Имунологија
Имунологијата е широка гранка на биомедицината која ги опфаќа сите научни трудови од областа на имунолошкиот систем на сите организми. Се занимава со физиолошкото функционирање на имунолошкиот систем, како во нормална здравствена состојба, така и во состојба на болест и со проблемите кои предизвикуваат нарушување на имунолошкиот систем ( автоимунолошки болести, преголема чувствителност, недостаток на имунитет, отфрлање на пресадени органи), со физичките, хемиските и физиолошките карактеристики, кои се составни делови од in vitro, in situ и in vivo. Имунологијата се применува во неколку научни дисциплини и како таква е дополнително е поделена.
Содржина |
[уреди] Историско испитување на имунолошкиот систем
Дури и пред да биде развиен концептот за имунологија, (од immunis,латински збор за "ослободување"), голем број рани физичари окарактеризираа органи за кои подоцна ќе се докаже дека се дел од имунолошкиот систем. Првично клучни лимфоидни органи на имунолошкиот систем се:тимусот и коскената срж и вторичнo лимфни ткива, како што се: слезина, крајници, лимфни садови, лимфни јазли, аденоиди, кожа и црниот дроб. При варирање на здравствените услови, органите на имунолошкиот систем, вклучувајќи ги тимусот, слезината, делови од коскената срж, лимфни јазли и вторично лимфните ткива можат хирушки да се сечат за испитување додека пациентите се се уште живи. Многу составни делови од имунолошкиот систем всушност имаат клеточна природа и не се поврзани со одреден орган, туку се вградени или циркулираат во повеќе различни ткива кои се наоѓаат низ целото тело.
[уреди] Класична имунологија
Класичната имунологија се врзува за областа на епидемиологијата и медицината. Таа ги проучува врските меѓу системите на телото, патогени и имунолошки. Најраното пишано споменување на имунитетот може да биде проследено наназад од чумата на Атина од 430 година п.н.е. Тукидид забележи дека луѓето кои претходно се имаат опоравено од болестите, можат да ги третираат болните, без страв дека ќе заболат по втор пат. Многу други антички општества упатуваа на овој феномен, но концептот се разви во научна теорија дури во 19-тиот и 20-тиот век. Изучувањето на молекуларните и клеточните делови кои го сочинуваат имунолошкиот систем, вклучувајќи ја нивната функција и интеракција, е централна наука во имунологијата. Имунолошкиот систем е поделен на поедноставен вроден имунолошки систем и стекнати или прилагодливи имунолошки системи на `рбетниците, од кои вториот дополнително е поделен на хуморални и клеточни составни делови. Хуморалната (антитела) реакција е дефинирана како интеракција меѓу антителата и антигените. Антителата се специфични протеини ослободени од одредена класа на имуни клетки (Б лимфоцити). Антигените се дефинирани како нешто што предизвикува генерации на антитела, оттука тие се генератори на антитела. Имунологијата се потпира на разбирање на карактеристиките на овие два биолошки субјекта. Сепак, еднакво важна е клеточната реакција, која не само што може да ги уништи заразените клетки, туку е и од клучно значење во контролата на реакцијата на антителата. Едноставно, двата система се многу независни. Во 21-виот век, имунологијата ги прошири своите хоризонти, со многубројни исптражувања кои беа изведени во нејзини многу поспецифични гранки. Ова вклучува имунолошко функционирање на клетките, органите и системите кои вообичаено не се поврзани со имунолошкиот систем, како и функционирањето на имунолошкиот систем надвор од класичните модели за имунитет ( Јемесерач 2010).
[уреди] Клиничка имунологија
Клиничката имунологија е изучување на болестите предизвикани од нарушување на имунолошкиот систем (слабост, несоодветен систем и малигнен раст на клеточни елементи во системот). Исто така вклучува и болести од други системи, каде што имунолошката реакција игра улога во патологијата и клиничките карактеристики. Болестите предизвикани од нарушување на имунолошкиот систем, спаѓаат во две категории:недостаток на имунитет, во која делови од имунолошкиот систем не успеваат да обезбедат соодветна реакција (на пример хронично грануломатуозни болести(chronic granulomatous desease) и автоимунитет, во која имунолошкиот систем го напаѓа сопственото тело-домаќин ( на пример системски еритоматозен лупус(systemic lupus erythematosus(), реуматоиден артритис(rheumatoid arthritis), Хашимото болест( Hashimoto`s desease) и мијастенија гравис(myasthenia gravis)). Други нарушувања на имунолошкиот систем вклучуваат преголема чувствителност, при што системот одговара несоодветно во однос на безопасните болести (астма и други алергии) или одговара премногу интензивно. Најдобро познатата болест што влијае на имунолошкиот систем е сидата, предизвикана од ХИВ. Сидата е недостаток на имунитет, окарактеризирана со недостаток на CD4 + ("помошни") Т клетки и макрофаги, кои се уништени од ХИВ. Клиничките имунологисти исто така изучуваат начини за спречување на отфрлањето на пресадените органи, во кои имунолошкиот систем се стреми да ги уништи алографтите.
[уреди] Развојна имунологија
Способност на телото да реагира на антигените зависи од возраста на личноста, видот на антигенот, мајчинските фактори и областа каде што антигенот е претставен. Се вели дека новороденчињата се во состојба на физиолошки недостаток на имунитет, бидејќи како нивните вродени, така и нивните стекнати имунолошки реакции се многу поттиснати. Откако ќе се роди, имунолошкиот систем на детето реагира во полза на протеинските антигени, но не и во полза на гликопротеините и полисахаридите. Всушност, голем број од инфекциите кај новороденчињата се предизвикани од ниско вирулентни организми како што се стафилококите и псеудономите. На пример, основното ниво на C3 кај новороденче е околу 65 % од нивото на возрасните. Активноста на фагоцитите кај новороденчињата исто така е нарушена. Иако вкупниот број на лимфоцитите е значително поголем отколку кај возрасните, клеточниот и хуморалниот имунитет исто така е оштетен.
[уреди] Имунотерапија
[уреди] основна тема:имунотерапија
Користењето на составните делови на имунолошкиот систем за лечење на болести или нарушувања е познато како имунотерапија. Имунотерапијата најчесто е употребувана во случај на рак, заедно со хемотерапија (дрога) и радиотерапија (зрачење). Сепак, имунотерапијата исто така често е употребувана при нарушување на имунитетот (како што се ХИВ пациентите)и луѓе кои страдаат од други недостатоци на имунитет или автоимунолошки болести.
[уреди] Дијагностичка имунологија
[уреди] основна тема:Дијагностичка имунологија
Специфичната врска меѓу антителата и антигените има направено одлична алатка во откривањето на супстанции во различноста на техниките за дијагноза.
[уреди] Репродуктивна имунологија
[уреди] основна тема:репродуктивна имунологија
Оваа област на имунологијата е посветен на изучување на репродуктивните гледишта од репродуктивниот процес, вклучувајќи го и прифаќањето на фетусот. Овој термин, исто така, е употребуван и во клиниките за плодност за откривање на проблеми со плодноста, повторливи спонтани абортуси, прерано породување и опасни компликации како што е прееклампсијата.
[уреди] Имунолог
Според Американската академија за алергии, астма и имунологија (ААААИ), " имунолог е истражувачки научник кој го истражува имунолошкиот систем на `рбетниците (вклучувајќи го и човечкиот имунолошки систем). Во имунолози спаѓаат истражувачки научници (Д-р), кои работат во лаборатории. Имунолози се и доктори кои, на пример, третираат пациенти со нарушен имунолошки систем. Некои имунолози се доктори-научници кои го комбинираат лабораториското истражување со грижата за пациентите".

