Термодинамика

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Термодинамиката е физичка дисциплина што ги изучува својствата на топлинската енергија и нејзините трансформации. Поделена е на рамнотежна термодинамика и нерамнотежна термодинамика. Рамнотежната термодинамика ги изучува системите што се во состојба на стационарна термодинамичка рамнотежа, додека нерамнотежната термодинамика ги изучува оние системи што не се во состојба на термодинамичка рамнотежа.

Кога зборуваме за термодинамиката, вообичаено се мисли на феноменлошката термодинамика која термодинамичките системи ги изучува феноменолошки, односно со воопштување на експерименталните резултати и не водејќи сметка за микро карактеристиките на системите. Законитостите во термодинамиката се засновани на термодинамичките принципи.

Статистичката термодинамика има сосема поинаков приод при изучувањето на термодинамичките системи. За неа основно е познавањето на Хамилтонијанот на системот, којшто преку методот на фазни ансамбли овозможува да се определи најпрвин статистичката сума (интеграл) а потоа и соодветната величина за „врска“ помеѓу микро и макро карактеристиките на термодинамичките системи. Величините за врска се термодинамички потенцијали кои што зависат од изборот на фазниот ансамбл.