Зачин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Продавница за зачини во Мароко

Зачин — додаток во храната која им се додава како би се подобрил оргиналниот вкус на храната, или истиот да се модифицира по желба. Зачините и адитивите се користат во прехрамбената индустрија во текот на технолошкиот процес. Поради тоа што зачините се додаваат во мали количини, немаат хранлива вредност, па може да се каже дека во храната се додаваат исклучително поради подобрување на вкусот и мирисот.[1][2][3] Според дефиниција, зачините се горните делови или цели билки, претежно од тропските предели, кои поради содржината на етерични масла, алкалоиди, гликоза и други ароматични соединенија, во храната предизвикуваат одреден вкус или мирис. Овие материи имаат и наздразнувачко дејство на дигестивниот систем: потикнуваат излачување на плунка, односно секретот од жлездите, а со тоа и поголемо лачење на дигестивните ферменти; значи, ја подобруваат дигестијата. Во зависност од вкусот и мирисот можат да се поделат како лути, горки, слатки, кисели, комбинирани и слично. Зачините се пуштаат во продажба како цели билки или како поединечни нејзини делови, како мешавини, а во најново време и во форма на екстракт на зачинот. Тие можат да бидат еднокомпонентни, како што се на пример: сол, бибер, оригано, босилек и слично, или мешавина на различни билни состојки, како што е пример добро познатиот „Зачин Ц“ или Вегета. Многу јадења не можат да се замислат без додавање зачини.

Наводи[уреди]

  1. *„Spice“. „Encyclopedia of Spices, Spice Blends by Region, The Spice Trade“. http://www.theepicentre.com/Spices/spiceref.html. конс. 20. 12. 2008.. 
  2. Adamson, Melitta Weiss (2004). „Food in Medieval Times“. Westport, Conn: Greenwood Press. ISBN 978-0-313-32147-4. 
  3. Scully, Terence (1995). „The art of cookery in the Middle Ages“. Ipswich: Boydell Press. ISBN 978-0-85115-611-8.