Трново (Битолско)
- Оваа статија се однесува на битолското село Трново. За други значења, видете Трново (појаснување).
| Трново | |
Куќи во Трново |
|
| Координати | |
| Општина | Општина Битола |
| Население | 278 |
| Надморска височина | 835 |
Трново е село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Содржина |
Географиja и местоположба[уреди]
Селото Трново се наоѓа во подножјето планината Баба, западно од градот Битола.
Историja[уреди]
Трново најпрво било словенско село, на што јасно укажува името на селото. Најстар помен за ова село е од првата половина на XVII век.[1] Власите во Трново се доселиле во втората половина на XVIII заедно со оние во соседното село Магарево.[1] Најпрво се доселила една група Албанци муслимани од околината на Корча, а потоа се доселиле две побројни групи: Власи од Москополе, Грамос и Клисура и православни Албанци од околината на Корча и Колоња.[1]
Трново во XX век[уреди]
Во почетокот на 20 век, Трново било во најголем процут од неговото постоење. Во центарот биле сместени занаетчиски, трговски дуќани и фурни. Но, егзодусот што им се случил на жителите што биле од Москополе се повторил за време на војната. Тука минувала линијата на фронтот на завојуваните страни. Бугарите ги интернирале жителите од селото, а француската артилерија ги разурнала сите куќи. Според хроничарот Такец, Винстон Черчил забележал дека во борбите за Битола и околината од двете противнички страни стоеле под оружје по 190.000 војници со по околу 900 топови. Сојузниците под командата на генералите Сарај и Милн во Битола влегле во почетокот на ноември задржувајќи ја линијата на фронтот во непосредна близина на градот неполни две години. Поради изменетите услови за живеење и разурнатото село голем дел од жителите се иселиле во Битола, Србија, Грција, особено во Лерин, Романија, Бугарија и во други држави. Според истражувањата на Кокан Грчев во текот на воените операции разурнати се голем број манастири и цркви. Во декември 1916 година голем број објекти во селото Трново како и старата црква Света Богородица подигната во 1837 година се целосно разурнати и срамнети со земја. Повторното населување почнува во 1919 година кога почнува изградбата на разурнатото село. Во 1926 година се добиени одредени средства во вид на воена отштета, а се собрани и доброволни средства од Битола и околните села со што е овозможено да почне изградбата на црквата. Иконостасот во црквата е изработен од Мијакот Нестор Алексиевски од Гари со своите синови, а во 1962 година доградена е камбанаријата како подарок од Џон Спиро, битолчанец иселеник во САД.
Економија[уреди]
Демографија[уреди]
Според пописот од 2002 година селото има 278 жители и тоа:[2]
| Националност | Вкупно |
| Македонци | 146 |
| Албанци | 82 |
| Турци | 0 |
| Роми | 0 |
| Власи | 48 |
| Срби | 1 |
| Бошњаци | 0 |
| други | 1 |
Општествени институции[уреди]
Администрација и политика[уреди]
Културни и природни знаменитости[уреди]
Редовни настани[уреди]
- Јули - Традиционална погранична средба, ја организира Заедницата на организациите на етничките Македонци протерани од Грција - Битола[3].
- Саем на локални производи - се одржува секоја година со цел за подобрување на животните услови на руралното население во потпланинскиот регион преку идентификација, промоција на локалните производи, развој на алтернативниот туризам и одржливост на природните ресурси[4].
Личности[уреди]
- Славе Стерјовски - македонски музичар, автор музички нумери од македонскиот и влашкиот мелос
- Димитри Атанасеску (1836 - 1907), влашки просветен деец
- Перикел Џогов (1874 - 1952), влашки лекар[5]
- Петрос Кирјазис (1878 - 1925), грко-влашки просветен деец и поет[6]
Култура и спорт[уреди]
Иселеништво[уреди]
Наводи[уреди]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Ф. Трифуноски, Јован (1998) (на српски). „Битољско-прилепска котлина“. Српска академија наука и уметности. стр. 231-232.
- ↑ Министерство за Локална Самоуправа. База на општински урбанистички планови
- ↑ „В недела во Трново традиционалната погранична средба“ (на македонски). MIA. http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=66305116&lId=1. проверено на 2010-01-31.
- ↑ „Саем на локални производи во Трново“ (на македонски). MakMreza. http://crash.www.makmreza.com/Doma/index.php?option=com_content&view=article&catid=81:bitola&id=163:saem-trnovo&Itemid=197. проверено на 2010-01-31.
- ↑ Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995.
- ↑ Ντίνος Χριστιανόπουλος, ΄Ελληνες ποιητές σε μακεδονικές πόλεις (πλην Θεσσαλονίκης) επί τουρκοκρατίας, Θεσσαλονίκη 2008, (ISBN 978-960-7265-86-9)
Надворешни врски[уреди]
|
|||||||||||