Земја (планета)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е за планетата од Сончевиот Систем. За останатите значења на поимот „земја“, видете ја страницата за појаснување.
Земја 🜨
Фотографија на Земјата, сликана од „Аполо 17“
Фотографија на Земјата,
сликана од „Аполо 17
Орбитални особености
Епоха J2000,0
Афел&10000000000000152098000152,098,232 км
1.01671388 ае
Перихел&10000000000000147098000147,098,290 км
0.98329134 ае
&10000000000000149598000149,598,261 км
&100000001000002610000001,00000261 ае
Занесеност&100000000016711230000000,01671123
&10000365256363004000000365,256363004 денови
&100000010000174210000001,000017421 г
&1000000000000297800000029,78 км/с
&10000000000000107200000107,200 км/ч
&10000000035751716000000357,51716°
Наклон&100000000000071550000007,155° кон Сончевиот екватор
&100000000001578690000001,57869° кон постојаната рамнина
&10000000034873936000000348,73936°
&10000000011420783000000114,20783°
Познати сателити1 ( Месечината)
Физички особености
Среден полупречник
&100000000000000063710006,371,0 км
Екваторски полупречник
&100000000000000063780996,378,1 км
Поларен полупречник
&100000000000000063567996,356,8 км
Сплеснатост&100000000000335280000000,0033528
Обиколка&1000000000000004007515940,075,16 км (екваторска)
&1000000000000004000800040,008,00 км (меридијанска)
&10000000000000510072000510,072,000 км2

&10000000000000148939999148,940,000 км2 копно (29,2%)

&10000000000000361132000361,132,000 км2 вода (70,8%)
Зафатнина1,08321×1012 км3
Маса5,9736×1024 кг
3,0×106 сонца
Средна густина
&100000000000055150000005,515 г/см3
&1000000000001118600000011,186 км/с
&100000000997269680000000,99726968 д
23ч 56м 4.100с
Екваторска вртежна брзина
&100000000000000016744001,674,4 км/ч (&10000000000004651000000465,1 м/с)
23°26'21",4119
Албедо&100000000000003670000000,367
Површинска темп. најм сред најг
Келвини 184 K &10000000000002872000000287,2 K 331 K
Целзиусов° &09999999999999107999999−89,2 °C 14 °C &1000000000000057800000057,8 °C
Атмосфера
Површински притисок
&10000000000101325000000101,325 kPa (морско ниво)
Состав по зафатнина&1000000000000078000000078,08% азот (N2)
&1000000000000209500000020,95% кислород (O2)
&100000000000000930000000,93% аргон
&100000000000000380000000,038% јаглерод диоксид
околу 1% водена пареа (во зависност од климата)

Земјата — една од осумте планети во Сончевиот Систем. Таа е трета планета по оддалеченост од Сонцето и најголема со цврста површина, за разлика од гасовитите „џинови”. Планетата Земја има еден природен сателит, Месечината, и засега е единствената позната планета на која има живот. Во геологијата преовладува мислењето дека земјата е стара околу 4,6 милијарди години, што е потврдено со одредувањето на времето на полураспаѓање на ураниумот и ториумот. Времето на полураспаѓање на U238 е 4,51 x 109 , а Th232 е 1,39 x 1010 години.[1]

Земјата има и магнетно поле кое, заедно со атмосферата, ја штити од зрачење (штетно по живите суштества кои ја населуваат Земјата). Атмосферата, исто така служи и како штит за одбивање на помалите метеори, кои поминувајќи низ неa согоруваат пред да стигнат до Земјината површина.

Единствениот познат сателит на Земјата, Месечината, почнала да кружи околу Земјата пред 4,53 милијарди години. Денес, Земјата прави круг околу Сонцето на секои 366,26 кругови кои ги направила околу својата оска (што е еднакво на бројката од 365,26 сончеви денови). Земјината оска се наоѓа под агол од 23,5°[2] што е последица за менувањето на годишните времиња на Земјината површина.

Атмосферските услови се значајно променети откако настанал животот на планетата и ни создава еколошка рамнотежа која ги модифицира условите на површината на Земјата. Околу 71 % од Земјината површина е покриен со вода. Земјата е единствена планета во Сончевиот Систем каде што водата може да остане во течна состојба. Останатите 29 % се континентите и островите. Земјината површина е многу променувана во текот на многу милиони години, а причина се тектонските движења.

Земјата, исто така реагира и на надворешниот свет во одредени мери. Нејзиниот релативно голем сателит, Месечината, влијае на плимата и осеката, го стабилизира променувањето на степенот на Земјината оска со што постепено ја менува должината на вртежниот период на Земјата. Дождот од комети, во периодот по настанувањето на Земјата, одиграла голема улога во настанувањето на океаните. Подоцна, судирите со астероидите предизвикале значајни промени во Земјината површина.

Историја[уреди | уреди извор]

Овој наш свет ниту е од бога направен ниту од луѓето, тој отсекогаш постоел, бил и ќе биде вечно жив оган, кој со мера се пали и со мера се гаси. — Хераклит

Научниците успеале да реконструираат подробни информации за минатото на планетата. Земјата и други планети во Сончевиот Систем се формирале пред 4,6 милијарди години[3][4][5][6] од сончева магла, маса од прашина и гас во облик на диск кои заостанале по формирањето на Сонцето. Првобитно, Земјата била растопена маса, потоа е формирана надворешна обвивка на планетата Земја (Земјина кора) при ладење. Истовремено со формирањето на кората, почнало да се акумулира вода во атмосферата. Набрзо после тоа настанала и Месечината, веројатно како последица на судир со објект, со големина како планетата Марс, и 10 % маса од Земјата[7], наречена Теја.[8] Дел од масата се споил со Земјината маса, а друг дел е исфрлен во Вселената, но доволно за да се формира Месечината.

Гасовите и вулканските активности ја создале првобитната атмосфера. Со кондензирање на водената пареа од мразот кој го донеле кометите, настанале океаните.[9] Се верува дека високоенергетска хемиска реакција создала самоудвојување на молекулите пред околу 4 милијарди години, а пола милијарда години потоа, настанале првите облици на живот на Земјата.[10]

Развојот на фотосинтезата овозможил животинските форми директно да ја користат Сончевата енергија. Кислородот кој настанал во тој процес и оној кој се акумулирал во атмосферата се претворил во озонска обвивка во горната атмосфера. Инкорпорацијата на малку од клетките придонела во развојот на комплексни клетки кои се нарекуваат еукариот. Озонската обвивка ги апсорбирала ултравиолетовите зраци, што овозможило понатамошен развој на живите клетки на Земјата.[11]

Пангеја — најмладиот суперконтинент

Земјината површина во текот на стотина милиони години постојано го менувала својот облик, се формирале континенти и подоцна се губеле, мигрирале и со текот на времето, спојувајќи се, формирале суперконтиненти. Пред околу 750 милиони години, најстариот познат суперконтинент, Родинија, почнал да се дели на континенти, кои повратно, пред околу 600 — 540 милиони години, се прекомбинирале и се соединиле во друг суперконтинент, Панотија, по што конечно го формирале Пангеја, која се растурила пред околу 180 милиони години[12]. На почетокот на шеесеттите години на 20 век, се претпоставувало дека измеѓу 750 и 580 милиони години, постоела ледена активност на Земјата, што довело до нејзино прекривање на површината со слој на мраз. Оваа хипотеза е наречена „Снежна Земја“ и е многу важна бидејќи и претходела на камбриумската експлозија која го условила создавањето на повеќеклеточните организами[13].

По камбриумската експлозија (нагло развивање на животот) имало пет масовни уништувања[14]. Последното уништување се случило пред 65 милиони години, кога метеорит удрил во Земјата и со тоа е предизвикано исчезнувањето на диносаурусите и другите големи рептили, иако некои мали животни, цицачи, преживеале. Во текот на 65-те милиони години, цицачите се размножиле и настанале многубројни видови, а пред неколку милиони години, африканските мајмуни успеале да се исправат на две нозе[15]. Ова овозможило користење на разни орудија и придонело во развојот на комуникацијата, која влијаела на стимулацијата во развојот на големиот мозок. Развивањето на цивилизациите овозможило луѓето да влијаат на Земјата во многу краток период на начин на кој не влијаело ниту едно друго живо суштество[16].

Структура и состав на Земјата[уреди | уреди извор]

По големина, Земјата е петта во Сончевиот Систем. За разлика од некои други планети, Земјата не е гасовит џин, каква што е Јупитер на пример. Земјата има цврста површина како и Меркур, Венера и Марс, од кои Земјата е најголема, со најголема густина, најсилна гравитација и најсилно магнетно поле. Генерално, Земјата се состои од атмосфера, биосфера, хидросфера и нејзините внатрешни градби под површината.

Подредени планети според големината (од лево кон десно): Меркур, Венера, Земја, Марс

Облик на Земјата[уреди | уреди извор]

Обликот на Земјата многу наликува на вртежен елипсоид. Сепак, ова геометриско тело, кое до пред неколку години се користело за интерпретација, не одговара во потполност со обликот на Земјата. Поради тоа елипсоидот во научните истражувања е заменет со новиот, приближен облик — геоид. Масата на Земјата е приближно 5,98 x 10(24) кг[17].

Ротацијата на Земјата доведува до екваторската испакнатост, така што екваторската должина е за 43 км поголема од половата[18]. Најголеми локални девијации на површината на Земјата се Монт Еверест (8.848 м надморска височина), Маријана Тренч (10.911 под водната површина). Според тоа, во споредба со совршен елипсоид, Земјата има толеранција од 1:584 или 0,17 %, што е за 0,22 % помалку од дозволената толеранција кај топка во билјардот[19]. Поради испакнатоста, најдалечната точка од центарот на Земјата е планината Чимборасо во Еквадор.[20]

Хемиски состав на Земјата[уреди | уреди извор]

Според хемискиот состав на Земјата, во најголем дел ја сочинуваат: железо (32,1 %), кислород (30,1 %), силициум(15,1%), магнезиум (13,9 %), сулфур (2,9 %), никел (1,8 %), калциум (1,5 %) и алуминиум (1,4 %), а преостанатите 1,2 % ги сочинуваат мали количини на други елементи. Пред сегрегацијата на тежината, се верува дека кората во основа била сочинета од: железо (88,8 %), мали количини на никел (5,8 %), сулфур (4,5 %), а помалку од 1 % биле хемиските елементи кои подоцна се појавиле во поголеми количини[21].

Атмосфера[уреди | уреди извор]

Земјината атмосфера има повеќекратна улога. Таа ја штити Земјата од помали метеори така што предизвикува нивно целосно согорување пред тие да стигнат до површината на Земјата. Азотот и кислородот во атмосферата, заедно со Земјиното магнетно поле, ја штитат Земјата од зрачењето кое би било смртоносно. Земјината атмосфера нема точно одредена граница, бидејќи како што поминува времето таа станува се побледа и поретка. Атмосферата ја сочинуваат повеќе слоеви, а се протега на повеќе од 100 км над површината. Нејзе ја сочинуваат: 78 % азот, 21 % кислород, 0,93 % аргон, 0,03 % јаглерод диоксид и мали количини на водена пареа и други гасови[22]. Слоеви на атмосферата:

  • тропосфера (до височина од околу 12 км) е најнискиот и најгустиот дел од атмосферата во кој се одвиваат сите временски појави. Во овој слој температурата опаѓа во зависност од висината. Содржи голема количина на водена пареа.
  • стратосфера (до височина од околу 50 км) содржи озон кој не штити од штетните зрачења во вселената. Во пониските слоеви, температурата е постојана, а во повисоките се зголемува. Ветровите кои дуваат во стратосферата достигнуваат брзина од неколку стотини км/ч.
  • мезосфера (до височина од околу 85 км) е слој во кој се случува нагло опаѓање на температурата.
  • јоносфера или термосфера (до височина од околу 500 км) содржи јони, наелектризирани честички. Во овој слој на атмосферата, под влијание на Сончевиот ветер, се создава поларна светлина. Температурата се накачува сè до височина од 400 км.
  • егзосфера. Егзосферата е прелазен простор кон вакуумот. Таа е слој со многу разредени гасови и се простира на височина од над 500 км.

Преодните простори помеѓу слоевите на атмосферата се: тропопауза, стратопауза и мезопауза.

Клима[уреди | уреди извор]

Stratocumulus perlucidus облаци

Најнискиот слој на атмосферата е тропосферата. Сончевата енергија го загрева овој слој и Земјината површина, предизвикувајќи ширење на воздухот. Помалку густиот воздух се подига и се заменува со поладниот, тој со поголема густина. Како резултат на овој процес се појавува атмосферската циркулација (струење) која на климата и временските пригоди им овозможува прераспределба на топлината. Основните атмосферски циркулаторни потфати се состојат од ветровите во екваторскиот појас под 30° географска ширина, западно помеѓу 30° и 60° географска ширина. Сепак, океанските струи се исто така значајни фактори во одредувањето на климата, а посебно термохалинската струја која топлата енергија на екваторските океани ја распределува кон поларните региони.

Водената пареа, која се генерира преку површинското испарување, се транспортира во атмосферата. Кога атмосферските услови овозможиле подигнување на топлиот влажен воздух, водата се кондензира и се враќа на површината преку дождот. Поголем дел од водата паѓа на мали височини и со помош на речните системи се префрла во океаните, езерата, морињата. Овој воден циклус е механизам кој има витално значење за преживувањето на копното и претставува примарен фактор во процесот на ерозија на површината во текот на геолошките периоди. Количината на дождот варира зависно од пределите, од неколку метри вода за една година до помалку од милиметар вода за истиот период.

Биосфера[уреди | уреди извор]

Досегашните изучувања водат кон тоа дека Земјата е единственото место на кое постои живот. Животните облици ја сочинуваат биосферата на планетата. Се претпоставува дека биосферата на Земјата започнала пред околу 3,5 милијарди години. Животните заедници (биоми) настанале низ целата површина на Земјата, од малубројни на Арктикот и Антарктикот, до многубројни во областа околу екваторот.

Функционирањето на биосферата се заснова врз нејзините различни екосистеми, врз принципот на кружење на материите во глобални размери итн. Основните елементи (јаглерод, кислород, водород, азот и др.), организмите ги вградуваат во органските соединенија во своето тело. Органската материја поминува низ веригите на исхрана и на крајот се разложува и минерализира. На тој начин основните елементи се враќаат во надворешната средина, од каде што повторно можат да бидат искористени. Оваа патека на основните елементи го претставува биогеохемискиот циклус на Земјата, кој може да се потврди за секој елемент посебно.

Хидросфера[уреди | уреди извор]

Ефектот на стаклена градина

Земјата е единствената планета во Сончевиот Систем на чија површина има вода во течна агрегатна состојба. Водата покрива 71 % од Земјината површина. Најголемиот дел од водените површини се морињата (97 %), а останатиот дел е слатка вода (3 %). Водата на планетата Земја постои поради спој на неколку погодни услови: орбитата околу Сонцето, вулканите, гравитацијата, ефектите на стаклена градина, магнетното поле и големите количина на кислород во атмосферата.

Земјината орбита се наоѓа надвор од областа во која е доволно топло за да се задржи водата. Без ефектот на стаклена градина кој ја зачувува топлината во атмосферата, водата на Земјата би се замрзнала. Палеонтолошките истражувања наведуваат на расцепување на Земјината површина во време кога ефектот на стаклена градина привремено исчезнал, а површината се замрзнала во текот на следните 10 до 100 милиони години.

На планетите како што е Венера, под влијание на ултравиолетовите зрачења, водената пареа се разложува на водород и кислород, водородот се јонизира и (реакција на Сончевиот ветер) излегува низ надворешните слоеви на атмосферата. Ослободениот кислород се врзува за минералните слоеви на површината. Овој процес е бавен, но се смета за главна причина поради која на Венера нема вода. На Земјата, озонската обвивка ги впива поголемиот дел на ултравиолетовите зрачења во високите слоеви на атмосферата и го намалува смртоносниот процес. Освен тоа, магнетосферата ја штити јоносферата од штетните влијанија на Сончевиот ветер.

Вулканските процеси постојано исфрлаат водена пареа од внатрешноста. Проценето е дека минералите во Земјината обвивка содржат 10 пати повеќе вода од количината која ја има во океаните. Сепак, голем дел од таа водена пареа никогаш нема да биде ослободена.

Внатрешна градба на Земјата

Внатрешна градба на Земјата[уреди | уреди извор]

Слично како и кај другите земјовидни планети, внатрешноста на Земјата е поделена на повеќе слоеви:

  • Надворешна кора:
    • континентална;
    • океанска.
  • Земјин плашт:
    • горен дел на обвивката;
    • долен дел на обвивката/
  • Јадро:
    • надворешно јадро;
    • внатрешно јадро (барисфера).

Горната обвивка, заедно со кората, се нарекува литосфера.

Кора[уреди | уреди извор]

Кората е надворешниот слој на Земјата, на длабочина од 5 до 35 км. Составена е од континентална и океанска кора. На границата на кората и обвивката се наоѓа Мохо-слој, познат како Мохоровиќиев дисконтинуитет. Материјата од внатрешноста постојано излегува на површината со помош на вулканските отвори (кратери) и пукнатините на океанското дно. Поголемиот дел од Земјината површина е помлад од 100 милиони години, додека најстарите кори на Земјата се 4,4 милијарди години стари.

Хемиски состав на Земјината кора[уреди | уреди извор]

Земјината кора е составена од:

Хемиски состав на Земјината кора
кислород
  
47 %
силициум
  
28 %
алуминиум
  
8 %
железо
  
4,5 %
калциум
  
3,5 %
натриум
  
2,5 %
калиум
  
2,5 %
магнезиум
  
2,2 %
Петролошки состав на Земјината кора[уреди | уреди извор]

Земјината кора претежно е составена од лесно распадливи карпи, карпи со мала густина. Континенталната кора содржи гранит, додека океанската кора содржи најмногу базалт и габро.

  • Магматски карпи се најраспространети карпи на Земјата. Настануваат со зацврстување на растопената маса на магма. Магматските карпи можат да настанат во длабочините на Земјината кора, но и на самата површина. Овие карпи се многу цврсти.
  • Седиментни карпи настануваат непосредно на површината на Земјата со таложење и збивање на остатоци од живиот свет (варовник, креда, камен јаглен) и честички на други распаднати карпи (песочни камења, глина).
  • Метаморфни карпи настануваат од магматските и седименталните карпи, под влијание на високи температури и притисок во внатрешноста на Земјата. На пример, мермерот настанал со метаморфоза на варовникот.

Земјина обвивка[уреди | уреди извор]

Под кората, до длабочина од 2900 км се наоѓа Земјината обвивка. Таа се состои од богати слоеви на железо и магнезиум, односно од карпи со поголема густина од оние кои ја сочинуваат кората. Притисокот зависи од длабочината, колку е подлабоко толку е повисок притисокот. Горната обвивка која се наоѓа помеѓу астеносферата и Земјината кора се состои од ултрабазичните карпи: перидотит и еклогит. Астеносферата е пластична и е дебела неколку стотини километри. Карактеристична е по термодинамичките процеси кои се одвиваат во неа, т.н. конвекциско струење на материите во Земјиниот плашт.

Долната обвивка е дебела околу 1900 км е хетерогена, односно има разновиден (видлив) состав.

Јадро[уреди | уреди извор]

Просечната густина на Земјата е 5515 кг/м3, а пак густината на површинските материи е околу 3000 кг/м3, што би значело дека погустата материја се наоѓа во јадрото. Во времето на настанување на Земјата, пред 4,5 милијарди години, таа била прилично растопена. Во процесот кој е наречен диференцијација, тешките елементи тонеле кон средината, а полесните се собрале на површината. Затоа најголемиот дел од јадрото го сочинуваат: железо (80 %), никел и силициум.

Јадрото се дели на два дела, внатрешен дел на јадрото со пречник од околу 1250 км и надворешно (се смета дека јадрото е течно) јадро кое има пречник од 3500 км. Се смета дека внатрешното јадро е во кристален облик, а дека надворешното е составено од течно железо и никел. Со струењето на растопените метали (и нивното мешање кое настанува поради Земјината ротација) се создава Земјиното магнетно поле. Геофизиката е наука за проучување на внатрешноста на Земјата, кое се спроведува со проучувањето на сеизмичките бранови.

Тектонски плочи[уреди | уреди извор]

Според Теоријата за тектонските плочи, која е засега признаена од сите научници кои се занимаваат со проучување на тектонските плочи, најблиската површинска обвивка на Земјата се состои од два слоја: литосфера, вклучувајќи ја и кората, и највисокиот зацврснат дел на Земјината обвивка. Под литосферата се наоѓа астеносферата, која претставува внатрешен дел на обвивката на Земјиното јадро. Астеносферата се однесува како суперзагреана и екстремно вискозна течност[23].

Во суштина, литосферата плута по астеносферата и е раскршена на тектонски плочи. Постојат два вида на плочи: океански (на пр. Тихоокеанска плоча) и континентални плочи. Овие плочи се сегменти кои се движат релативно една во однос на друга, при тоа можат да формираат некои од следниве граници на тектонските плочи: конвергентни, дивергентни и трансформни[24]. Најголеми тектонски (геотектонски) плочи се[25]:

Геотектонски плочи
Име на плочата Подрачје Место кое го покрива
106 км2 106 mi²
Африканска плоча 61,3 23,7 Африка
Антарктичка плоча 60,9 23,5 Антарктик
Австралиска плоча 47,2 18,2 Австралија
Евроазиска плоча 67,8 26,2 Азија и Европа
Северноамериканска плоча 75,9 29,3 Северна Америка и североисточен Сибир
Јужноамериканска плоча 43,6 16,8 Јужна Америка
Тихоокеанска плоча 103,3 39,9 Тихи Океан

Земјина површина[уреди | уреди извор]

Земјата се издига по третпат над месечевиот хоризонт. Слика направена во мисијата на Аполо 8, 24 декември 1968

Облиците на Земјината површина варираат. Околу 70,8 % од Земјината површина се наоѓа под вода, вклучувајќи и голем дел од континенталниот гребен. Подводната површина има различни облици, планински, вклучувајќи ја и глобалната широчина на средноокеанскиот гребенски систем, како и подморските вулкани, океанските ровови и подморските кањони. Останатите 29,2 % од Земјината површина, кои не се покриени со вода, ја сочинуваат планините, пустините, рамнините, полињата и други геоморфолошки облици.

Површината на Земјата, од нејзиното оформување до ден денес, е во постојан процес на преобликување и тоа под влијание на тектонските движена и ерозија. Земјишните облици настанале и се менувале поради влијанијата врз тектонските плочи кои се изложени на дождови, температурни промени, хемиски реакции, глацијација, ерозија на бреговите, настанувањето на коралните гребени и ударите на големите метеори[26].

Орбита и вртење[уреди | уреди извор]

Земјиното вртење околу својата оска.

Слично како и Марс, релативно во однос на ѕвездите, на Земјата ѝ е потребно во просек 23 часа, 56 минути и 4.091 секунда за вртење околу оската (вртежен период или ѕвезден ден) која ги спојува северниот и Јужниот Пол.

Земјата кружи по патеката на својата орбита околу Сонцето за 365,2564 (револуција) главни ѕвездени денови и се наоѓа на просечна оддалеченост околу 150 милиони километри (93,2 милиони милји) од Сонцето. Насоката на револуцијата на Земјата околу Сонцето е спротивна од насоката на стрелките на часовникот, односно насоката на кружење на земјата околу Сонцето е спротивна од насоката на кружење на Сонцето околу својата оска.

Изместувањето од 23,5°, наречено „осен наклон“ предизвикува поголемо загревање и подолг ден, во текот на годината, на едната или на другата полутопка што предизвикува циклични промени на годишните времиња.

Земјино магнетно поле[уреди | уреди извор]

Магнетосферата ја штити површината на Земјата од честичките на Сончевиот ветер

Земјиното магнетно поле може да се претстави како магнетен дипол, со два магнетни пола. Јужниот магнетен пол се наоѓа на 73° СГШ и 100° ЗГД, на Островот на Принцот од Велс, а северниот магнетен пол се наоѓа на 70° ЈГШ и 148° ИГД, на Антарктикот — јужно од Нов Зеланд. Оската на магнетните полови е наклонета во однос на оската на географските полови за околу 11°.

Според Теоријата на динамоефект, геомагнетното поле се генерира во внатрешноста на растопеното јадро каде што топлината создава конвекциски движења на материјалите кои ја генерираат електричната енергија. Конвекциските движења во јадрото се хаотични и во одредени периоди се јавуваат промени во насоката на движењето. Ова предизвикува промена на поларитетот на магнетното поле. Земјиното магнетно поле делува и на околниот простор. Голем регион во облик на солза, наречен магнетосфера, настанал со интеракција на Земјиното магнетно поле и Сончевите ветришта. На растојание од околу 65.000 км од Сонцето, притисокот на Сончевиот ветер се балансира со помош на геомагнетното поле. Поларната светлина настанува со интеракција на Сончевиот ветер и магнетосферата.

Теоретски гледано, при периодот на промена на поларитетот на магнетното поле, што се случувало повеќепати во историјата на Земјата, додека едниот магнетен пол престанува да дејствува и додека другиот почне да дејствува, Земјата немала магнетно поле. Доколку тоа е точно, планетата во тие периоди била незаштитена од влијанијата на Сончевите ветришта и наелектризираните честички, кои во спротивно би биле одбиени или согорени, а тогаш можеле да стигнат до Земјината површина. Тоа можело да предизвика, покрај зрачење, мутација на живиот свет, појава на стерилитет и изумирање на одредени видови. Оваа теорија не е докажана но посочува на значењето на Земјиното магнетно поле како природен штит од надворешните влијанија врз живиот свет.[27]

Гравитација[уреди | уреди извор]

Земјиното гравитациско поле предизвикува, телото кое се наоѓа слободно во воздушниот простор да почне да се движи забрзано и рамномерно кон центарот на Земјата. Забрзувањето кое се случува врз телото се нарекува гравитациско забрзување. Со геофизички мерења е потврдено дека гравитациското поле не е насекаде исто низ Земјината површина. Разликите на гравитациското забрзување која се јавува при мерење на различни места на Земјината површина, се појавува поради три причини:

  • во зависност од надморската височина, забрзувањето е обратнопропорционално на квадратот на растојанието од центарот на Земјата до местото на мерење;
  • Земјата не е во облик на топ, туку има неправилен облик со сплескани делови на половите каде што гравитациското поле е најсилно;
  • Земјата ротира, при што на нејзината површина се појавува центрифугална сила која е најголема на Екваторот, а на истото место гравитациската сила е најслаба.

Иако центрифугалната сила се јавува на Екваторот со најголем интензитет, таа е околу 300 пати послаба од силата на привлекување.

Гравитациското забрзување, на некои места на физичката површина на Земјата, може да биде пресметано на следниот начин:

каде што:

Во висина на ниво на морето, h=0 m :

  • на екваторот(=0°) : g=9,7803 m/s2
  • за географса ширина (=45°) : g=9,8063 m/s2
  • на половите (=90°) : g=9,8322 m/s2

Гравитациската сила ја задржува месечината (природен сателит) во нејзината орбита околу Земјата. За возврат месечината влијае на животот на Земјата со тоа што влијае на плимата и осеката.

Природни ресурси и искористување на Земјата[уреди | уреди извор]

Земјата навечер

На Земјата постојат ресурси кои се експлоатираат од луѓето за различни потреби. Некои од нив се необновливи ресурси, како што се фосилните горива, кои е невозможно да се обноват бидејќи се создавале во текот на друг геолошки период од остатокот на билки и животни. Големи лежишта на фосилни горива се наоѓаат во Земјината кора, а се состојат од јаглен, нафта, природни гасови и метан. Луѓето ги користат овие лежишта за производство на енергија и како суровини во хемиското производство. Минералните руди, исто така настанале во Земјината кора во текот на процесот на генеза на рудите, која резултирала од ерозијата и тектонските плочи[28]. Овие руди се наоѓаат на местата со најголема концентрација на многу од металите и други корисни хемиски елементи.

Земјината биосфера произведува многу корисни биолошки производи за луѓето, вклучувајќи храна, дрво, лекови, кислород и рециклирање на многу органски отпади. Копнениот екосистем зависи од површинското тло и свежата вода, а пак океанските екосистеми зависат од растворените хранливи материи кои достигнале до нив со одливање од копното[29]. Луѓето исто така живеат на копно користејќи градежни материјали. Податоците од 1993 година ја утврдуваат употребата на земјиштето од страна на луѓето:

Употреба на земјиштето Процент
Обработлива земја 13,13 %[30]
Постојани култури 4,71 %[30]
Постојани пасишта 26 %
Шуми и прашуми 32 %
Урбани подрачја 1,5 %
Останато 30 %

Површината на земјиштето кое се наводнувало во 1993 година изнесувала 2.481.250 км2.[30]

Природни катастрофи[уреди | уреди извор]

Вулканска ерупција
Индонезиското цунами во 2004 година

Големи предели се изложени на лоши временски услови како што се тропските циклони, урагани или тајфуни кои управуваат со животот во тие области. Исто така многу области се изложени на чести земјотреси, одронувања, цунами, вулкански ерупции, торнада, снежни бури, поплави, суши и други несреќи и природни непогоди. Жителите на некои области страдаат од загадување на воздухот и водата, изложени се на кисели дождови и токсични материи, недостаток на вегетација, загуба на дивите животни, изумрени видови, деградирано тло, ерозија итн. Човечките активности се одразуваат и на долгорочната промена на климата и тоа највеќе со индустриската емисија на јаглерод диоксид. Со оглед на овие активности се очекуваат промени како што е ширење на озонската дупка, откинување на ледот на Арктикот, поголеми варијации на температурата, значајни промени на климатските услови и глобалното покачување на нивото на морето.[31]

Историски сфаќања за Земјата[уреди | уреди извор]

🜨
🜨

Според средновековното сфаќање, Земјата се наоѓа во центарот на вселената, како и во центарот на девет подвижни неба, од кои првото и најмалото е месечевото небо.[32] Исто така, во Средниот век се верувало дека на северната полутопка се наоѓа копното, со средиште во Ерусалим, додека на јужната полутопка има само вода при што постои само еден остров на којшто се наоѓа чистилиштето, а качувајќи се по ридот се оди кон рајот.[33]

Земјата како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Земјата се јавува како мотив во книжевноста[уреди | уреди извор]

Земјата како мотив во филмот[уреди | уреди извор]

Земјата како мотив во музиката[уреди | уреди извор]

  • „Планетата Земја“ (англиски: Planet Earth) — песна на британската поп-рок група Дјуран дјуран (Duran Duran) од 1981 година.[40]
  • „Да не се допира земјата“ (англиски: Not To Touch The Earth) — песна на американската рок-група Дорс (The Doors) од 1968 година.[41]
  • „Планетата од моите соништа“ (англиски: Planet Of My Dreams) — песна на американскиот рок-музичар Френк Запа (Frank Zappa) од 1984 година.[42]
  • „Мајката Земја (Природна химна)“ (англиски: Mother Earth (Natural Anthem)) — песна на американскиот рок-музичар Нил Јанг (Neil Young) од 1990 година.[43]
  • „Чувствувам како се движи Земјата“ (англиски: I Feel the Earth Move) — песна на американската поп-музичарка Керол Кинг (Carole King) од 1971 година.[44]
  • „Последниот ден на Земјата“ (англиски: The last day of the Earth) — песна на македонската рок-група Mooger Fooger.[45]
  • „Земја (Гаја)“ (англиски: Earth (Gaia)) — песна на британската техно-група The Orb од 1991 година.[46]
  • „Удар (Земјата гори)“ (англиски: Impact (The Earth Is Burning)) — песна на британското техно-дуо Орбитал (Orbital) од 1993 година.[47]
  • „Бојата на земјата“ (англиски: The Colour Of The Earth) — песна на британската рок-музичарка ПЈ Харви (PJ Harvey) од 2011 година.[48]
  • „Ние ќе ја наследиме Земјата“ (англиски: We'll Inherit The Earth) — песна на американската рок-група Риплејсментс (The Replacements) од 1989 година.[49]
  • „Солта на земјата“ (англиски: Salt of the Earth) — песна на британската рок-група Ролинг Стоунс (The Rolling Stones) од 1968 година.[50]
  • „Никогаш не врти ѝ го грбот на мајката земја“ (Never Turn Your Back On Mother Earth) — песна на американското дуо Спаркс (Sparks) од 1974 година.[51]
  • „Добрата Земја“ (англиски: The Good Earth) — песна од истоимениот албум на американската рок-група Филис (The Feelies) од 1986 година.[52]
  • „Третиот камен од Сонцето“ (англиски: Third stone from the Sun) — песна на рок-групата Џими Хендрикс Експириенс (The Jimi Hendrix Experience) од 1967 година.[53]

Карта[уреди | уреди извор]

Интерактивна карта на планетата Земја


Кликнете на секоја коцка поединечно за поголем преглед на саканата површина.
N60-90, W150-180 N60-90, W120-150 N60-90, W90-120 N60-90, W60-90 N60-90, W30-60 N60-90, W0-30 N60-90, E0-30 N60-90, E30-60 N60-90, E60-90 N60-90, E90-120 N60-90, E120-150 N60-90, E150-180
N30-60, W150-180 N30-60, W120-150 N30-60, W90-120 N30-60, W60-90 N30-60, W30-60 N30-60, W0-30 N30-60, E0-30 N30-60, E30-60 N30-60, E60-90 N30-60, E90-120 N30-60, E120-150 N30-60, E150-180
N0-30, W150-180 N0-30, W120-150 N0-30, W90-120 N0-30, W60-90 N0-30, W30-60 N0-60, W0-30 N0-60, E0-30 N0-60, E30-60 N0-60, E60-90 N0-60, E90-120 N0-60, E120-150 N0-60, E150-180
S0-30, W150-180 S0-30, W120-150 S0-30, W90-120 S0-30, W60-90 S0-30, W30-60 S0-30, W0-30 S0-30, E0-30 S0-30, E30-60 S0-30, E60-90 S0-30, E90-120 S0-30, E120-150 S0-30, E150-180
S30-60, W150 S30-60, W120 S30-60, W90-120 S30-60, W60-90 S30-60, W30-60 S30-60, W0-30 S30-60, E0-30 S30-60, E30-60 S30-60, E60-90 S30-60, E90-120 S30-60, E120-150 S30-60, E150-180
S60-90, W150-180 S60-90, W120-150 S60-90, W90-120 S60-90, W60-90 S60-90, W30-60 S60-90, W0-30 S60-90, E0-30 S60-90, E30-60 S60-90, E60-90 S60-90, E90-120 S60-90, E120-150 S60-90, E150-180
Секоја коцка опфаќа 30 степени.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Д. Рабреновић, С.Кнежевић, Љ. Рундић. Историјска геологија са практикумом. Завод за графичку технику ТМФ Београд, 1996 ISBN 86-81019-17-1
  2. Ahrens, Global Earth Physics: A Handbook of Physical Constants, p. 8
  3. Dalrymple, G.B. (1991). The Age of the Earth. California: Stanford University Press. ISBN 0-8047-1569-6.
  4. Newman, William L. (2007-07-09). "Age of the Earth". Publications Services, USGS.
  5. Dalrymple, G. Brent (2001). "The age of the Earth in the twentieth century: a problem (mostly) solved". Geological Society, London, Special Publications 190: 205–221. doi:10.1144/GSL.SP.2001.190 јануари 14, http://sp.lyellcollection.org/cgi/content/abstract/190/1/205. Посетено на 20 September 2007.
  6. Stassen, Chris (10 септември 2005). "The Age of the Earth". The TalkOrigins Archive.
  7. Asphaug, E. ((Fall Meeting 2001)). An impact origin of the Earth-Moon system. American Geophysical Union. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  8. R. Canup and E. Asphaug (2001). „Origin of the Moon in a giant impact near the end of the Earth's formation“. Nature. 412: 708–712.
  9. Morbidelli, A.; Chambers, J.; Lunine, J. I.; Petit, J. M.; Robert, F.; Valsecchi, G. B.; Cyr, K. E. (2000). "Source regions and time scales for the delivery of water to Earth Meteoritics & Planetary Science 35 (6): 1309–1320. пров. 6 март 2007
  10. Doolittle, W. Ford (February, 2000). "Uprooting the tree of life". Scientific American 282 (6): 90–95.
  11. Burton, Kathleen (November 29, 2000). Astrobiologists Find Evidence of Early Life on Land. NASA. Архивирано на 11 октомври 2011 г. Посетено на 2007-03-05.
  12. Murphy, J. B.; Nance, R. D. (1965). "How do supercontinents assemble?". American Scientist 92: 324–33. Посетено на 2007-03-05.
  13. Kirschvink, J. L. (1992). The Proterozoic Biosphere: A Multidisciplinary Study. Cambridge University Press, 51–52. ISBN 0-521-36615-1.
  14. Raup, D. M.; Sepkoski, J. J. (1982). [Mass Extinctions in the Marine Fossil Record "Mass Extinctions in the Marine Fossil Record"]. Science 215 (4539): 1501–1503. Посетено на 2007-03-05.
  15. Gould, Stephan J. (October, 1994). "The Evolution of Life on Earth". Scientific American. Посетено на 2007-03-05.
  16. Wilkinson, B. H.; McElroy, B. J. (2007). "The impact of humans on continental erosion and sedimentation". Bulletin of the Geological Society of America 119 (1–2): 140–156. Посетено на 2007-04-22.
  17. Morgan, J. W.; Anders, E. (1980). „Chemical composition of Earth, Venus, and Mercury“. Proceedings of the National Academy of Science. 71 (12): 6973–6977. Посетено на 4 февруари 2007.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  18. Sandwell, D. T.; Smith, W. H. F. (Jul, 26, 2006). Exploring the Ocean Basins with Satellite Altimeter Data. NOAA/NGDC. Посетено на 2007-04-21.
  19. Staff (November, 2001). WPA Tournament Table & Equipment Specifications. Архивирано на 2 февруари 2007 г. World Pool-Billiards Association. Посетено на 2007-03-10.
  20. Senne, Joseph H. (2000). "Did Edmund Hillary Climb the Wrong Mountain". Professional Surveyor 20 (5).
  21. Morgan, J. W.; Anders, E. (1980). „Chemical composition of Earth, Venus, and Mercury“. Proceedings of the National Academy of Science. 71 (12): 6973–6977. Посетено на 2007-02-04.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  22. Л. Љ. Пешић:Општа геологија - Ендодинамика, Рударско-геолошки факултет, Београд, 1995.
  23. Staff (27 февруари 2004). [февруари http://www.geolsoc.org.uk/template.cfm?name=lithosphere „Crust and Lithosphere“] Проверете ја вредноста |url= (help). Plate Tectonics & Structural Geology. The Geological Survey. Посетено на 11 март 2007.
  24. Kious, W. J.; Tilling, R. I. (5 мај 1999). „Understanding plate motions“. USGS. Посетено на 2007-03-02.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  25. Brown, W. K.; Wohletz, K. H. (2005). „SFT and the Earth's Tectonic Plates“. Los Alamos National Laboratory. Архивирано од изворникот на 2013-02-17. Посетено на 2 март 2007.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  26. Kring, David A. „Terrestrial Impact Cratering and Its Environmental Effects“. Lunar and Planetary Laboratory. Архивирано од изворникот на 2007-02-06. Посетено на 22 март 2007.
  27. " Earth ." Encyclopædia Britannica. 2007. Encyclopædia Britannica Online. 23 2007 <http://www.britannica.com/eb/article-242082 Архивирано на 16 јануари 2008 г.>.
  28. Staff (24 ноември 2006). „Mineral Genesis: How do minerals form?“. Non-vertebrate Paleontology Laboratory, Texas Memorial Museum. Посетено на 1 април 2007.
  29. Rona, Peter A. (2003). „Resources of the Sea Floor“. Science. 299 (5607): 673–674. Посетено на 4 февруари 2007.
  30. 30,0 30,1 30,2 Staff (8 февруари 2007). The World Factbook. U.S. C.I.A. Архивирано на 5 јануари 2010 г.
  31. Staff (2 февруари 2007). Evidence is now unequivocal that humans are causing global warming – UN report.
  32. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 14.
  33. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 222.
  34. Italo Kalvino, Kosmikomike: stare i nove. Beograd: Paidea, 2008, стр. 42-50.
  35. Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 83.
  36. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 79-80.
  37. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 329-330.
  38. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 370-372.
  39. Пази се! Доаѓа Cinedays 13. Скопје: Младински културен центар, 2014, стр. 42.
  40. YouTube, Duran Duran - Planet Earth (пристапено на 18.3.2021)
  41. Discogs, The Doors ‎– Waiting For The Sun (пристапено на 20 мај 2020)
  42. Zappa* – Them Or Us (пристапено на 28.1.2024)
  43. Neil Young + Crazy Horse – Ragged Glory (пристапено на 7.11.2023)
  44. YouTube, Carole King - I Feel the Earth Move (Audio) (пристапено на 11 март 2018)
  45. Mooger Fooger, 4th of July, Corpus Delicti Records, CD 001.
  46. The Orb – The Orb's Adventures Beyond The Ultraworld (пристапено на 31.5.2023)
  47. Discogs, Orbital ‎– Orbital (пристапено на 1.2.2021)
  48. DISCOGS, PJ Harvey ‎– Let England Shake (пристапено на 3.4.2021)
  49. The Replacements – Don't Tell A Soul (пристапено на 8.7.2023)
  50. DISCOGS, Rolling Stones* ‎– Beggars Banquet (пристапено на 13.3.2021)
  51. Sparks ‎– Propaganda (пристапено на 30.8.2019)
  52. YouTube, The Feelies - The Good Earth 1986 Full Vinyl (пристапено на 1 јули 2017)
  53. The Jimi Hendrix Experience, Are Youe Experienced?, Experience Hendrix, MCD 11608, 1997.
Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Земја (планета)“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).