Електрична струја

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Електрична струја претставува ток(движење) на електричен полнеж. Во системот SI, единица мерка за електрична струја е амперот (A), кој е еднаков на тек од еден кулон електрицитет во секунда.

Дефиниција[уреди]

Количество на електрична струја (мерено во ампери) низ некоја површина (нпр. пресек на бакарен проводник) е дефинирано како количество на електричен полнеж (мерено во кулони) кој поминува низ таа површина во единица време. Ако Q е количество на полнеж кој поминува низ површина во единица време t, тогаш просечна струја I изнесува:


I = \frac{Q}{t}

Доколку времето t оставиме да тежнее кон 0, тогаш ја добиваме моменталната струја i(t):

i(t) = \frac{dQ}{dt}

Бидејќи ампер, како единица мерка за електрична струја е основна единица во SI, кулонот е изведен од дефиницијата за ампер. Да претпоставиме дека имаме проводник со пресек A- даден во метри квадратни ,должина l - даден во метри m и специфичен електричен отпор на материјалот од кој е изработен проводникот ρ- изразена во ом метри - Ωm. Неговиот отпор ќе биде :

R = {\ell \cdot \rho \over A} \,