Вода
Од Википедија
| Оваа статија не наведува никакви извори или референци. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до доверливи извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Водата е оксид на водородот. Таа е безбојна, безвкусна супстанција без мирис која е есенцијална за сите познати форми на живот и е најуниверзален раствор. Водата е широко застапена супстанција на Земјата. Таа се наоѓа на многу места и во многу форми: најчесто во океаните и поларните области со мраз, но и во облаците, дождот, реки и извори. На планетава, водата постојано кружи во кругот што ги вклучува испарувањето, врнежите и истечните води.
На сите познати форми на живот им е потребна вода. Луѓето конзумираат питка вода - вода со својства соодветни за човечкото тело. Овој природен ресурс почнува да се намалува со растењето на светската популација и нејзината достапност станува голема социјална и економска загриженост.
Од вселената јасно се гледа распостреноста на вода на нашата планета.
Водата може да се најде во три агрегатни состојби: течна, гасовита и цврста.
Најголема густина водата има на 4 степени,а врие на 100 целзиусови степени.
Човечкото тело содржи големо количество на вода, околу 71% од телесната тежина.
