Исак Њутн

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


Исак Њутн

Роден(а) 4 јануари 1643(1643-01-04)
[стар стил: 25 декември 1642]
Вулсторп крај Колстерворт
Линколншир, Англија
Починал(а) 31 март 1727 (возраст: 84 г.)
[стар стил: 20 март 1726]
Англија
Живеалиште Англија
Полиња физика, математика, астрономија, алхемија
Потпис
Is. Newton

Сер Исак Њутн (25 декември 1642 - 20 март 1727 според Јулијански календар; 4 јануари 1643 - 31 март 1727 според Грегоријански календар во Вулсторп крај Колстерворт, Англија) е англиски физичар, математичар, астроном, философ и алхемичар кој ја има напишано Philosophiae Naturalis Principia Mathematica (објавена на 5 јули 1687), каде ја опишал универзaлната гравитација и преку неговите закони на движење ја поставил основата на класичната механика. Њутн исто така е делумно заслужен за развојот на диференцијалниот калкулус, заедно со Готфрид Вилхелм Лајбниц; иако двајцата го откриле калкулусот речиси истовремено, тие не соработувале.

Њутн прв предложил збир на природни закони според кои владеат силите на движење на земја и небеските сили на движење. Њутновото дело се врзува со научната револуција и напредокот и прифаќањето на хелиоцентристичката теорија. Њутн истотака е заслужен за математичката формулација на Кеплеровите закони за движењето на планетите. Во тек на своите истражувања тој ги проширил тие закони и покажал дека планетарните орбити не само што се елиптични, туку можат да бидат хиперболични или параболични. Бил значаен и по своите дискусии дека светлоста е создадена од честици. Њутн прв сфатил дека спектарот на боите кои стануваат видливи кога бела светлост ќе помине низ призма се својствени на самата бела светлост и не се додадени од призмата, како што во тринаесетиот век сметал Роџер Бејкон.

Понатаму, Њутн развил еден на ладење, опишувајќи ја стапката на ладење на тела изложени на воздух, биномната теорема во нејзина целост, како и принципите на конзервација на момент и на аголен момент. Њутн ја изучувал брзината на распростирање на звукот низ воздух и предложил теорија за настанокот на ѕвездите.

[уреди] Поврзано

[уреди] Наводи

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици