Рудари (село)

Координати: 40°47.54′N 21°9.16′E / 40.79233° СГШ; 21.15267° ИГД / 40.79233; 21.15267
Од Википедија — слободната енциклопедија
Рудари
Καλλιθέα
Рудари is located in Грција
Рудари
Рудари
Местоположба во областа
Рудари во рамките на Преспа (општина)
Рудари
Местоположба на Рудари во Леринскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°47.54′N 21°9.16′E / 40.79233° СГШ; 21.15267° ИГД / 40.79233; 21.15267
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаПреспа
Општ. единицаПреспа
Надм. вис.&100000000000010400000001.040 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно107
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Рудник (грчки: Καλλιθέα, Калитеја; до 1928 г. Ρούδαρι, Рудари[2]) — село во Преспанско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 107 жители (2021). Сè до Грчката граѓанска војна било населено исклучиво со Македонци.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во областа Голема Преспа 38 км северозападно од градот Лерин. Лежи во подножјето на планината Бела Вода, на околу 3,5 км од Малото Преспанско Езеро. Атарот зафаќа површина од околу 15 км2, од кои дел отпаѓаат на плодно рамничарско земјиште, дел на ридско-планински предели прекриени со листопадна шума, а дел на големи високопланински пасишта со квалитетна трева.[4]

Низ атарот тече потокот наречен Рударска Река, кој потоа тече на северозапад, па свртува во западен правец и се влева во Малото Преспанско Езеро крај некогашното село Опаја (Опаа).

Топонимија[уреди | уреди извор]

Ова е список на позначајните топоними во атарот на Рудари:[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Среден век[уреди | уреди извор]

Во околината на Рудари има рушевини од средновековието наречени Калето и Кулата/Царев Кладенец.[5] Ова се остатоци од тврдина, каде е пронајдена и згура од топена руда,[4] што претставува сведоштво за рударското минато по кое е наречено селото. Во месноста Сињак има наоди од стари пари, градежен материјал и керамички предмети.[4]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Селото за првпат по име се споменува во османлискиот записник од 1568/69 г. за Горичката каза. Подоцна се јавува во 1638 г. во турски судски документ поврзан со продажбата на свила, а и во патописот на Јохан Хан од 1865 г.[4]

На крајот на XIX век Рудари било чисто македонско село со две маала — Горно и Долно. Во селото работело народно основно училиште.[4] Црквата „Св. Петка“ е обновена во 1869 г.[5] Црквата „Св. Атанасиј“ е од XIX век.[6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели декаво 1873 г. Рударе (Roudaré) бил осело во Ресенската каза со 42 домаќинства и 110 жители Македонци.[7][8] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото живееле 270 Македонци христијани.[7][9] Сè до 1908 г. селото било во состав на беговски чифлик.

Како едно од пореволуционерните села во регионот, Рудари учествувало во Илинденското востание со 30-члена чета на чело со војводите Вангел Ѓоргиевски (Ангелко Преспански) и Стојан Костов. Тука е роден и истакнатиот преспански војвода Ангел Андреев.[4] На 6 септември 1903 г. селото е нападнато и ограбено од турски аскер и башибозук, а убиени се 17 лица.[10]. Во сите борби против турските војски загинале вкупно 24 жители на Рудари.[4] Од ова село потекнува и Петко Јанкулов, учесник во Кресненското востание/ Следната 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[11]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Рудари (Roudari) имало 360 Македонци, сите под егзархијата.[7][12] Во овој период Боривое Милоевиќ го спомнува со 50 македонски куќи.[3] Покрај бугарската, во ова време работела и грчката пропаганда, на неколку наврати воведувајќи настава на бугарски и грчки место на македонски.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Рудари се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 48 куќи.[13]

Припојување кон Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година имало население од 266 жители кое се зголемило на 337 лица во 1920 г.[3] Неколку рударци биле испратени како војници на боиштата во Мала Азија во Грчко-турската војна (1919-1922), од кои тројца загинале. Во 1928 г. селото е преименувано во Калитеја, што значи „добар поглед“.[14] Истата година селото броело 370 лица, а во 1940 г. во него живееле 379.[3]

Според грчките жандармериски податоци од 1931 г. во Рудари живееле 376 македонојазични жители, од кои сите имале македонска национална свест. со исклучок на 10 лица, за кои властите сметале дека се чувствуваат како Грци.[7][15] Во овој меѓувоен период, грчките власти воделе жестока политика на денационализација и асимилација на населението, придружена со забрани и казни.[4]

Во Втората светска и Грчката граѓанска војна[уреди | уреди извор]

За време на Втората светска војна Буковик влегол во окупациската зона на Италија по капитулацијата на Грција во Грчко-италијанската војна. Во таа војна, на фронтот во Албанија биле мобилизирани 17 рударци. По капиулацијата на Италија во 1943 г. Рудари станало слободна територија на НОАВМ и ЕЛАС. Во март истата година во селото престојувал битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“ (битолско-преспански), а во февруари 1944 г. и дел од леринскиот одред „Бигла“.[4]

За време на Грчката граѓанска војна селото наполно настрадало и неговото население пребегало во Р Македонија и во источноевропските земји. Во 1951 г. Рудари се води како напуштено. Подоцна во него се вратиле дваесетина жители кои биле засолнети во околните места, а властите довеле 45 семејства Власи од Епир.[3]

Повоен период[уреди | уреди извор]

По доселувањето на епирските Власи, селото станало етнички мешано, со значајно дојденско мнозинство. Во 1961 г. имало 287 жители кои во 1971 опаднале на 210, а во 1981 г. на 170 жители. На пописот од 1991 г. Рудари имало 177 жители[3] кои во 2001 г. станале 160, но опаднале на само 117 во 2001 г.

Според истражување од 1993 година селото е мешано влашко-„словенојазично“ (т.е. македонско).[16]

Родови[уреди | уреди извор]

Македонците во Рудари се потомци на следниве стари семејства: Андрејчини, Бегачевци, Бегалецевци, Близнаковци, Богоевци, Граматниковци, Геровци, Димовски, Ѓоргиовци, Јанкуловци, Јанковци, Кајчевци, Колевци (Јанковци), Колевци (Богоевци), Костовци, Мијаловци, Мустаковци, Стерјовци, Србовци, Толевци и Фотевци.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 379 0 287 210 170 177 160 117 107
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Цркви[уреди | уреди извор]

Во селото постојат следниве цркви:[4]

  • Св. Петка“ — на лединка на источната страна на селото; има камбанарија; обновена во 1869 г.; до неа се селските гробишта
  • „Св. Димитрија“ — 0,5 км југоазпадно од селото; има стари гробишта
  • „Св. Ѓорѓија“ — на ритче 2 км источно од селото
  • „Св. Никола“ — 1 км западно од селото; обновена во 1926 г. од мештанинот Никола Спирковски; има стари гробишта
  • Св. Атанасиј

Традиционална селска слава е Света Петка Летна.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото се смета за богато. Највеќе се одгледуваат житото, гравот и леќата.[3]

Традиционално, селото се заимавало со полјоделство, занаетчиство сточарство и печалбарство. Најзастапени култури биле житото (’рж, пченица, јачмен, освес, уров, просо, пченка), зеленчукот и лозјата. Сточарстовот било исклучително развиено и се одгледувал најразновиден добиток. Најразвиени занаети биле ѕидарството и дрводелството, по кои селаните биле познати во регионот.[4]

Личности[уреди | уреди извор]

Ангел Андреев
  • Ангел Андреев (1867 – ?) — револуционер, војвода на МРО
  • Јоше, Спиро и Фоте Фотевски — комунистички дејци[17]
  • Пандо Мијаловски (1919 – 1946) — комунистички деец[18]
  • Спиро Евангелов (1921 – 1949) — комунистички деец[19]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ρούδαρι - Καλλιθέα
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 173.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 4,12 4,13 4,14 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа: местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 438–443. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  5. 5,0 5,1 Македонски Алманах, издава ЦК на МПО, уредник Петар Ацев, издание на „The Macedonian Tribune“, Indianapolis, 1940, стр. 42.
  6. „Πληροφορίες τοπωνυμίου“. Greek tourism guide - GTP. Посетено на 25 јануари 2015.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 88-89.
  9. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 242.
  10. Илюстрация Илинден, 1943, бр.142, стр.15
  11. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 125.
  12. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 170-171.
  13. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 16.
  14. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  15. Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, мит или реалност. Историко-демографско изследване (1900-1990), Македонски научен институт, София, 1996, с. 226.
  16. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
  17. „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 2012-03-21. Посетено на 2019-11-24.
  18. „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 2012-03-21. Посетено на 2019-11-24.
  19. „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 2012-03-21. Посетено на 2019-11-24.