Часовен појас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стандардни часовни појаси во светот.

Часовен појас — регион на Земјата кој има усвоено исто време, кое вообичаено се нарекува локално време. Најголемиот број часовни појаси се разделени со по еден час, и со конвенција го пресметуваат своето време спрема Гринич.

Стандарните часовни појаси се дефинираат со геометриска поделба на Земјиниот сфероид, на 24 парцели, кои се граничат со меридијани секој од по 15° географска должина. Локалното време на соседните појаси е точно еден час плус или минус. Сепак политички или географски прилики некогаш побаруваат појасите да се неправилно поделени, за да следат политички граници или повремено да го менуваат своето време (зимско и летно сметање на времето).

Пред користењето на часовни појаси, луѓето користеле локално сончево време.

Поврзано[уреди]