Црна дупка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Скица на црна дупка

Црна дупка е подрачје во простор-времето од кое ништо не може да избега, дури ни светлината.

Да видиме што навистина се случува, замислете како фрлате тениско топче во воздух нагоре. Колку посилно ќе фрлиме, толку поврзо ќе патува и толку повисоко ќе појде нагоре. Ако го фрлиме доволно силно, и никогаш да не се врати - значи гравитацијата не била доволно силна за да го повлече надолу. Брзината на топчето море да биде 11.2 метри во секунда, односно тоа е познато како брзина на бегство и оваа вредност важи само за земјата.

Колку телото (земјата) се намалува (собира во волумен) а неговата маса останува иста - создава поголеми гравитациските сили. Со тоа вредноста на брзина за бегство станува се поголема и поголема. Работите треба да се фрлени нагоре со поголема сила за да избегаат на гравитацијата.

На тој начин функционираат и црните дупки. Тоа се само мали точки топчиња кои имаат маса голема колку на пример неколку сонца. На тој начин создаваат огромна гравитација, толку голема што и нешто фрлено нагоре од нив со брзина 300.000 км во секунда (како светлината) не може да избега.

Гледано според ова: ништо не може да патува побрзо од светлината, затоа, се што е привлечено од црна дупка, не може да излезе од неа!

Дали тие навистина постојат?[уреди]

Не е возможно да се види црна дупка директно бидејќи од нив не може да "се спаси" ниту светлината... затоа тие се викаат црни дупки. Но има добри причини да веруваме дека тие постојат Тие претставуваат последен чекор во еволуцијата на една ѕвезда која е околу 10 - 15 пати поголема од нашето сонце. Кога ѕвездата ќе го потроши целото свое гориво, ќе експлодира во супернова. Од остатокот се формира исклучително густ објект наречен неутронска ѕвезда. Овие знаеме дека постојат бидејќи имаме видено такви неутронски ѕвезди на телескоп.

Доколку неутронската ѕвезда е преголема, таа ќе колабира под дејство на големите гравитациони сили и продолжува да се собира што резултира со црна дупка.

Супернова настанува во нашата галаксија еднаш на 300 години, но во соседните галаксии се идентификувани околу 500 неутронски ѕвезди. Затоа постои сигурност за постоењето на овие црни дупки.

Поврзано[уреди]