Орово

Координати: 40°45′N 21°00′E / 40.750° СГШ; 21.000° ИГД / 40.750; 21.000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Орово
Πυξός
Орово is located in Грција
Орово
Орово
Местоположба во областа
Dimos Prespon - Florina prefecture, Greece - political map - municipality level.svg
Координати: 40°45′N 21°00′E / 40.750° СГШ; 21.000° ИГД / 40.750; 21.000
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
Надм. вис.&100000000000010800000001.080 м
Население (2011)[1]
 • Вкупнораселено
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Рег. таб.ΡΑ

Орово или Рахово (грчки: Πυξός, Пиксос, до 1928 г. Ράχωβα, Рахова или Όροβο, Орово[2]) — поранешно село во крајниот северозападен дел на Егејска Македонија, во реонот на Општина Преспа. До 1949 г. било населено исклучиво со Македонци.[3] Сместено е на 1080 метри надморска височина близу до самата граница со Албанија (Мала Преспа).

Историја и население[уреди | уреди извор]

Селото Орово било чисто македонска населба, своевремено со статус на самостојна општина според царската наредба 259/21 од 19.12.1918 година[3]. Според К’нчов селото броело 172 жители, а Милоевиќ го спомнува со 40 македонски куќи.[3] Во 1913 година имало 363 жители,, во 1920 - 373, во 1928 година 431 жител, а во 1940 489 жители[3]. Поради сиромаштијата, во селото постоела традиција за одење во прекуокеанските земји. По Граѓанската војна, селото е целосно раселено и уништено. Неколку семејства кои останале по нормализирањето на состојбата биле принудени да се населат во други села,бидејќи грчките власти не дозволиле селото повторно да се обнови, а со царска наредба од 8.5.1957 тоа е избришано од евиденцција и неговиот атар е приклучен кон општината Граждано[3]. Денес е останата само селската црква „Свети Никола“. Денес некогашните жители на Орово и нивните потомци се населени во Скопје, Битола, битолското село Кравари, Тетово, Гостивар, Полска, Австралија, Америка, Канада итн. Пред извесно време неколкумина поранешни жители на Орово издале монографија посветена на селото.

Топоними[уреди | уреди извор]

Ова е список на позначајните топоними во Орово и околината:[4]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021 г. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 167. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. 4,0 4,1 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа: местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 417–418. ISBN 978-9989-2117-6-8.