Минерална вода

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Минерална вода или Кисела вода е вода која содржи минерали или други растворени супстанци кои го менуваат нејзиниот вкус или ѝ даваат терапевтска вредност. Најчести супстанци кои се среќаваат во минералните води се разни соли, сулфурни соединенија и разни гасови. Минералните води често пати содржат гасни меурчиња. Минералните води може да се произведуваат или да настануваат по природен пат.

Традиционално, минералните води се пиеле на изворот, и таквите места се сметале за бањи, лекувалишта или лековити извори. Честопати околу ваквите води настанувале туристички центри, дури и од антички времиња.

Денес вообичаено е минералните води да се флашираат и да се дистрибуираат во малопродажба. Во светот постојат преку 3000 марки на минерални води во малопродажба.[1]

Во Македонија има повеќе минерални бањи: Косоврасти во Дебарско, Катланово во Скопско, Негорски бањи во гевгелиско и др., како и извори на минерална вода: Меџитлија, Лешок, и др.

Видете и[уреди]

Наводи[уреди]