Енергија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Енергијата е фундаментална величина што секој физички систем го поседува. Таа ни овозможува да предвидиме колку работа системот може да заврши или колку топлина може да размени. Енергијата претставува способност на телото да врши работа. Енергијата ја покажува состојбата на телото.Енергијата се мери со иста единица (џул) како и работата.

    • Еден џул е работа што ја извршува сила од 1N на растојание од 1m

Видови енергија[уреди]

Видови енергија се:

  • потенцијална
  • кинетичка
  • хемиска
  • нуклеарна
  • топлинска
  • електрична
  • звучна...

Енергија и енергенси[уреди]

Потрошувачката на енергија и енергенси е составен дел како на секојдневниот живот на поединецот, така и на индустријата и на сите останати сегменти на општеството. Енергијата ја има во секој дом, училиште, фабрика, стамбен објект односно секаде.

Побарувачката на енергија е во постојан пораст на светско, регионално и национално ниво. Ова се однесува како на електричната и топлинската енергија, така и на енергијата односно енергенсите употребени во транспортот. Сегашното светско производство на енергија се базира врз употреба на фосилни горива (јаглен, нафта и природен гас) и нуклеарна енергија, поради што енергетскиот сектор се јавува како најголем загадувач на животната средина, почнувајќи од испуштањето на јаглероден диоксид како еден од причинителите за глобалното затоплување, па се до радиоактивниот отпад кој се добива од нуклеарните централи. Покрај последиците по животната средина и здравјето на луѓето, добивањето на енергија од конвенционалните извори, тука пред се се мисли на нафтата и природниот гас, има и економски последици поради постојаниот пораст на цените на овие суровини, кои исто така со децении наназад беа причина за војни, како и причини за политички манипулации. Во моментот, светот се наоѓа во позиција од која што што поскоро треба да ги смени воспоставените енергетски навики. Неопходно е воведување на мерки на енергетска ефикасност, како во производството, преносот и дистрибуцијата на енергијата, така и во индустријата и во домаќинствата. Ова ќе придонесе за стабилизирање на брзиот пораст на побарувачката на енергија. Од друга страна, процентот на искористувањето на обновливите ресурси (енергијата од сонцето, ветерот, биомасата итн) мора да се зголеми, со што би се зголемил и процентот на нивното учество во енергетскиот биланс. На овој начин би биле задоволени енергетските потреби на светското населени, не би бил запрен економскиот развој на неразвиените земји, но исто така би се спречило загадувањето на животната средина. Испуштањето на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина во атмосферата би се стабилизирало и следствено би се спречило понатамошно зголемување на климатски промени. Не би се создавале нови количества радиоактивен отпад, за кој не постои конечно решение за негово одлагање, а останува потенцлијална опасност од загадување во следните неколку стотици илјади години.



молња

Постојат повеќе видови на енергија:потенцијална енергија,кинетичка енергија,еластична,атомска,гравитациска,топлинска,механичка,хемиска и други

Потенцијална енергија'[уреди]


Потенцијална енергија' (Ер) -за едно тело се вели дека има потенцијална енергија ако поради влијанието на својата положба или состојба е способно да врши работа. Потенцијалната енергија се мери со работата што телото може да ја изврши.

  1. пр:Автомобил што се наоѓа на врвот од некој рид или навиена пружина на часовникот се примери за тела што имаат потенцијална енергија.Пружината може да овозможи часовникот да работи извесен временски период,како што и автомобилот може да измине пат со спуштање надолу по ридот.
  2. пр:Ако тело со маса m се подигне на одредена височина h,тогаш тоа има потенцијална енергија Fh поради неговата положба во однос на подлогата,од каде што било подигнато.


Во овој израз силата F одговара на тежината на телото G.Извршената работа при неговото подигање на висина h телото ја добива кaко потенцијална енергија. Телото може да се ослободи од оваа енергија со негово повторно пуштање на земја. Според тоа, потенцијалната енергија на тело со тежина G на висина h може да се определи со равенката:

Еp=Gh или Ep=mgh     


G=mg

Кинетичка енергија[уреди]

    • Кинетичка енергија (Ек)-ја има тело што се движи и се дефинира како способност едно тело да врши работа како резултат на своето движење.
  1. пр:Автомобил што се движи по автопат кинетичка енергија на транслација, а тркало на машина има кинетичка енергија на ротација. За тело со маса m кое се движи по права линија со постојана брзина v кинетичката енергија е дадена со равенката:
                             Еk=1/2*mv*v

Други видови енергија[уреди]

  • Еластична енергија - енергија со која што располага истегната пружина.
  • Атомска енергија -во нуклеарните електрани, атомската енергија се користи за добивање на електрична енергија.
  • Гравитациска енергија -енергија што ја имаат телата коишто паѓаат на земјата.
  • Топлинска енергија' - знаеме дека без сончевата енергија не би постоел живот на земјата, тоа е топлинска енергија.
Топлинска енергија
  • Механичка енергија -кога се зборува за механички промени на телото, тогаш овој вид на енергија се нарекува механичка енергија.