Метар во секунда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Метар во секунда (крат. м/с) е SI изведена единица за брзина која изразува растојание во метри изминато за време во секунди.

Официјалните кратенки на SI се m·s−1, m/s или \tfrac{\mbox{m}}{\mbox{s}}.[1] Во случаи каде метрите во секунда се пребавни за пресметка, како во астрономијата, тогаш брзината се изразува во километри во секунда (1 км/с = 1000 метри во секунда).

Споредба[уреди]

1 м/с е еднаков на:

= 3,6 километри на час (точно)
≈ 3,2808 стапки во секунда (приближно)
≈ 2,2369 милји на час (приближно)
≈ 1,9438 јазли (приближно)

стапка во секунда = 0,3048 m·s−1 (точно)

милја на час = 0,44704 m·s−1 (точно)

километар на час ≈ 0,2778 m·s−1 (приближно)

1 километар во секунда е еднаков на:

≈ 0,6213 милји во секунда (приближно)
≈ 2237 милји на час (приближно)

Однос со другите мерки[уреди]

Иако м/с е SI изведена единица, таа може да се смета за пофундаментална од метарот, бидејќи метарот е добиен од брзината на светлината во вакуум, што изнесува точно 299 792 458 м/с според МБТМ.[2] Оттука следува дека еден метар е должината на патеката по која се движи светлината во вакуум за временски интервал од 1299 792 458 секунда.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Брошура на SI - Оддел 5.1 (англиски)
  2. Метар- МБТМ (англиски)

Надворешни врски[уреди]