Ацо Шопов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ацо Шопов
Ацо Шопов споменик Скопје - Aco Šopov monument Skopje 01.JPG
Споменик на Ацо Шопов на Мостот на уметноста во Скопје
Роден Ацо Шопов
20 декември 1923
Штип, Република Македонија
Починал 20 април 1982
Скопје, Република Македонија
Занимање македонски академик, поет и преведувач.
Сопружник Светлана Шопова
Татко
Родители Костадинка Русева (1897-1942) и Ѓорѓи Зафиров-Шопов (1893-1944)
Деца Владимир и Јасмина

Ацо Шопов (Штип, 20 декември 1923 - 20 април 1982) — истакнат македонски поет, академик и преведувач.

Тој е еден од основоположниците на современата македонска книжевност. Неговата прва збирка Песни (1944) e прва книга на македонски јазик објавена во слободна Македонија. Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија ДПМ и негов член од основањето во 1947 год., прв претседател на Советот на фестивалот Струшки вечери на поезијата и претседател на поранешниот Сојуз на книжевните преведувачи на Југославија. Член на Македонска академија на науките и уметнстите (МАНУ) од нејзиното основање (1967). Член на Македонскиот ПЕН центар. Долгогодишен директор на издавачката куќа Македонска книга, Ацо Шопов бил главен уредник на повеќе списанија меѓу кои и сатиричниот весник Остен. Амбасадор на СФРЈ во Сенегал (1971 - 1975), Ацо Шопов ја завршува својата кариера како претседател на Републичката комисија за културни врски со странство.

Биографија[уреди]

Роден во Штип, на 20 декември 1923 година, Ацо Шопов го помина детството во родниот град, со браќата Димитар (1920-1972) и Борислав (1927-1996), татко му Ѓорѓи Зафиров-Шопов (1893-1944) и мајка му Костадинка Русева (1897-1942), на која и ги должи љубовта кон поезијата и творечката дарба.

Уште како гимназијалец, во 1940 година, Ацо Шопов влегува во СКОЈ, а две години подоцна, се вклучува во анти-фашистичката борба, во редовите на Третата македонска ударна бригада. Член на истата бригада е и неговата љубена, Вера Јоциќ, која загинува на 22 мај 1944 и на која Шопов и ја посветува прочуената песна „Очи”.

По војната, Ацо Шопов матурира во родниот град и заминува за Скопје, кадешто ќе ги заврши студиите на Филозофскиот факултет, отсек чиста филозофија. Уредник во литературните списанија и весници Нов ден, Млад борец, Иднина, Хоризонт, Современост, Шопов ќе работи и како главен уредник на сатиричниот неделник Остен, што ќе го поттикне да објави серија сатирични песни, подоцна групирани во збирката Јус-универзум (1968).

Избран, на 18 август 1967 година, меѓу првите членови на Македонската академија на науките и уметностите, а една година подоцна и за дописен член на Српската академија, Ацо Шопов е добитник на највисокото југословенско признание АВНОЈ (1970), како и на литературните награди: „Кочо Рацин”, за збирките Слеј се со тишината (1956) и Гледач во пепелта (1970); „11 октомври”, за преводот на Хамлет (1960) и за животно дело (1981); „Змаеви детски игри”, за препевот на песните на Јован Јовановиќ-Змај (1967); „Браќа Миладиновци”, за збирката Песна на црната жена (1977).

По долги години посветени на издавачката дејност, претежно како директор и главен уредник на Македонска книга, во 1971 година, Ацо Шопов е именуван за амбасадор на Југославија во Сенегал, земја којашто ќе ја инспирира збирката Песна на црната жена. За време на престојот во Африка, тој ќе преведе и избор од поезијата на сенегалскиот претседател, Леополд Седар Сенгор, член на Француската академија, добитник на „Златниот венец” на Струшките вечери на поезијата, во 1975 година. Истата година Ацо Шопов е именуван за претседател на Републичката комисија за културни врски со странство, во Скопје. Но три години подоцна, болеста, одамна насетена во песните, ќе го присили да го напушти активниот живот.

Литературно творештво[уреди]

Споменик на Ацо Шопов во Струга

Поезија[уреди]

Aco Šopov Pesna na crnata zena.jpg

Автор на првата повоена книга на македонски јазик во слободна Македонија, Песни (1944), Ацо Шопов има објавено тринаесет збирки поезија и исто толку избори од поезијата на македонски јазик, како и петнаесетина избори препеани на странски јазици.

  • Песни. Куманово: Околиски НОМСМ, 1944. (повторни изданија: Београд: Издање Младог борца, 1944; Штип: штачпарница Илинден, 1944).
  • Пруга на младоста (со Славко Јаневски). Скопје: Главен одбор на Народната младина на Македонија, 1946.
  • На Грамос. Скопје: НАПОК, 1950.
  • Со наши раце. Скопје: Државно книгоиздателство на Македонија, 1950.
  • Стихови на маката и радоста. Скопје: Кочо Рацин, 1952.
  • Слеј се со тишината. Скопје: Кочо Рацин, 1955. e-kniga
  • Ветерот носи убаво време. Скопје: Кочо Рацин, 1957.
  • Небиднина. Скопје: Кочо Рацин, 1963. (повторни изданија: 1967, 1970, 1971, 1974, 1976)
  • Раѓање на зборот. Скопје: Мисла, 1966.
  • Јус-универзум. Скопје: Мисла, 1968.
  • Гледач во пепелта. Скопје: Македонска книга, 1970.
  • Песна за црната жена. Скопје: Мисла, 1976.
  • Дрво на ридот. Скопје: Мисла, 1980.
  • Гледач во пепелта. Приредил Ристо Лазаров. „Везилка 2011“, едиција „Врвови“. Скопје, 2013.

Избори[уреди]

  • Песни. Скопје: Кочо Рацин, 1963.
  • Песни. Скопје: Македонска книга и Детска радост, 1967.
  • Избор. Приредувач Георги Старделов. Скопје: Македонска книга, 1968.
  • Златен круг на времето. Скопје: Мисла, 1969.
  • Одбрани дела. Приредувач Слободан Мицковиќ. Скопје: Мисла, 1976.
  • Океанот е мал, човекот е голем. Приредувач Георги Старделов. Скопје: Центар за култура и информации, 1977.
  • Лузна. Предговор на Ефтим Клетников. Скопје: Мисла, 1981.
  • Избор од поезијата. Приредувач Раде Силјан. Скопје: Здружени издавачи, 1988.
  • Небо на тишината. Приредувач Веле Смилевски. Скопје: Култура, 1990.
  • Гледач во пепелта. Приредувач Георги Старделов. Скопје: Мисла, 1991.
  • Долго доаѓање на огнот. Приредувач Светлана Шопова. Скопје: Либер-М, 1993.
  • Поезија. Избор од поезијата на Ацо Шопов. Приредувач Катица Ќулавкова. Скопје: Македонска книга, 1993.
  • Лузна = Stigmate. Избор: Јасмина Шопова. Скопје. Матица македонска, 2001. 253 стр. (македонски и француски)
  • Сенгор – Шопов : Паралели. Приредила Јасмина Шопова. Предговори : Јасмина Шопова, Амиду Сал, Ристо Лазаров. Илустрации : Христијан Санев. Скопје : Сигмапрес, 2006. 206 стр. (македонски и француски)
  • Раѓањето на зборот. Избор и предговор : Катица Ќулавкова. Битола: НИД „МИКЕНА”, 2008.

Избори на странски јазици[уреди]

  • Zlij se s tišino. Prepev Ivan Minati. Ljubljana : Državna založba Slovenije, 1957. 72 str.
  • Örök várakozó. Foditotta: Fehér Ferenc, Novi Sad, Forum, 1964. 78 str.
  • Ветер приносить погожие дни. Перевод Александар Романенко. Москва: Прогресс, 1964. 64 стр.
  • Предвечерје. Избор, превод и препјев Сретен Перовиć. Титоград: Графички завод, 1966. 115 стр.
  • Ugunsmīlestība: dzeja. Vertimas Knuts Skujenieks, Sakartojis Aleksandar Romanenko. Riga: Liesma, 1974. 103 str.
  • Песме. Избор и предговор Георги Старделов; превод и препјев Сретен Перовић, Београд: Народна књига, 1974. 277 стр.
  • Pjesma crne žene. Prevela Elina Elimova, Zagreb, August Cesarec, 1977. 39 str.
  • Дуго долаженје огња: изaбране песме. Превод Сретен Перовић, Београд: Рад, 1977. 105 стр.
  • En chasse de ma voix. Choix et adaptation Djurdja Sinko-Depierris, Jean-Louis Depierris, Paris, Еditions Saint-Germains-des-Prés, 1978. 60 str.
  • Naşterea cuvéntului. Selectiesi traducere de Ion Deaconesvu ; prefatâ si note Traian Nica. Cluj-Napoca: Dacia, 1981, 91 str.
  • Lector de cenizas. Presentación selectión i traucción por Aurora Marya Saavedra. Mèhico: Cuadernos Cara a Cara, 1987, 93 str.
  • Шопов во светот, Шопов од светот. Избор и предговор Милош Линдро. Скопје: Македонска книга, 1994 (Избор, кн. 2).
  • Anthologie Personnelle. Poésie traduite du macédonien par Jasmina Šopova ; introduction d’Ante Popovski ; adaptation et postface d’Edouard Maunick. Paris: Actes Sud / Editions UNESCO, 1994, 143 str.
  • Stigmate. Edité par Jasmina Šopova. Skopje : Matica makedonska, 2001. 253 p. (macédonien et français)
  • Senghor-Šopov : Parallèles. Edité par Jasmina Šopova; Introductions: Jasmina Šopova, Hamidou Sall, Risto Lazarov. Illustrations: Hristijan Sanev. Skopje: Sigmapres, 2006. 206 p. (français et macédonien).
  • Sol negro. Traducción de Luisa Futoransky. Prólogo y selección por Jasmina Šopova. Buenos Aires : Leviatán, 2011. 98 p.
  • Geburt des Wortes = Naissance de la parole. Gedichte übersetzt aus dem Makedonischen von Ina Jun Broda ; Traduit du macédonien par Jasmina Šopova et Edouard J.Maunick. Struga: Sruga Poesieabende / Soirées poétiques de Struga, 2010. 92 str.
  • The Word’s Nativity. Edited by Katica Kulavkova. Skopje: St. Clement of Ohrid National and University Library, 2011. 196 p.
  • Soleil noir = Schwarze Sonne. Préface = Vorwort: Jasmina Šopova. Differdange: Editions PHI, 2012. 121 str.
  • Раждание на словото. Подбор, превод, предговор: Роман Кисьов ; Русе: Авангард принт, 2013. 110 стр.

Светски класици на македонски јазик во препев на Ацо Шопов[уреди]

  • Цицибан / Отон Жупанчич. Скопје : Кочо Рацин, 1951. 48 стр. (Повторни изданија: 1954, 1956, 1959, 1965, 1967, 1972, 1973, 1974, 1975, различни издавачи).
  • Песна за Апанаса / Едуард Баргицки. Скопје : Кочо Рацин, 1951. 58 стр. (со Славко Јаневски).
  • Басни / Иван Крилов. Скопје: Кочо Рацин, 1953. 33 стр. (Повторни изданија: 1956 и 1963).
  • Песни / Јован Јовановиќ-Змај. Скопје : Кочо Рацин, 1954 (Повторни изданија: 1959 и 1967).
  • Сирано де Бержерак / Едмон Ростан. Скопје: Кочо Рацин, 1957. 393 стр.
  • Песни / Никола Јонков Вапцаров (со други преведувачи). Скопје: Кочо Рацин, 1958. 116 стр. (Второ издание во 1967, Македонска книга и Детска радост).
  • Сид / Пјер Корнеј. Скопје: Кочо Рацин, 1958. 131 стр. (Повторни изданија: 1969, 1970).
  • Песна за чучулигата / Григор Витез. Скопје: Култура, 1959. 51 стр.
  • Хамлет принцот дански / Вилијам Шекспир. Скопје: Кочо Рацин, 1960. 210 стр. (Повторни изданија : 1966, 1971, 1981, 2002 различни издавачи).
  • Избор / Мирослав Крлежа. Скопје: Кочо Рацин, 1963, 237 стр. (со Тодор Димитровски).
  • Ромео и Џулиета. Хамлет. Отело / Вилијам Шекспир. Скопје: Кочо Рацин, 1964. 130 стр. (со Блаже Конески).
  • Избор / Јован Јовановиќ-Змај. Скопје: Кочо Рацин, 1965. 122 стр.
  • Морето и боите / Григор Витез. Скопје: Кочо Рацин, 1965. 27 стр. (со Глигор Поповски и Васил Куноски).
  • Поезија / Изет Сарајлиќ. Скопје: Кочо Рацин, 1965. 56 стр.
  • Вечер над градот / Драгутин Тадијанивиќ. Љубљана, Државна заложба; Скопје, Македонска книга; Белград, Просвета; Загреб, Младост, 1966. 128 стр.
  • 60 сонети / Вилијам Шекспир. Скопје: Македонска книга, 1968. 64 стр.
  • Поезија / Леополд Седар Сенгор. Скопје: Нова Македонија, 1975. 250 стр. (со Влада Урошевиќ и Георги Сталев).
  • Одбрани дела, Скопје: Мисла, 1976 (кн. 3, 4 и 5).
  • Шопов во светот, Шопов од светот / Избор и предговор Милош Линдро. Скопје: Македонска книга, 1994 (Избор; кн. 2).

Основни дела посветени на творештвото на Ацо Шопов[уреди]

  • Ацо Шопов (1923-1982) : Споменица.- Скопје : Македонска академија на науките и уметностите
  • Ивановиќ, Радомир: Поетиката на Ацо Шопов; превод од српскохрватски ракопис Милан Трајков.- Скопје: Македонска ревија, 1986.- 188 стр.
  • Ивановић, Радомир: Реч о речи : поетика Аце Шопова.- Београд: Ново Дело, 1986.- 172 п.
  • Творештвото на Ацо Шопов: симпозиум по повод 70-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов.- Скопје: Филолошки факултет - Институт за македонска литература, 1993.- 188 стр.
  • Китанов, Блаже: Ацо Шопов, живот и дело.- Скопје : Култура, 1998.- 226 стр.
  • Старделов, Георги: Небиднината: поезијата и поетското искуство на Ацо Шопов.- Скопје: Матица македонска, 2000.- 309 стр.
  • Шопова, Јасмина: По-трагите на Ацо Шопов, Скопје: Сигмапрес, 2003
  • Шопова, Јасмина: Сенгор-Шопов: Паралели, Скопје: Сигмапрес, 2006
  • Животот и делото на Ацо Шопов: меѓународен научен собир по повод 80-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов.- Скопје: МАНУ, 2005.- 281 стр. ISBN 9989-101-60-4

Искажувања за Ацо Шопов[уреди]

Бахгат Елнади alias Махмуд Хусеин, Етипет: "Поезијата на Ацо Шопов фасцинира со нејзината актуелност. Таа е пишувана пред неколку децении, а говори за она што се случува денес. Тоа е поезија против која времето не може ништо, зашто таа во себе носи нешто профетско. А нејзиниот автор останува наш современик". [1]


Адел Рифаат alias Махмуд Хусеин, Етипет: "Секој негов збор како да е пропратен со некакво мистериозно ехо што доаѓа од многу далеку и што го соединува со самиот извор на животот, онаму кајшто животот и смртта, победата и поразот, денот и ноќта пулсираат во еден заеднички, универзален ритам, од кој нашите лични чувства затреперуваат со неговите. Затоа, во поезијата на Шопов, се чувствуваме сосема свои". [2]


Федерико Мајор, Шпанија, Генерален директор на УНЕСКО: " Поезијата − а особено поезијата на Ацо Шопов − нè извлекува од времето и просторот, за на мистериозен начин да нè укотви во траењето и во местата. Со сета своја јарост, не помалку интензивна од нежноста што под неа се крие, оваа поезија е збор на вистината упатен до најинтимното во нас. Колку со својот раскошен блескот, толку и во својот трепетлив ореол, таа е светлост што ни го покажува патот и ни нуди утеха во секојдневието." (1949) [3]


Пјер Сегерс, Франција: “Во Песни (првата збирка поезија објавена на македонски, во слободна Македонија, 1944 год.) младиот македонски јазик ја потврдува својата поетска вредност (…) Поезијата на Шопов ги буди мирисите, неименливите сокови на својата земја, односно онаа реалност, истовремено стварна и неопиплива, за која понекогаш се гине” (1976). [4]


Роман Кисјов, Бугарија: " Ми се чини дека поезијата на Ацо Шопов плени и фасцинира не само поради големиот талент и мајсторство на нејзиниот автор, туку и благодарение на нејзината возвишеност и идеализам, коишто – особено денес, во ова бездуховно, прагматично и технократско време – можеби делуваат речиси утописки и анахронично... но се во суштина носители на универзални вредности, свртени кон Човекот и исконите, оние вечни вредности на кои се темели и од кои црпи енергија човековото постоење... " [5]


Добитници на Наградата Ацо Шопов[уреди]

Споменик на Ацо Шопов на Мостот на уметноста во Скопје

Ацо Шопов (награда) е највисоко поетско признание што го доделува Друштвото на писателите на Македонија. Таа се доделува за најдобра книга поезија објавена во минатата година. Традиционално се доделува заедно со другите 3 награди на ДПМ на 13 февруари секоја година на денот на основањето на друштвото.

Надворешни врски[уреди]

Референци[уреди]

  1. Виолета Џолева: Овенчан совечноста, Македонска телевизија, 2002
  2. Виолета Џолева: Овенчан совечноста, Македонска телевизија, 2002
  3. Јасмина Шопова: По-трагите на Ацо Шопов.- Скопје: Сигмапрес, 2003
  4. Јасмина Шопова: По-трагите на Ацо Шопов.- Скопје: Сигмапрес, 2003
  5. Ацо Шопов: Раждание на словото.- Русе: Авангард принт, 2013