Пасиште
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Пасиште е простор со бујна билна вегетација каде се пасе копитен добиток како дел од фарма или чифлиг. Пред механизацијата на земјоделството пасиштето било главен извор на храна за добитокот и овците. Тоа сѐ уште се употребува во голема мера, особено за природно живинарство и органско земјоделство, бидејќи пасиштето дава многу подобри животни услови за животните. Напредокот на полето на раководената интензивна испаша како и подобрувањата во технологијата на оградување довеле до обновен интерес во испашата во 1990-тите.
Растенијата на едно пасиште можат да бидат треви, зрна или мешавина. Луцерката, детелината и граорот како и 'ржната трева, ливадарката, ветрушката и други билки, зависно од условите, од кои најважни се видот на почвата, минималната годишна температура и количеството на врнежи.
