Маловиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Маловиште

Куќи во Маловиште

Маловиште во рамките на Македонија
Маловиште
Местоположба на Маловиште во Македонија
Маловиште на карта

Карта

Координати 41°1′59″N 21°7′50″E / 41.03306° СГШ; 21.13056° ИГД / 41.03306; 21.13056Координати: 41°1′59″N 21°7′50″E / 41.03306° СГШ; 21.13056° ИГД / 41.03306; 21.13056
Општина Битола
Население 50 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 02076
Надм. вис. 1695 м
Маловиште на општинската карта

Атарот на Маловиште во рамките на општината
Маловиште на Ризницата

Маловиште (познато и како Маловишта) — село во Општина Битола, на 20-ина километри од градот. Тоа е планинско село, на подножјето на Баба Планина и е единствената населба во границите на Националниот парк Пелистер. Во Маловишта живеат околу 100 жители, додека за време на викендите преминува и 500.

Сокак и куќи во селото.

Маловишта е својствено село, со интересна, автентична архитектура. Селото има убави, големи куќи градени од камен, на традиционален начин. Белег на старата архитектура се сочуваните стари калдрмисани улички, камените мостови и изгледот на мала градска населба. Во средиштето на селото се издигнува црквата „Св. Петка“, со својот сочуван фрескоживопис, како и извонредниот дрвен иконостас изработен во длабока резба. Во средиштето има јавна градба каде што е поставена изложба за традиционалната култура на селото.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Панорама на Маловиште.

Селото е сместено во дол во северниот дел на Баба Планина, во рамките на Националниот парк Пелистер. Најблиско село до Маловиште е Кажани (околу 3.8 км воздушно на север) со кое е поврзано со пат. Цапари е оддалечено околу 4.8 км воздушно на североисток. Од Подмочани и Грнчари (Општина Ресен), кои се преку Баба Планина, се 6.7 км во воздушна линија оддалечени.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Маловишта датира уште од античко доба, од четвртиот век во нашата ера на местото Попова Нива на два и пол километри од сегашната, а за денешната локација се знае од XVI век наваму. Во XIX век, селото имало над 2.000 жители и било средиште во кој се доселувале Власите од Москополе, од Грамошта и од Епир. Во тој период, во селото имало две грчки и две романски училишта, а речиси секој жител зборувал по два-три јазика.[3] Со миграционите движења и војните и Маловишта ја доживеало судбината на сите села. Богатите Власи, кои главно биле кираџии и трговци, се преселиле во богатите балкански метрополи, а селото се испразнило. Во поново време, благодарение на силното влашко лоби, тоа пак се обновува. Има детален урбанистички план и со десетици неостварени изготвени проекти. Постојат проекти за одржлив развој кои ја уживаат поддршката на странски фондации.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948504—    
1953446−11.5%
1961344−22.9%
1971309−10.2%
1981257−16.8%
ГодинаНас.±%
1991129−49.8%
1994121−6.2%
200298−19.0%
202150−49.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, Маловиште е големо село со 2.300 жители, Власи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Власи.[6]

Според пописот од 2002 година, Маловиште имало 98 жители и претставува мала населба. Населението во 1961 и 1971 година кое по народност не се определило, всушност се Власи, кои во тие пописни години не постоеле како дел од народите за определување.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 50 жители, од кои 2 Македонци, 44 Власи и 4 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 2.300 504 446 344 309 257 129 121 98 50
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови[уреди | уреди извор]

Жител на селото кој се заминава со овчарство.

Маловиште е влашко село.

Родови во Маловиште се: Гашовци (9 к.), Доловци (6 к.), Анѓеловци (4 к.), Гучилаш (4 к.), Стојановци (4 к.), Љикуши (3 к.), Тошо (3 к.), Гага (3 к.), Тони (3 к.), Фуно (2 к.), Баба (2 к.), Гатa (2 к.), Бего (2 к.), Мега (2 к.), Цигарида (2 к.), Кушка (2 к.), Беломаче (1 к.), Цапо (1 к.), Шикле (1 к.), Роме (1 к.), Чода (1 к.), Муфо (1 к.), Зоги (1 к.), Мушола (1 к.), Риза (1 к.), Ибро (1 к.), Прди (1 к.) и Тали (1 к.). Доселени се на крајот од 18 и почетокот од XIX век од Москополе (Албанија); Палигоровци (5 к.) и они се доселени од Москополе; Грамоштали (20 к.) доселени се во првата половина од XIX век од Грамошта (Грција); Матовци (4 к.) доселени се од областа Матија (Албанија) и по тоа го добиле името; Чаја Гора (1 к.) доселени се од истоименото село кај Лерин; Зракополис (1 к.) потекнуваат од предок Каракачанин доселен од околината на Лариса, Грција; Марија (1 к.) исто потекло како и претходниот род; Дајовци (4 к.) доселени се од некое место во Грција; Тасевци (1 к.) доселени се од соседното село Кажани, потекнуваат од домазет, порано зборувале македонски; Цапарци (1 к.) основачот на родот дошол како домазет од селото Цапари, и они порано зборувале македонски, домазетот влегол во родот Мара.[12]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ од 1951 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Тошу (3 к.), Ризи (1 к.), Баба (1 к.), Ибро (1 к.), Таси-Кала (1 к.), Ропи (1 к.), Анѓела (1 к.), Бего (2 к.), Матаќина (1 к.), Трпе (1 к.), Мера (1 к.), Цапо (1 к.), Бахто (1 к.), Никуша (3 к.), Шикла (1 к.), Чапра (1 к.), Фуна (1 к.), Кушка (2 к.), Симчевци (3 к.), Машулаи или Мушула (1 к.), Батаља (1 к.), Ќитан (1 к.), Чода (1 к.), Ќерана-Табла (1 к.), Парде или Перде (1 к.), Зоќе (1 к.) и Друма (1 к.) сите се стари доселеници со непознато потекло; Нелата (2 к.) доселени се од селото Мечово во Епир во XVIII век; Дурака (3 к.) имаат исто место на потекло како и претходниот род; Нашка, Гачи и Белимаче (10 к.) доселени се во XVIII век од раселениот град Москополе во Албанија; Кара-Батак (1 к.) доселени се околу 1821 година од Москополе во Албанија; Белчевци или Палигора (4 к.) доселени се околу 1831 година од Невеска во Грција; Првољати (2 к.) доселени се од Периволи во Грција; Мати (2 к.) доселени се околу 1831 година од некое место во областа Матија во Албанија; Тршка (2 к.) доселени се во исто време со претходниот род од селото Брајчино во Преспа; Гага (3 к.) и они се доселени од селото Брајчино во Преспа, околу 1850 година. Таму имале роднини; Тали (1 к.) доселени се во 1850 година од Прилеп; Муфа (1 к.) доселени се околу 1860 година од селото Арменско кај Лерин во Грција; Мавро (1 к.) доселени се околу 1870 година од селото Маврово кај Костур во Грција; Мути (2 к.) доселени се околу 1875 година од Пљасе во Албанија; Грамошталани (22 к.) доселени се околу 1876 година од селото Ротино. А таму се доселиле од Грамошта во Грција околу 1851 година; Бошејковци или Стојановци (4 к.) доселени се околу 1885 година од селото Гопеш; Цигарида (2 к.) доселени се околу 1890 година од селото Гопеш; Тоновци (2 к.) доселени се во 1903 година од селото Ѓавато, а таму од селото Гопеш; Воја (1 к.) доселени се околу 1903 година од селото Магарево; Чагора (1 к.) доселени се околу 1903 година од селото Чагор.[13]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[14]
Рурална споменична целина „Маловиште“
Културно добро на Македонија
ОпштинаБитола
КатегоријаЗначајно културно наследство
Број[1]
Надлежна установаНУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Битола
Прогласено3 април 2019
Запис на НИСКН
Споменици на културата
  • Рурална споменична целина „Маловиште“ - самото село и неговиот состав е прогласен за споменик на културата во 2019 година[15]
  • Куќа на Ванку на Папе - прогласена во 1990 година[16]
Археолошки наоѓалишта[17]
Останато

Во Маловишта нема угостителска градба, но со претходна најава, месните жители можат да организираат ручек во самото село, и тоа познати влашки специјалитети, како на пример влашката пита, јагне печено во фурна и други традиционални месни јадења.

Личности[уреди | уреди извор]

По потекло од Маловиште

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Мерено преку Викимапија. Посетено на 13 април 2023.
  3. 3,0 3,1 3,2 Александар Матески, „Маловиште“, Економија и бизнис, број 215, мај 2016, стр. 106-107.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 239.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „36 Битољско-прилепска котлина, Ј. Трифуноски.pdf“. Google Docs. Посетено на 2019-01-01.
  13. Русиќ, Бранислав. Цапарско Поле. Архивски фонд на МАНУ к-4, AE 94/16.
  14. „Цркви и манастири во Националниот парк Пелистер“. Битола турист. Посетено на 2012-03-28.
  15. „Регистрирани недвижни добра по надлежност на националните установи“ (PDF). Управа за заштита на културното наследство на Македонија. февруари 2023. стр. 65. Архивирано (PDF) од изворникот 2023-04-07. Посетено на 13 април 2023.
  16. „Регистрирани недвижни добра по надлежност на националните установи“ (PDF). Управа за заштита на културното наследство на Македонија. февруари 2023. стр. 67. Архивирано (PDF) од изворникот 2023-04-07. Посетено на 13 април 2023.
  17. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  18. „ЕТНОФЕСТИВАЛ ВО МАЛОВИШТА Тридневен празник на влашката култура“. Дневник. Посетено на 2011-02-10.[мртва врска]
  19. „Шампионката на Вимблдон Симона Халеп е Влаинка која има потекло од битолско Маловишта“. Република. 2019-07-14. Архивирано од изворникот на 2020-06-21. Посетено на 2020-05-09.
  20. „ВЛАШКОТО МИ Е НАЈСИЛНО, ВЕЛИ ВИМБЛДОНСКАТА ШАМПИОНКА СИМОНА ХАЛЕП, МАКЕДОНСКА ВЛАИНКА ОД БИТОЛСКО МАЛОВИШТА“. Сакам Да Кажам. 2019-07-14. Посетено на 2020-05-09.
  21. „Етнофестивал „Маловишта 2008". Утрински Весник. 24 јули 2008. Посетено на 28 март 2012.
  22. „Василичарски карневали и во битолските села Цапари и Маловиште“. скај.мк. 13 јануари 2012. Посетено на 28 март 2012.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]