Долно Егри

Координати: 40°58′0″N 21°30′0″E / 40.96667° СГШ; 21.50000° ИГД / 40.96667; 21.50000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Долно Егри
Долно Егри во рамките на Македонија
Долно Егри
Местоположба на Долно Егри во Македонија
Долно Егри на карта

Карта

Координати 40°58′0″N 21°30′0″E / 40.96667° СГШ; 21.50000° ИГД / 40.96667; 21.50000
Општина Битола
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 02050
Надм. вис. 581 м
Долно Егри на општинската карта

Атарот на Долно Егри во рамките на општината
Долно Егри на Ризницата

Долно Егри — раселено село во Општина Битола, во областа Пелагонија, во околината на градот Битола.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Пелагониската Котлина, југоисточно од Битола.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.

Демографија[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948170—    
1953213+25.3%
1961230+8.0%
1971124−46.1%
198186−30.6%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Егри живееле 240 жители, сите Македонци.[2]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долно Егри имало 176 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долно Егри се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 27 куќи.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[5]

Во 1961 година селото броело 230 жители, за после многу брзо да се исели.

Селото е целосно раселено по 1981 година, кога што броело 86 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото Долно Егри немало жители.[6] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 240 176 170 213 230 124 86 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови[уреди | уреди извор]

Долно Егри било македонско село.

Родови во селото биле: Џолевци (2 куќи), Трпчевци (1 куќи) и Србиновци (1 куќа) најстари родови во селото, возможно е да се староседелци; Јудовци (2 куќи), Димовци (1 куќа) и Трифун (1 куќа) не знаат од каде се доселени; Рендевци (1 куќа) доселени се од некое околно битолско село; Каракушовци (1 куќа) доселени се од Горно Егри; Семковци (3 куќи) доселени се од Велесело, а некое време живееле и во Букри; Кечоманци (1 куќа) доселени се однекаде; Беџовци (1 куќа) исто потекло како и Семковци; Велковци (2 куќи) доселени се од Букри; Тодоровци (1 куќа) доселени се од Смилево; Павловци (1 куќи) доселени се од Букри; Петревци (2 куќи) доселени се од Новаци после 1918 година; Јошевци (2 куќи) доселени се од Марул после 1918 година; Тасевци (1 куќа) доселени се од некое село во албанскиот дел од Преспа после 1918 година; Сидоровци (1 куќа) доселени се од селото Опеница во 1941 година; Симјановци (1 куќа) доселени се од селото Душегубица, кичевско.[11]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[12]
Цркви[13]
  • Црква „Св. Петка“ — главната селска црква, целосно опожарена во август 2013 година.[14]
  • Црква „Св. Богородица“ — се наоѓа северозападно од селото на речен остров. изградена е после Првата светска војна. Во минатото месноста се викала Црквиште и околу црквата има стари гробови.[15]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 236.
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
  4. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 11.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  12. Д-р Гоце Наумов и Слободан Стојкоски, НОВИ ПРЕДИСТОРИСКИ ТУМБИ ВО ПЕЛАГОНИЈА, Национална установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј, Битола, 2015
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  14. Изгорена црква во битолско. Архивирано од изворникот на 2013-08-24. Посетено на 2013-08-16.
  15. Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998

Надворешни врски[уреди | уреди извор]