Хиндуизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од статиите
Хиндуизам
Aum.svg
Историја  · Божества
Секти  · Митологија
Верувања
Реинкарнација  · Мокша
Карма  · Самсара  · Маја
Нирвана  · Дарма
Јога  · Ајурведа
Југа  · Вегетаријанство
Бакти  · Арта
Текстови
Упанишади  · Веди
Багават гита
Рамајана  · Махабхарата
Пурана  · Аранјака
Сродни статии
Хиндуизам по земји
Водачи  · Мандир  ·
Касти  · Мантра
Речник  · Празници
Мурти

Хиндуизмот е најстарата организирана религија од сите поголеми религии во светот. Не е прецизно дефинирана религија, во смисла на тоа дека содржи повеќе школи на идеи и традициии. Понекогаш хиндуизмот е ословуван како култура наместо религија, но содржи и културни и спиритуални страни. Мнозинството од модерни Хиндуси ја следат веданта философијата која е монотеистичка философија. Хиндуизмот верува во еден Бог кој повеќе пати низ историјата се јавува во светот во лицата на Кришна, Буда, и други. Ова учење верува во реинкарнација, односно селување на душата после смртта во друга личност.

Душата се сели безброј пати сѐ додека не постигне состојба на целосен мир. Списите на хиндуизмот се викаат Веди, кои ги има многу. Најпознат е расказот за Харе Кришна. Ведите се појавуваат 15 векови пред Христос. Тие главно учат тежок аскетски, пустински живот. Овој расказ стана популарен некаде на почетокот на 20 век со појавата на еден учител со 6 иминња Шри Шримат Свами Бактиведанта Шрила Прабупад, ја основа заедницата Харе Кришна Расказот за Богот Харе Кришна се вика Багават Гита.

Ова е трета најчитана книга во светот, после Библијата и книгите на Кастанеда. Во Индија постојат преку 330 милиони полубогови, сите се инкарнација на едниот Браман. Во вид на Брама го создава светот, како Вишна го одржува, како Шива го разурнува Брахман има жена, Сарасвати, кралица на уметноста. Некои од боговите се слонови, крави, реки, а и денес во Индија се прифаќаат нови богови. Така Буда, Исус, Мухамед, се прогласени за инкарнација на Едниот Бог.

Заедницата на Кришна во Скопје постои од 1990 година.

Хиндуистички богови[уреди]

Најзначајни хиндуистички богови се:

  • Браман, ја претставува божествената, апсолутната стварност.
  • Вишну, го претставува оној кој дава живот
  • Шива, го претставува доброто и злото
  • Индра, боф на молњата, громот и војниците
  • Кали, божица на смртта

Потекло[уреди]

Хиндуизмот е трета најголема религија во светот со отприлика 1 милијарда следбеници, од кои приближно 890 милиони живеат во Индија. За разлика од другите религии, хиндуизмот нема основач. Неговите најдревни богови ги донеле ариските народи, кои продреле во Индија. Хиндуизмот се создал некаде околу 1750 година п.н.е. во Индија. Денес е распространет ширум југоисточна Азија.

Поголемиот дел од хиндуистите веруваат во мноштво богови, но во една темелна вистина - „по смртта душата повторно се раѓа во некое друго тело“. Нивниот симбол е светиот глас Ом.

Најраните хиндуистички верувања се запишани во Ведите околу 1400 година п.н.е. а тие се состојат од химни и пеења. Риг Веда е најважната книга на Ведите.

Денеска постојат повеќе видови на Хиндуисти: Ваишнавити (70%), Вишну (25%), останати (5%).

Хиндуистички празници[уреди]

  • Дивали, новогодишна прослава на светлината
  • Холи, пролетна прослава
  • Ѓанмаштами, роденденот на Кришна
  • Шива Ратри, главна прослава на Шива

Светилишта[уреди]

Варанаси или Беранес во Индија, еден од најстарите градови на светот е и главна цел на хиндуистичкиот аџилак. Секоја година доаѓаат милиони луѓе за да се искапат во неговата света река Ганг. Веруваат дека водата го мие секој сторен грев. Често во реката ја посипуваат пепелта на запалениот покојник.

Хиндуистите ги почитуваат сите животни, а посебно кравите кои се прогласени како свети животни. Поголемиот дел од хиндуистите се вегетаријанци. Кравата е симбол на жената и хранењето на кравата се смета како израз на почитување.

Хиндуистички речник[уреди]

  • Атма - индивидуалната душа
  • Аватар - појава на Вишна сила на земјата
  • Гуру - верски учител
  • Јоги - свет човек
  • Карма - закон за причина и последица
  • Мантра - свето пеење
  • Мокша - ослободување од животниот цикулс
  • Нирвана - потполно спокојство
  • Ом - првиот звук од кој се создал универзумот
  • Пуѓа - обред на почитување на боговите
  • Санскрит - стар јазик на Хиндуистите