Физичка величина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шублерот е направа за мерење на физичката величина должина, единица мерка е милиметар.

Физичката величина — количествена карактеристика на еден објект или појава во физиката, или, пак, резултат од некое мерење. Се изразува како производ од бројната вредност {M} и мерната единица [M]

M=\{M\}\;[M]

На пример, доколку имаме некаква моќност зададена како:

P = 42,3 × 103 W = 42,3 kW,

тогаш во овој запис:

Р — е ознаката за величината „моќност“
42,3 × 103 — нејзината бројна̀ вредност
к — е ознака за десеткратната претставка „кило“, која одговара на 103
W — е ознаката за ват, единица за моќност.

Во овој случај, под „мерење“ се подразбира процедура, при која на физичката величина ѝ се придава бројна вредност, при што се прави споредба со соодветна на неа вредност, означена како стандардна (еталон). Поради ова, многу е важно да се установат стандардните вредности на основните физички величини. Тоа може да биде по различни начини и прифаќањето на еден начин е прашање на согласност. Списокот од стандардни вредности се нарекува систем на мерни единици.

Видови физички величини[уреди]

Во зависност од математичкиот апарат кој се користи од страна на набљудувачот за оценка и мерење на физичките величини, тие се делат на скаларни, векторни и тензорни:

  • скалари - се карактеризираат со фиксирана вредност (наречена уште и инваријант), без изразена насоченост и независни од набљудувачот. Пример за ваква величина е масата. Во класичната физика, масата, температурата, енергијата и густината на телата имаат постојана вредност за сите набљудувачи (за разлика од теоријата на веројатноста, каде енергијата и температурата зависат од набљудувачот, па затоа тие не се скалари);
  • вектори - се карактеризираат со фиксирана вредност и насока, како на пример брзина, забрзување, сила. Тие се изразуваат на различен начин во зависност од референтниот систем на набљудувачот и за да се изедначат мерењата на различните набљудувачи е неопходно да се извршат векторски трансформации. Во класичната физика, интензитетот на електростатското поле е вектор (за разлика од теоријата на веројатноста, каде тој е тензор);
  • тензори - карактеризираат такви својства на физичките објекти, кои при преод од еден референтен систем во друг имаат потреба од преобразби со тензори. Пример за тензорна величина е диелектричната пропустливост во нехомогена средина.

Во зависност од својството „адитивност“ на дадена величина во системот и неговите потсистеми, физичките величини се делат на екстензивни и интензивни:

  • екстензивни се величините чии вредности во потсистемите се сумираат за да ја дадат вредноста во системот — на пример, маса, волумен;
  • интензивни се величините чија вредност во потсистемите е еднаква со вредноста во системот — на пример, температура, притисок.

Исто така, постојат и физички величини кои не се ниту екстензивни, ниту интензивни — на пример, должина, сила, време.

Поврзано[уреди]