Психијатрија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Психијатрија (ст. грчки - psyche-душа, iatros-лекар) се дефинира како медицинска гранка која се занимава со настанувањето, развојот и манифестирањето на болестите на човековата личност кои произлегуваат од субјективниот индивидуален живот и неговите односи со околината. Психијатријата претставува медицинска дисциплина која се занимава со дијагностицирање и лекување (фармаколошкитретман, психотераписки техники) на менталните растројства кај луѓето.
Психијатар е доктор на медицина, специалист по психијатрија. Специализацијата најчесто трае 4 години.
Главни клинички манифестации (симптоми и синдроми) на менталните растројства [уреди]
Дескриптивната или феноменолошка психијатрија ги опфаќа психопатолошките карактеристики на менталните растројства групирани во вид на симптоми или синдроми. Не секогаш присуството на некој психопатолошки симптом значи и душевно растројство. Одредени симптоми (па и халуцинациите) можат да се сретнат и кај здрави личности во одредени физиолошки состојби (замор, поспаност, фантазии, страв).
Постојат повеќе поделби на најчестите симптоми во психијатриската практика. Од практични причини најчесто се класифицираат во две спротивставени групи.
- позитивни симптоми (или „плус“ како уште се нарекуваат), многу подобро реагираат на фармакотерапијата од негативните и тие опфаќаат: психомоторна возбуда, агитираност, халуцинации и делузивни (налудничави) идеи.
- негативни симптоми - овие симптоми се порезистентни (отпорни)на класичната невролептична терапија и меѓу нив доминираат: афективна тапост (атимија), безволност (ахормија), аутизам и други.
Надворешни врски [уреди]
Користена литература [уреди]
- Проф. д-р med.sci. Георги Чадловски - Психијатриско-дијагностички тераписки прирачник, Просветно Дело, 1999 година, Скопје, Македонија.