Билка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Магдонос - широко распространета кујнска билка

Билка, трева или тревка е растение кое се користи и цени заради неговите специфични особини како медицински својства, вкус, арома и сл.[1].

Содржина

[уреди] Употреба

Билките наоѓаат широка примена во кулинарството, медицината, па дури и во религијата. Во секојдневниот живот, луѓето разликуваат помеѓу кујнски и лековити билки. Во медицината и верата, сите делови на растението можат да се наречат „билни“, меѓу кои листовите, корењата, цветовите, семето, смолата, кореновата кора, внатрешната кора (камбијата), бобинките, а некаде и перикарпот и други делови. Во кулинарството пак, овие најчесто се нарекуваат „тревки“ или понекогаш „мирудии“, иако постои извесен преклоп на терминологија, особено во медицината.

[уреди] Кујнски тревки

Во кулинарството постои разлика помеѓу „тревка“ (лиснати зелени делови од растението), и зачин, кој се добива од други делови на растението (како од семките, бобинките, кората, корењата, плодовите, а понекогаш и суви листови). Кујнските тревки се разликуваат од зеленчукот по тоа што, како и зачините, тие се додаваат во јадењата во мали количества, и служат за давање на вкус, а не содржина на самото јадење.

Некои кујнски тревки се грмушки (како рузмаринот, Rosmarinus officinalis), или пак дрва (како ловорот, Laurus nobilis) – ова ги разликува од ботаничките билки, кои по дефиниција не можат да бидат дрвести растенија.

[уреди] Лековити билки

Растенијата содржат фитохемикалии кои имаат свое дејство врз телото. Некои билки делуваат и во мали количини, кога се користат при „зачинување“ на храната, додека пак други знаат да бидат токсични во поголеми количини. На пример, некои видови на билни екстракти, како екстрактите од кантарион (Hypericum perforatum) или кава (т.е. опоен пипер, Piper methysticum) се користат за олеснување на депресија и стрес. Меѓутоа во големи количества, овие билки се отровни, и треба да се користат внимателно.

Извесни тревки се користат рекреативно, но и за лекување. Пример за ова е канабисот.

[уреди] Верски билки

Тревките се користат и во религијата – како на пример во Христијанството (мирта (Commiphora myrrha), алетрис (Aletris farinosa) и темјан (Boswellia spp)). Во Хиндуизмот еден вид на босилек наречен „туласи“ се почитува како божица заради неговата лековита вредност уште од ведски времиња. Многу верници го одгледуваат ова растение во дворот.

[уреди] Ботанички билки

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Билно растение.

Во ботаниката, билка или билно растение се нарекува било кое недрвесто растение, без разлика на неговата арома, вкус и други својства. Така, ботаниќката билка не може да биде дрвесто растение како дрво или грмушка.

[уреди] Видете исто така

[уреди] Наводи

  1. „Dictionary.com“. http://dictionary.reference.com/browse/herb. проверено на 2007-12-19. 
Најдете повеќе за Билка на сестринските проекти на Википедија:
Wiktionary-logo-en.png Вики речник
Wikibooks-logo.svg Вики книги
Wikiquote-logo.svg Вики цитати
Wikisource-logo.svg Вики извор
Commons-logo.svg Заедничка ризница
Wikinews-logo.svg Вики вести
Wikiversity-logo-en.svg Вики универзитет
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици