Физика

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Неколку примери за физички феномени

Физиката (од грчки: φυσικός, фисикос — природно и φύσις, фисис — природа) е природна наука која ги изучува општите и фундаментални закономерности кои ја определуваат градбата и еволуцијата на материјалниот свет. Физиката е егзактна наука, што значи дека се занимава со пронаоѓањето на количествен опиc на природните појави. Физиката се основа на теории кои даваат јасни и мерливи предвидувања. Како физички се сметаат само експериментални резултати кои можат да бидат независно добиени. Таквите резултати можат да потврдат или да отфрлат дадена физичка теорија. Теоретската и експерименталната физика се тесно поврзани - понекогаш развитокот на физичките теории мотивира спроведување на нови експерименти, а понекогаш новите експериментални податоци го провоцираат создавањето на нова теорија. За изучувањето на природните појави овие две активности се од еднаква важност.

Значењето на физиката во современиот свет е огромно. Новите нејзини идеи и достигнувања водат до развиток на другите науки и до нови научни откритија, кои од своја страна наоѓаат примена во техниката и промисленоста. На пример, истражувањата во областа на електромагнетизмот водат до појавата на телефонот, електромоторот, возовите кои се движат со помош на махнетни сили; откритијата во областа на термодинамиката ја прават можна изградбата на автомобилот, додека развитокот на радиоелектрониката доведува до појавата на компјутерите.

И покрај неверојатното количество на собрани познавања за светот, човечкото разбирање за процесите и појавите непрекинато се менува и развива, новите истражувања поттикнуваат нови и нерешени прашања за кои се потребни нови објаснувања и теории. Во таа смисла, физиката е во непрекинат процес на развиток и е сè уште далеку од можноста да ги објасни сите природни појави и процеси.

Историја[уреди]

Исак Њутн (1643–1727)

За прв пат поимот физика е користен од древногрчкиот философ и учен Аристотел во IV век п.н.е. Физиката е една од најстарите области на знаењето, макар што во древноста таа не биле оформена како одделна наука. Долго време физиката и философијата се употребувале како синоними.

Експерименталната физика започнала со експериментите во статиката од страна на средновековните исламски физичари како ел-Бируни и ел-Хасан.

Како резултат на научната револуција од XVI-XVII век физиката се осамостојува како посебна наука. Класичната физика станала посебна наука кога научниците започнале да користат експериментални и квантитативни методи со кои откриле тоа што денес е познато како закони во физиката. Кеплер, Галилео и Њутн откриле различни закони за движењето. За време на индустриската револуција како што се зголемувала потребата за енергија, довело до откривање на нови закони во термодинамиката, хемијата и електромагнетизмот.

Модерната физика започнува со работата на Ајнштајн за релативитетот и квантната механика.

Основни теории[уреди]

Теорија Основни оддели Поими
Класична механика Њутнови закониЛагранжева механикаХамилтонова механикаТеорија на хаосотХидродинамикаМеханика на континуум СупстанцаПросторВремеЕнергијаДвижењеМасаДолжинаБрзинаСилаМоќностРаботаЗакон за запазувањеМомент на инерцијаАголен моментМомент на силаБранДејствоГолемина
Електромагнетизам ЕлектростатикаЕлектричествоМагнетостатикаМагнетизамМаксвелова равенка Електричен полнежНапонЕлектрична струјаЕлектрично полеМагнетно полеЕлектромагнетно полеЕлектромагнетно зрачење
Термодинамика и статистичка физика Топлинска машинаМолекуларно-кинетичка теорија ТемператураБолцманова константаЕнтропијаСлободна енергијаТермодинамичка рамнотежаСтатистички збирМикроканонска распределбаГолема канонска распределба
Квантна механика Шредингерова равенкаФајманов интегралКвантна теорија на полето ХамилтонијанИдентични честициПланкова константаМерењеКвантен осцилаторБранова функцијаНулова енергијаПренормирање
Теорија на релативност Специјална теорија на релативностОпшта теорија на релативност Принцип на релативност4-векторПростор-времеБрзина на светлинатаТензор енергија-импулсКрива простор-времеЦрна дупка

Поделба[уреди]

Физиката е мошне обемна наука која првобитно ги опфаќала сите денешни природни науки. Денес, иако од неа се издвоени одделни науки, таа се уште не губи во својата опширност, што се должи на многуобразните појави кои ги проучува. Од оваа причина физиката е поделена на повеќе физички субдисциплини:

Види исто така[уреди]

Литература[уреди]

  • Ратко К. Јанев, Љубо. А. Петковски, Атомска физика, Македонска Академија на Науките и Уметностите, Скопје, 2012.