Поешево
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Поешево е село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
| Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| Поешево | |
| Координати | |
| Општина | Општина Битола |
| Население | 272 |
| Надморска височина | 562 |
Содржина |
Географиja и местоположба [уреди]
Поешево се наоѓа во средишниот дел на Битолското Поле. Тоа припаѓа на територијата на Општина Битола. Од градот Битола е оддалечено 4,5 км. Селото е рамничарско и се наоѓа на надморска височина од 578 метри. Атарот зафаќа површина од 7,1 км2. На него преовладува обработливо земјиште кое зафаќа површина од 670 ха, а останатото се ливади. Населението се занимава со земјоделие и сточарство.
Историja [уреди]
Името на селото е Поешево. Во турските пописни дефтери за Битолска нахија од 1468 година името на селото Поешево е напишано со формата Б-о-ж-д-ш-в-а, а во пописните дефтери од 1544 година е забележано како Поздешево (Соколоски 1973, 157). Според пописот од 1468 год. година во селото се регистрирани 60 христијански и едно муслиманско семејство. Во 1568 година во селото имало 54 христијански и 6 муслимански семејства. Од изнесеното може да се заклучи дека името на селото потекнува од името Поздеш со значење село кое му припаѓало на Поздеш. Подоцна доаѓа до оформување на сегашното име Поешево. Жителите на село Поешево изградиле христијански храм во 1840 година посветен на Св. Ѓеоргиј Победоносец. Храмот бил реновиран во 1973 година. Селска слава им е Ѓурѓовден кој се празнува на 6 мај.
Економија [уреди]
Населението на Поешево се занимава со земјоделие и сточарство. Успеваат сите житни и градинарски култури. Атарот е покриен со мрежа за наводнување од Хидросистемот „Стрежево). Во селото има иградено водовод и асфалтен пат што го поврзува селото со градот Битола.
Демографија [уреди]
Бројот на жителите се менувал во зависност од многу услови. Еве како се движел бројот на жителите во одредени периоди.
- 1900 година .....210 жители,
- 1948 год...........................234 жители
- 1953 год...........................266 жители
- 1961 год..........................335 жители
- 1971 год ..........................323 жители
- 1981 год.........................389 жители
- 1994 год..........................256 жители
- 2002 год..........................272 жители..
Населението на селото изнесува 272 луѓе, од кои 266 Македонци и 6 Албанци.
Општествени институции [уреди]
Во Поешево работи училиште за основно образование до 4 одделение. Има две колонијални продавници.
Администрација и политика [уреди]
Културни и природни знаменитости [уреди]
Редовни настани [уреди]
Личности [уреди]
- Тодор Златков, роден 1876 година во Поешево, умрел 1919 година во Софија. Учествувал во Илинденското востание од 1903 год.и бил близок соработник на Ѓорѓи Сугарев. Подоцна се приклучил кон Тодор Александров. Бил учител во Поешево и на други места.
Култура и спорт [уреди]
- ФК Поешево
Во Поешево активно работи Фудбалскиот клуб „Поешево“. Од 1978 година се натпреварува во Општинската фудбалска лига во Битола. Скоро секоја година го завзема првото или второто место. Од овој клуб излегоа познатите фудбалери: Тони Мицевски и Горан Ставрески.
Литература [уреди]
- Турски документи за историјата на македонскиот народ Опширни пописни дефтери, 1973, 157
- Љубица Станковска, Македонска ојконимија, Скопје,1997, стр.212
- Никола В. Димитров и Трајко Огненовски, Битолски регион, Битола, 2009, стр.269
- Спомени и биографии на илинденци, битола, 1993, стр.100
- Ѓорѓи Лазаревски, теренско истражување, 2010.
Иселеништво [уреди]
Надворешни врски [уреди]
|
|||||||||||