромните сали и благата клима која е одлична за човекот.

Клима

Климата во Римини е преодна. Покрај Средоземното море таа е умерена. Летата обично се топли но има и голема влажност. Но и покрај тоа дневната максимална температура лесно може да надминува 32оС. Има голема влажност освен кога загреаниот ветер слегува од планините и може да ги зголеми температурите од 38-40oC. И може да ја намали влажноста. Зимите се студени и влажни и има карактеристична клима која доаѓа од Медитеранот. Во зима може да има 46 дена со минимална температура на или под 0oC. Често има магла, а преку зима тоа доведува до замрзнувуње на маглата ( поради ниските температури ) и настанување на мраз. Поради влијанието на морето температурата во Римини е секогаш повисока ( од 1-3oC ) од останатите градови на Емилија-Романга. Во градот Римини е доста ветровито. Таму дува северниот ветер (со 150 km / h, измерен во септември 2004 ). Северниот ветер обично е студен, но тој не може да донесе снег освен во ретки случаеви. Најпознати врнежи се крајбрежните. Вкупниот просек на годишните врнежи изнесува 745mm рамномерно распоредени преку целата година. Во есен врне 229 mm, во пролет 173 mm, во лето 188 mm ( обично се во форма на насилни грмотевици, но последните години е значително намалено просечното количество на летен дожд ) во зима има 164 mm. Последните педесет години големината на снегот изнесува 20 cm . Во просек тоа е многу намалено во споредба со 1962/’63 кога имало 103 cm. Во сеќавање остана снгот што падна на 11 февруари 1929 година кој траеше пет последователни дена и на теренот имало 130-195 cm снег и со таложење на некои места поради ветрот достигна до 300 cm. Други забележани снежни врнежи биле на 6 и 7 февруари 1967 кога 80 cm снег падна за неколку часа.

Просечните температури

Јануари: 1 ° C / 7 ° C

Февруари: 2 ° C / 9 ° C

Март: 4 ° C / 13 ° C

Април: 7 ° C / 18 ° C

Мај : 11 ° C / 21 ° C

Јуни: 17 ° C / 26 ° C

Јули: 20 ° C / 28 ° C

Август: 19 ° C / 28 ° C

Септември: 14 ° C / 24 ° C

Октомври: 10 ° C / 19 ° C

Ноември: 5 ° C / 13 ° C

Декември: 2 ° C / 8 ° C


Историја

Приказната за Римини започнува од камената епоха кога примитивниот човек го населил просторот на брегот. Уште од праисториски времиња, на патот кон цивилизацијата, Римини станал еден од поголемите градови на Римската империја. Првиот темел се должи на доаѓањето на странски војници во областа. Градот Римини најверојатно бил најден и населен од етурско население. Подоцна станал умбриски дом и подоцна келтски. Постојат траги од контакти со Егејска Македонија особено со откритиео на фрагменти од Егејска грнчарија. Со доаѓањето и окупацијата од страна на Келтите може да се забележи големо келтско културно наследство кое е видливо и денес. Благодарение на оваа окупација градот израснал во еден од најголемите пристаништа на Јадранот. Во средината на 3 век тој се најде во средината на настани т.е во борбата меѓу Галите и Римјаните.

Арминум

Во 268 година пред нашата ера во делтата на реката Арминус ( денес Марецхиа) била област населена од Етурците, Грците, Галите и Римјаните. Тие ја основале колонијата Арминум и се населиле уште пред војната против Ханибал. Ариниум е главен центар на комуникација помеѓу Северна и Централна Италија. Во Римини минуваа три кои се едни од најважните римски патишта: Виа Фламина ( 220 г.п.н.е ) кој почнива во Рим главниот град на империјата и води до Ариниум. Виа Емилиа ( 187 г.п.н.е ) кој почнуваше од Ариниум и водел до Плацентиа. Аниа-Попилиа ( 132 г.п.н.е ) е продолжение на Виа Фламиниа и го поврзувал Арминиум со Равена, Адрија, Падова, Алтинум, Акулеиа и Трст. Римини е особено важен за товарниот собраќај преку пристаништето. Градот бил вклучен во повеќе граќански војни но им остана верен на римските луѓе, особено на Марио и Јулиј Цезар. Римини им го привлече вниманието на многу цареви, август и Адријан изградиле многу престижни објекти како што се Понте де Тиберио ( кој страдал за време на последната војна преку бомбандирање ), Лак на Октавијан август е од големо значење бидејќи тоа е најстар лак. Знајчајно во градот беше пристаништето од кое денес не останало ниедна трага. Друг значаен споменик е Малатеста храмот кој бил изграден од камења, исто така и тие и припаѓале на антиката. Настаните од овој период сѐ уште се видливи во музејот во археолошкиот дел на градот. Друг споменик кој се наоѓа во близина на музејот е куќа од III век која припаѓала на богат хирург. Нејзината важност лежи во големиот број на мозаици особено откривањето на голем број хируршки инструменти. Во 395 година во Римини се одржа важен совет на христијанската заедница. По окупацијата од страна на Готите во 549 беше разурнат првиот лак на мостот на Тибериј. Со доаќањето на VI век Римини конечно доби спокој и стана значаен град, кога се најде под окупација на Византија ( 552 г. ). Византиците успеале да го задржат градот и целата негова територија. Подоцна Византиците биле познати како наследници на Римјаните. Во доцносредновековната фаза дојде до депопулација на градот.

Римини во средниот век

Градот станал комуна во XII век. Во XII век во градот се прошириле разни религии и биле изградени многу цркви и манастири. Поради тоа во градот пристигнале мнгоу познати дизајнери за изградба на овие згради. Таинствен објект кој е од големо значење е црквата Сан Мишелин. Нејзината важност лежи во фреските кои неодамна се пронајдени и тие сеќаваат на античките легенди. Во прилог на верските објекти може да се спомнат и граѓанските згради кои се наоѓаат околу општината. Центарот на Римини бил во оваа област. Од особена важност е пристаништето. Овој период беше обележан со граѓанска непослушност, поради што бил прогласен за еретички од страна на црквата. Од литературна гледана точка можеме да се потсетиме на Форли Џејмс Алеграти кој во Римини ( XIV век ) ја основал Првата поетска академија во Италија.

Римини во ренесансата

Еден од најзначајните споменици, каде е присутна странската архитектура е храмот Малатеста. Овој храм бил дизајниран од страна на Леон Батиста Алберти во 1450 година во чест на тогашниот господар на Римини- Сигистимондо Падолфо Малатеста во XV век. Храмот поради богатството на пагански елементи и немањето на христијански симболи бил принуден да биде изграден на веќе постоечки објект. Црквата на Cвети Францис целосно била покриена со новата фасада дизајнирана од страна на Леон Батиста Алберти. Денес поради структури причини е променета фасадата. Вистинскиот дизајн на храмот може да се види на стари бронзени медали кои припаѓале на тогашниот надзорник на Римини. Внатрешноста на храмот ја изработувале уметници од Тоскана. И во неа има скулптури од Агостино ди Дучио и слики од Пијеро дела Франческа. Друг објект кој и припаѓа на оваа ера е тврдината Сидисмондо. Замокот на Сидисмондо Падолфо Малатеста беше изграден во 1437. Овој замок бил изграден за заштита од удари на оружје. Денес од палатата останал централниот дел, додека уништени се сите ѕидови однадвор.

Леонардо да Винчи

Леонардо да Винчи доаѓа во Римини како инжињер и советник на Чезаре Боргиа. Леонардо бил одушевен од веселиот звук кој доаѓал од водата од прекрасните фонтани во градот. Тој заклучил дека ако водата излегува од различни глинени садови таа ќе формира различен звук. А истовремено ако има различен звук ќе се создава музика. Леонардо сакал да направи инструмент кој ќе создавал таква музика. Со цртежи, скици почнал трудот за изградба на таква машина. Оваа идеја на Леонардо била предадена во Универзитетот во Болоња на професор Александро Гочи. Тој воочил дека потребен е воздух за да се добијат музички ноти. Инструментот бил направен од дрвени запчаници, бил во форма на цилидер со отворени славини. Инструментот е направен од осум прачки кои одговараат на основните белешки на една октава. Овој инструмент е изложен во Музејот на градот Римини.