Џенова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ноќна панорама на пристаништето во Џенова
Зградата на "Новата Берза" и Плоштадот Де Ферари

Џенова (италијански Genova) — град во Северна Италија и воедно главен град на регионот Лигурија. Неговиот природен излез на море направил овој град да биде едно од најголемите италијански пристаништа за стоката која пристигнува од Север. Градот потекнува од античко време а се афирмирал како активен трговски центар уште во времето на римската епоха. За време на средниот век Џенова станала моќна приморска Република и нејзиниот економски просперитет овозможил изградба на многубројни палати и цркви. Градот забележал најсилна експанзија во 1800 година.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]