Меџитлија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Меџитлија
Меџитлија се наоѓа во Македонија
Меџитлија
Меџитлија (Македонија)
Координати 40°55′59″ СГШ 21°25′59″ ИГД / 
Општина Општина Битола
Население 155
Надморска височина 585
Flag of Macedonia.svg Портал:Македонија Flag of Macedonia.svg

Меџитлија е село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Содржина

Географиja и местоположба [уреди]

Меџитлија се наоѓа на јужната страна на Општина Битола во непосредна близина на државната граница со Република Грција, каде допира со атарот на селото Негочани. Селото е рамничарско и се наоѓа на надморска височина од 587 м. Од Битола е оддалечено 13 км.. Во непосредна близина на селото се наоѓа граничен премин за влез во соседна Грција. Во минатото припаѓало на Општина Бистрица, а сега на Општина Битола. Населбата била електрифицирана во 1963 година.

Историja [уреди]

Меџитлија во времето на Првата Светска војна

Името на селото доаѓа од турското лично име Меџит, кое со текот на времето се модифицирало во сегашното име Меџитлија. Името Месџитли се среќава во турските документи за историјата на македонскиот народ уште во 1637 година 1 . Пред доаѓањето на Турците на овие простори, селото било населено со христијанско население. Името на селото било Могилица. Имале христијански храм и свештеник. По доселувањето на Турци во селото, во одреден период живееле сложно и мирно. Подоцна христијаните биле протерани во селата: Драгош, Негочани (сега тоа е во Грција) и во други села2. Храмот бил разрушен, а на негово место била изградена постојната џамија. Треба да се напомене и тоа што постарите жители на околните села сеуште го знаат и користат старото име Могилица. После 1952 година имало масовно иселување на Турците и нивно заминување за Турција. Така селото од средна, станува мала населба, а на нивно место се населувале Албанци од селото Кишава.

Економија [уреди]

Минерална вода [уреди]

Селото е од дамнешни времиња познато по своите извори на минерална вода, и уште од Tурците било нарекувано Меџиди-бања.

Во 1968, држејќи семинар на селаните во селото Меџитлија, тогашниот директор на комбинатот Лозар од Битола, случајно го открил природниот извор на минерална вода. Испитувањето на водата и гасот во Германија и Словенија дале воодушевувачки резултати. Испитувањето на гасот покажало дека се работи за СО2 со 99,9 процентна чистота, кој е идеален за газирање на минерална вода, како и за добивање на газирани сокови. Анализите на водата покажале дека самата вода е со идеален состав и хармонична застапеност на минералите, а истовремено питка и вкусна. Во 1971 година на голем конкурс водата го добила името Пелистерка. Првата година биле произведени 17 милиони литри минерална вода.[1]

Изворот и денес се користи за производство на водата Пелистерка.

Демографија [уреди]

Според пописот во 2002, селото брои 155 жители, од кои 154 Албанци и 1 Македонец. Во 1953 година е регистриран максималниот број на жители кога имало 680 жители од кои 679 биле Турци. Во 1961 година имало 221 жители од кои 174 биле Албанци, 37 Турци, 2 Македонци и 6 муслимани (етничка припадност).. Во 1994 година 175 жители Албанци. Во 2008 година имало 137 жители3.

Општествени институции [уреди]

Во Меџитлија работи училиште за основно образование до 4 одделение.

Литература [уреди]

  • .Турски документи за историјата на македонскиот народ,
  „Опширни пописни дефтери од 15 век, 1973
  • .Д-р Јован Трифуновски, „Битолско-преспанска котлина“, монографска публикација, 1998 год.,стр..137
  • .Никола В. Димитров и Трајко Огненовски, „Битолски регион“,
  • Битола, 2009, стр. 163.

Администрација и политика [уреди]

Културни и природни знаменитости [уреди]

Редовни настани [уреди]

Личности [уреди]

Култура и спорт [уреди]

Иселеништво [уреди]

Извори [уреди]

  1. www.kapital.com.mk Kои се македонските брендови?

Надворешни врски [уреди]