Време

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Песочен часовник.

Време, во смисла на мерлива единица или често нарекувано њутново време, ја опишува идејата дека времето е обележано како движење по една линија (со континуитет или дис-континуитет) на истиот начин и на кој е изградена вселената. Овој тип на дефиниција се користи во физиката како и во економијата. Неокласичните економисти имплицитно ја прифаќаат оваа идеја за претставување на времето. На овој начин оваа теорија одигрува есенцијална улога во динамичните економски системи.

Сепак, ние не знаеме што е времето, но знаеме колку е часот. Софистицираните мерни апарати ни овозможуваат да го дознаеме точното време во делови од секундата, но не можеме да го дефинираме соодветно.

Времето низ историјата[уреди]

За раниот човек, минувањето на времето било во тесна врска со неговиот опстанок. Движењето на Сонцето и Месечината како и смената на годишните сезони, станале основа за пресметување на времето. Од примитивните пресметувања на времето во минатото, ние денес ја имаме основата за мерките на времето.

Набљудувањето на небото во текот на огромен временски период, им овозможило на раните цивилизации да изработат форма на календар што се базирал врз движењето на Месечината. Древните цивилизации на Вавилон, Египет, Индија и Кина имале високо развиен систем за запишување на времето, а нивните календари се базирале врз движењето на месечината или на сонцето.

Египќаните знаеле дека годината има 365,25 дена, а нивните пресметувања се базирале врз изгревот на ѕвездата Сириус, која што се појавувала како најсјајна ѕвезда на небото. После освојувањата на Александар Македонски, многу култури ја прифатија оваа поделба на годината.[1]

Појавата на единствен календар[уреди]

Главна статија: Календар

Сè до 45 година п.н.е. не бил направен сериозен обид да се координираат различните пресметувања на времето во познатиот свет. Јулијанскиот календар, така наречен по Јулие Цезар кој ја покренал реформата, денес е познат и како календар од стар стил. Останал во употреба сè до 1582 година, кога бил заменет со грегоријанскиот календар или календарот од нов стил.

Реформите на јулијанскиот календар[уреди]

Главна статија: Јулијански календар

Јулијанскиот календар инкорпорирал неколку реформи, меѓу кои спаѓаат: воведувањето на престапната година, укинување на лунарната година, фиксирање на должината на средната соларна година на 365,25 дена, прераспоредување на деновите во месецот, враќање на рамноденицата во месец март.

Реформите на грегоријанскиот календар[уреди]

Главна статија: Грегоријански календар

Грегоријанскиот календар извршил корекции на јулијанскиот календар во 1577 година, а стапил во сила 5 години подоцна, со дозвола од папата Грегори, на 15 октомври 1582 година по новиот стил. Тоа е календарот што и денес се употребува.

Новиот календар се вовел затоа што станало очигледно за астрономите дека годината од 365,25 дена не е соодветна со тропската година, која е за 11 минути побавна, а ова со текот на вековите донесло разлика од цели 10 дена во 16 век. Ако овој расчекор не се корегирал, тогаш Нова година, Божик и другите значајни празници ќе паднеа во други сезони.

Општо прифатени мерни единици за време
Единица Траење Забелешка
атосекунда 1/1018 с најмалиот измерен дел од времето
наносекунда 1/109 с
микросекунда 1/106 с
милисекунда 0.001 с
секунда основна единична мерка
минута 60 с
час 60 минути
ден 24 часа
недела 7 дена наречен и седмица
месец 28 - 31 дена
квартер 3 месеци
година 12 месеци
обична година 365 дена 52 недели + 1 ден
престапна година 366 дена 52 недели + 2 дена
тропска година 365,24219 дена просечно
грегоријанска година 365,2425 дена просечно
Олимпијада 4 годишен циклус
деценија 10 години
генерација 17 - 25 години просечно
јубилеј (Библиски) 50 години
век 100 години
илјадалетие или милениум 1000 години


Мерење на времето[уреди]

Постојат два метода за мерење на времето преку ротацијата на Земјата:

Овие два метода се разликуваат по тоа што немаат еднаква должина на денот. За поточно мерење на времето воведен е терминот среден соларен ден, што е приближно за четири минути подолг од сидералниот ден, кој се мери според ѕвездите.[2]

Ѕвездено време[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Ѕвездено време.

Сидералното време ја мери ротацијата на Земјата во однос на пролетната рамноденица. Во текот на еден сидерален ден, Земјата ротира околу својата оска во период од 23 часа, 56 минути и 04 секунди од средното, граѓанско време. Според тоа, сидералното време во секој момент е аголот на пролетната рамноденица изразен во часови, минути и секунди, и секогаш е локално.

Помагала за мерење на времето[уреди]

Кварцен рачен часовник.

Низ историјата се користеле разни видови на помагала за мерење на одредени временски интервали. Познати се: песочниот часовник, водениот часовник или клепсидра, сончевиот часовник или гномон, а било користено и горењето на свеќите. Зборот „часовник“ е воведен многу подоцна и се однесува на голем дијапазон на уреди за мерење на времето - од рачните часовници, до атомските часовници.

За мерна единица на времето низ целиот свет е земена секундата, а најмалиот дел од времето што е измерен е атосекунда или 1/1018 дел од секундата, измерен во 2006 година.

Биг бенг[уреди]

Стивен Хокинг во својата книга „Кратка историја на времето“, а и на други места, го зачна проблемот со времето и Биг бенг. Хокинг вели дека дури и да не започнало времето со Биг бенг, односно можеби постоел понаков временски систем пред Биг бенг, ништо од она што се случило пред Биг бенг не може да има никаков ефект врз денешниот систем на мерење на времето. Затоа, Хокинг вели дека времето всушност започнало со Биг бенг, а прашањето за тоа што се случувало пред Биг бенг се безнајачни.[3]

Патување низ времето[уреди]

Главна статија: Патување низ времето

Патувањето низ времето е концепт на движење напред и назад во различни точки од времето. Иако патувањето низ времето е изум на научно-фантастичните дела уште од 19 век, а патувањето во иднината е претпоставка за можен феномен според теоријата на релативноста, сè уште не се знае дали законите на физиката ќе дозволат патување во минатото. Машината која би овозможила патување низ времето, хипотетичка или измислена, се нарекува „временска машина“.

Главниот проблем со патувањето во минатото е причинско-последичната врска: доколку нешто измените во минатото, може да се одрази врз ситуациите во сегашноста. Ова може да создаде ефект на временски парадокс. Најпознат во таа смисла е „Парадоксот на дедото“, кој вели дека ако патувате во минатото и го убиете својот дедо, вашите родители нема да се сретнат, па вие нема ни да се родите, но ако не се родите нема ниту да патувате низ времето, т.е. вашиот дедо ќе преживее...

Но, ако преживее тој ќе го сoздаде вашиот родител кој ќе се сретне со својот животен партнер и вие сепак ќе се родите и сепак ќе патувате низ времето и пак ќе ја сторите истата „свинштина”, а вашиот несреќен дедо ту ќе биде убиен, ту нема, и така во круг до бескрај.[4]

Наводи[уреди]

  1. Џон Филби, „Време: Календар“, Кромвел Прес, Лондон, 1981, стр. 45-46.
  2. Џон Филби, „Време: Календар“, Кромвел Прес, Лондон, 1981, стр. 48-49.
  3. Хокинг, Стивен. „Почетокот на времето“. Универзитет Кембриџ. http://www.hawking.org.uk/lectures/bot.html. конс. 10 јануари 2008. „Заклучокот е дека универзумот нема да постои вечно, односно дека универзумот и времето имаат свој почеток - Биг бенг, пред околу 15 билиони години.“ 
  4. Barjavel, René (1943). „Le voyageur imprudent („Невнимателниот патник“)“.