Медицина
Од Википедија
Медицина е праксата на одржување и реставрација на човековото здравје преку проучување, дијагноза и третман на пациенти со цел да се избегне нивната смрт, што е и најголемата грижа на дисциплината. Традиционално е сметана и за уметност и за наука: терминот потекнува од латинските зборови ars medicina со значење уметноста на лечењето.[1][2] Додека здравствената наука, биомедицината, клиничката медицина, хирургијата и истражувањето заедно ги градат темелите на модерната медицина, успешниот однос личен однос меѓу практичарот на медицина и пациентот за олеснување на конкретното мачење, кое е резултат на болест и повреда, продолжува да ја бара постојаната примена на човечки емоции и сочувство.
Содржина |
[уреди] Историја
Најраниот вид на медицина во повеќето култури се состоел во употребата на сурови природни суровини, како растенија (хербилизам), животински делови и минерали. Во сите општества исто така постоеле и религиозни, ритуални и магични ресурси. Во абориџинските општества, има голем број на медицински системи поврзани со религиозно мислење, културно постоење и природни суровини. Религиозните повеќе се познати како: анимизам (верувањето дека неживите објекти имаат душа); шаманизам (доделувањето на мистични моќи на одредена индивидуа); спиритуализам (овде со значење да се биде допадлив на боговите преку комуникација со духовите на предците) и дивинација (наводното добивање на вистината преку магични цели). Полето на медицинска антропологија ги проучува разните мецински системи и нивната интеракција со општеството, додека праисториската медицина се однесува на дијагнозата и третманите во праисториските времиња.
Најраните пишани документи за првиот познат лекар се пронајдени во Месопотамија (приближно 3000 год. п.н.е.). На почетокот, медицината била смеса од емпиризмот, суеверието и разни теории и хипотези, иако некои познати стари лекари (како Хипократ) покажувале големо критичко мислење и расудување за работите. Постепено, медицината се поставувала на солидни научни основи, служејќи се притоа со сите егзактни науки (физика, хемија, математика, статистика и сл.) како помошни средства. Во XIX и особено во XX век, медицината постигнала голем напредок и нејзината многунасочна природа се угледувала во многубројните нејзини области, кои се однесувале не само на лечење на болестите, туку и на нивното спречување (кјуративна и превентивна медицина), и тоа не само кај луѓето, туку и кај животните (ветеринарна медицина).
[уреди] Гранки на медицината
Според заболувањата, видот на боледувачот, предметот кој се обработува и сл., можат да се разликуваат следните најважни гранки на хуманата медицина:
[уреди] Референци
- ↑ Etymology: Latin: medicina, from ars medicina "the medical art," from medicus "physician."(Etym.Online) Cf. mederi "to heal," etym. "know the best course for," from PIE base *med- "to measure, limit. Cf. Greek medos "counsel, plan," Avestan vi-mad "physician")
- ↑ Online Etymology Dictionary
[уреди] Надворешни врски
- Македонски портал за малигните заболувања „Rak.mk“
- Македонски портал за ментално здравје и психички заболувања
- „Моја медицина“, македонски портал за медицина
|
||||||||