Магдонос

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Магдонос
Магдонос
Научна класификација
Царство: Plantae
Оддел: Magnoliophyta
Класа: Magnoliopsida
Ред: Apiales
Фамилија: Apiaceae
Род: Petroselinum
Вид: Petroselinum crispum
Подвидови

Petroselinum crispum var. neapolitanum

Магдоносот (Petroselinum crispum) е светлозелено,двегодишно растение кое се користи како зачин. Потекнува од Иран. Тој е многу чест во блискоисточната, европската и американската кујна. Магдоносот се користи поради неговите листови, слично како и кориандерот (познат како кинески магдонос или цилантро), иако има поблаг вкус.

Две форми на магдонос се користат во исхраната: оној со извиткани листови и италијанскиот (или рамнолисен магдонос P. neapolitanum). Магдоносот со извиткани листови често се користи како гарнир. Рамнолисниот магдонос има појак вкус, што доаѓа од повисоката количина на етерични масла. Една состојка на етеричното масло е апиолот.

Друг тип на магдонос произведува многу подебели корења отколку видовите кои се одгледуваат поради нивните листови. Овој тип е чест во средна и источна Европа.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици