Смилево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Смилево
Смилево се наоѓа во Македонија
Смилево
Смилево (Македонија)
Координати 41°09′18″ СГШ 21°06′40″ ИГД / 
Општина Општина Демир Хисар
Население 321 жит.
Пошт. бр. 7202
Надм. височина 940 м
Flag of Macedonia.svg Портал „Македонија“


Смилево е село во Општина Демир Хисар, Македонија. Во него работи осумгодишно училиште, има селска задруга, услужни објекти, споменик на Даме Груев, Спомен куќа - Музеј на Смилевскиот конгрес како и споменик од НОБ. Над селото постои Смилевскиот манастир, обновен во поново време, а посветен на Св. Петар. Не е познато кога е подигната првата градба.

Историja[уреди]

Смилево во почетокот на ХХ век
Манастирот „Св. Петар“ во Смилево

Смилево е единствено мијачко село во Демирхисарско. Населено е со Мијаци, дојдени од мијачкиот предел кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век, бегајќи од големите зулуми и грабежи. Легендата вели дека до денешната населба на селото Смилево постоела населба од Брсјаци. Тоа место се нарекува Старо Смилево. Новопристигнатите Мијаци продолжиле да се занимаваат со сточарство, но кога и таму се јавиле грабежи и несигурност го напиштиле сточарството и се ориентирале кон ѕидарскиот занает. набргу станале најголемите мајстори - ѕидари во Битола, Ресен и пошироко. Населбата што ја формирале новите доселеници во прво време се викала Ново Смилево, а подоцна само Смилево. Според кажувањата на некои постари селани се смета дека во смилево се доселиле и Брсјаци од други села. Меѓу позначајните семејства кои го нашле својот дом во Смилево биле: Гарци од с. Гари, Коштревци од Галичник, Трампевци од Тресонче, Пејчиновци и Најдановци од Лазарополе, Жежовци од Ехловец, Бучиновци од Бучин, Кочанковци од Лева Река, ресенско, Марушевци од Златари, Граматковци од Кривени, и др. Старото население од Старо Смилево поради честите грабежи се преселило во Ново Смилево.[1] Жителите на Смилево активно се вклучиле во борбите на ВМОРО. Тука се одржува и Смилевскиот конгрес од 2 до 7 мај 1903 година, на кој е решено да се крене Илинденско востание во Битолскиот револуционерен округ, а индиректно во Македонија и Одринско. За време на востанието селото било ослободено, но потоа селото е три дена разграбувано и опожарено.

Географиja и местоположба[уреди]

Селото се наоѓа на крајниот јужен дел од територијата на Општина Демир Хисар, во подножјето на Бигла Планина. Селото е ридско, на надморска височина од 940 метри. Од патот Демир ХисарБитола населбата е оддалечена малку повеќе од девет километри. Атарот зафаќа површина од 16,4 км 2. Во него шумите заземаат површина од 1 400 ха, на пасиштата отпаѓаат 113 ха, а на обработливото земјиште 104 ха. Селото има полјоделско-шумарска функција.

Економија[уреди]

Смилевки во народна носија во 1913 год., една од првите фотографии во боја во светот

Демографија[уреди]

Во почетокот на XX век Смилево било големо село и во него живееле околу 2.200 жители.[2] Од Смилево се иселил голем дел од населението и селото преминало од голема, во средна населба, населена со македонско население. Во 1961 година селото броело 1.158 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 384 жители. Во 2002 год. во Смилево живееле 321 жители, сите Македонци.[3]

Општествени институции[уреди]

Културни и природни знаменитости[уреди]

Во Смилево постои ОУ "Даме Груев" - Смилево кое датира од турско време. Во текот на 1963 година изграден е споменик на Даме Груев. Исто така во спомен на 100 години на Илинденското востание 1903 и познатиот Смилевски конгрес подигнат е Спомен музеј.

Редовни настани[уреди]

Меморијалниот музеј во с. Смилево, посветен на Смилевскиот конгрес

Петровден-заштитник на селото 7-Мај -денот на полицијта. Првите безбедносни чети основани за време на одржувањето на Смилевскиот конгрес 02 Август -прослава на Илинден 23 Декември-Панихида за Даме Груев

Родени во Смилево[уреди]

Трајче Магловски -партизан

Култура и спорт[уреди]

Иселеништво[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Непокорени - Ѓорѓи Димовски Цолев, Борис Павловски, Битола 1982
  2. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.238.
  3. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика. http://www.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Dialog/varval.asp?ma=Popis_nm_1948_2002_NasPoEtnPrip_mk&ti=%CD%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5+%ED%E0+%D0%E5%EF%F3%E1%EB%E8%EA%E0+%CC%E0%EA%E5%E4%EE%ED%E8%BC%E0+%F1%EF%EE%F0%E5%E4+%E8%E7%BC%E0%F1%ED%F3%E2%E0%9C%E5%F2%EE+%E7%E0+%E5%F2%ED%E8%F7%EA%E0%F2%E0+%EF%F0%E8%EF%E0%E4%ED%EE%F1%F2%2C+%EF%EE++%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8+%EC%E5%F1%F2%E0%2C+%F1%EF%EE%F0%E5%E4+%EF%EE%EF%E8%F1%E8%F2%E5+%ED%E0+%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5+1948%2C+1953%2C+1961%2C+1971%2C+1981%2C+1991%2C+1994+%E8+2002++%E3%EE%E4%E8%ED%E0+%28%F1%EE%E3%EB%E0%F1%ED%EE+%F2%E5%F0%E8%F2%EE%F0%E8%BC%E0%EB%ED%E0%F2%E0+%EE%F0%E3%E0%ED%E8%E7%E0%F6%E8%BC%E0+%EE%E4+1996+%E3%EE%E4%E8%ED%E0%29&path=../Database/%CF%EE%EF%E8%F1%E8/%CF%EE%EF%E8%F1%E8%20%ED%E0%20%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5%201948%20-%202002/&lang=18. 

Надворешни врски[уреди]